Две недели по автобуската несреќа: Патниците сведочат, виновник нема


Две недели по трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, надлежните сè уште немаат одговор на клучното прашање: што беше причината што автобусот на „Дурмо турс“ излета од патот и однесе во смрт петнаесет патници. Од Основното јавно обвинителство велат дека истрагата е во тек, трае сослушувањето на патниците, но нивните искази не може да се […]

ЈО знае за заканите на возачот од автобуската несреќа кај Ласкарци


Возачот на автобусот од трагичната несреќа кај Ласкарци бил мета следење и на закани по животот – ова денеска го обелодени ОЈО. Првиот човек на оваа институција Љубомир Јовевски апелираше да се почитува пресумпцијата на невиност бидејќи и возачот бил дел од несреќата. Јовески посочи дека истрагата се уште е во тек, се сослушуваат сведоци, […]

Јовески: Се прибираат докази за несреќата кај Ласкарци


Обвинителството не може конкретно во овој момент да ја посочи одговорноста на лице за сообраќајната несреќа кај Ласкарци, се прибираат докази и во оној момент кога ќе ги обезбедат вештачењата и сообраќајното и техничкото ќе донесе соодветна обвинителска одлука, информираше државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на денешната заедничка прес-конференција со обвинителката Вилма Русковска од Основното јавно обвинителство […]

Идентификувани девет жртви од автобуската несреќа кај Ласкарци


Идентификувани се девет од четиринаесет жртви кои ги загубија своите животи во трагичната автобуска несреќа на патот Скопје-Тетово. Ајден Исмаили Зоран Давидовски Раметула Абдурахими Јовица Трпевски Онур Садику Бесим Камбери Бобан Аврамовски Есад Емрули Павле Костовски Во трагичната сообраќајна несреќа животот го загубија 14 лица, а со повреди се здобија над триесетина.

Тешката сообраќајка кај Ласкарци меѓу првите вести во регионот


Медиумите од регионот јавуваат за вчерашната тешка сообраќајка што се случи на патот Скопје – Тетово и во која, засега, според официјалните информации, има 14 загинати лица. „Протекуваат детали за страшната несреќа во која загинаа најмлку 14 лица“, „При превртување на автобус во Македонија 14 мртви: Уште четири лица се борат за живот“, „Објавена причината […]