Левица: ВМРО-ДПМНЕ го одби нашиот амандман за ин-витро ваучери


Во низата амандмани кон Предлог-Буџетот за 2026 година, Левица бараше да се зголеми буџетската ставка за биомедицински потпомогнато оплодување за дополнителни пет милиони евра. Причината е едноставна – Македонија се соочува со пад на наталитетот, а една од причините е и здравствената дисфункција која спречува многу семејства да добијат свое дете. Во такви услови, програмата […]

Левица предлага формирање градско енергетско претпријатие во Скопје


Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за формирање на градско енергетско претпријатие „Енергија Скопје“ ДООЕЛ, чија цел е Градот Скопје конечно да ја намали зависноста од скапото купување електрична енергија и да обезбеди сопствено производство од обновливи извори, се вели во партиското соопштение. Градот Скопје и јавните претпријатија во моментов […]

За Левица предложениот Буџет е „ризичен“, ја турка држава во нов циклус на задолжувања


Буџетот од 6,7 милијарди евра, најобемен во историјата на Македонија, кој како „развоен и стабилизациски“ документ до Собранието го достави владата на ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ не само што не е развоен, туку е длабоко потрошувачки и ризичен документ кој ја турка државата во нов циклус на задолжување без реален економски раст. Вака планираниот не […]

Гласаа за Мециновиќ, а Левица уште првата вечер одврати многу од гласачите на СДСМ


  Кога добриот резултат ќе се претстави како триумф, тогаш и однесувањето во тој „триумф“ станува специфично. Чудно, па и политички хазардерско. Кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, е еден од победниците на овие локални избори, иако тој ја загуби трката. Тој изгуби со 34.000 гласови разлика од Орце Ѓорѓиевски (ВМРО-ДПМНЕ), иако […]

Почина момчето кое со мотор удри во џипот на Сашко Јанчев од Левица


Момчето од Идризово кое со мотор удри во џипот на пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, починало вчера како последица на повредите од сообраќајката. Сообраќајката се случи во Марино – Општина Илинден, а во неа со тешки телесни повреди се здобија 16 годишното момче кое беше возач на мотоциклот и неговата 13-годишна сопатничка. Јанчев со сопатникот […]

Левица: ОБСЕ нотира цензура кон Левица во предизборниот период


Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), преку Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР), го поднесе преодниот извештај за локалните избори што се однесува на периодот од 5 септември до 1 октомври 2025 година. Во извештајот, меѓу другото, е нотирана и цензурата кон партијата Левица во однос на политичкото рекламирање, се вели […]

ОБСЕ/ОДИХР ќе ја истражува цензурата на ААВМУ врз Левица – тие ја селат кампањата на улица (видео)


Кампањата за локалните избори официјално започна во понеделникот, но партијата Левица не смее да се рекламира во медиумите поради скандалозна одлука на ААВМУ, за што е известен и набљудувачот на изборниот процес, ОБСЕ-ОДИХР. Со адвокатката Катерина Јовановска како претставник на правниот тим на Левица, оваа партија оствари средба со правниот аналитичар во ОБСЕ-ОДИХР, Радивоје Грујич. […]

Пратеничката Мојсоска кандидат на Левица за градоначалник на Струга, партијата ги соопшти и имињата за Тетово и Гостивар


Со особена чест и одговорност најавуваме дека во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е единствената  парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници, наведува Левица во соопштение.  Во Општина Струга, кандидат за градоначалник е актуелната пратеничка во Собранието на Република Македонија, Јована Мојсоска – дипломирана на Факултетот за безбедност […]

Левица за градоначалник на Битола ќе го поддржи независниот кандидат Зоран Николовски


БИТОЛА- Партијата Левица јавно даде поддршка за независниот кандидат за градоначалник за Битола, Зоран Николовски. Денеска веста ја објави советникот Горан Велевски со заедничка фотографија на која на Широк Сокак се седнати на кафе кандидатот Николовски, пратеничката Јована Мојсовска и битолските советници на Левица, Велевски и Гаврил Трајковски. -Почитувани битолчанки и битолчани, чест ни е […]

Левица со кандидати за градоначалници во пет скопски општини


  Поранешниот декан на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ при УКИМ во Скопје проф. д-р Јане Ацевски е кандидат за градоначалник на општина Кисела Вода од Левица. Адвокатот Александар Димитриевиќ е кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров; актуелниот директор на КИЦ-Скопје, Антонио Димитров, е кандидат за градоначалник на општина […]

Левица: Министерката Кочоска ги укина надоместоците за плата до избори


Деновиве во сите државни институции било истакннато соопштение дека на работниците нема да им се исплатуваат додатоци и надоместоци од плата, поради изборниот процес за локалните избори!, соопшти Левица. Ова значи дека работниците во јавниот сектор нема да добијат додатоци и надоместоци за плата, кои се однесуваат на работа за празник, ноќна работа, работа во […]

Левица: Растот на платите постои во табелите на ДПМНЕ, а не во паричниците на мнозинството работници


Тврдењето дека „растот на реалната плата“ е двојно зголемен за една година владеење на ДПМНЕ, а инфлацијата е „стабилизирана“ како што изнесува на прес-конференции пратенкот Бојан Стојаноски, е политичка манипулација и целосно игнорирање на реалноста во која живеат над половина милион работници во Македонија, стои во соопштението на Левица. Од партијата посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ја […]

Левица поднесе интерпелација за републичкиот јавен обвинител Коцевски


Пратеничката група на Левица поднесе интерпелација против републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски поради нефункционалност и политички влијанија врз работата на Основното јавно обвинителство, информираше денеска на прес-конференција пратеникот од редовите на Левица Сашко Јанчев. Како што појасни, интерпелацијата се темели на четири основи – селективна истрага за пожарот во Кочани; политичко влијание во работата на […]

Левица: Кадар на ДУИ именуван за заменик-директор на АНБ


Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ го именувала Бесник Ферати на позицијата заменик-директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), соопштија од Левица. Во партиското соопштение до медиумите се вели дека Бесник Ферати како кадар на ДУИ беше заменик и на претходниот директор Еролд Муслиу кој го следа бројни скандали, а за кои ревносно реагираа токму […]

Левица: Успешен третиот обид за надзорна расправа во Кочани


На седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот – со која претседава претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев –  усвоена е иницијативата за надзорна расправа за Кочани поднесена од истата партија. Од Левица велат дека пратениците на ДПМНЕ и ЗНАМ повторно координирано се обиделе да го опструираат барањето […]

Собраниската седница одложена за еден час, Левица и денеска бара одговори за патните трошоци и кирии на пратениците


По барање на пратеничката група на „Левица“ денешната 54. собраниска седница е одложено за еден час. Пратеникот на Левица, Борислав Крмов побара пауза од еден час бидејќи, како што рече, се уште не добиле одговор на доставеното барање на пратеничката Јована Мојсоска во јануари во кое се бараат исплатените патни трошоци и кирии за 2024 […]

Левица поднесува закон за зголемување на минималната плата на 500 евра


Пратеничката група на Левица, преку пратеникот Амар Мециновиќ, денеска на прес-конференција најави предлог за измени на Законот за минимална плата со кој се бара зголемување на минималната месечна плата на 30.000 денари, почнувајќи од јули 2025 година. Предлогот, како што истакна Мециновиќ, е изготвен во согласност со барањата на синдикатите и е одговор на тешката […]

Левица обвинува дека МВР склучила договор со фирма со блокирани сметки


Политичката партија „Левица“ денеска преку соопштение изрази загриженост за начинот на кој, како што велат, Министерството за внатрешни работи спроведува јавни набавки, претворајќи ги институциите на државата во алатка за фаворизирање на приватни интереси и злоупотреба на буџетски средства. Од партијата посочуваат дека МВР склучила договор со битолска компанија со три блокирани сметки од 2023 […]

Левица: ВМРО-ДПМНЕ во својот имотен лист има запишано неверојатни 102 имота


Политичката партија Левица денес преку соопштение тврди дека ВМРО-ДПМНЕ во својот имотен лист има запишано неверојатни 102 имота распоредени на атрактивни локации низ цела држава. „Кога ќе се погледнат добро 102-та имотни листа, во нив ќе се видат не само објекти, туку и шуми, ливади, пасишта, ниви!? Имајќи ја предвид нивната мегаломанска бела палата и […]

Левица предлага намалување на патарините за 50 отсто


Пратеничката група на Левица предлага измени и дополнувања на Законот за јавните патишта со кои ќе се овозможи намалување на цените на патарините за 50 отсто и законска регулација на висината на патарината и нивната наплата, изјави пратеникот Амар Меџиновиќ. -Со години македонските граѓани плаќаат високи цени за патарини, додека патиштата остануваат во катастрофална состојба. […]