Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија


Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима. Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг. „Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не […]

Смртоносни лавини во Австрија: Три лица загинаа


Еден Холанѓанец и двајца Германци загинаа во десетици лавини во Австрија, а уште двајца холандски државјани се повредени, објави австриската полиција. Согласно австрискиот центар за итни случаи, повеќе од 30 лавини се регистрирани само во Тирол во среда. Двајца од загинатите се од германската покраина Баден-Виртемберг, изјави портпарол на полицијата, пренесува јавниот сервис ZDF. Полицијата […]

(Видео) Драматични снимки од Италија: Снег и мраз се пробија низ борови дрвја, закопувајќи ги преплашените скијачи


Моќна лавина се сруши по стрмна падина во близина на италијанскиот скијачки центар Курмајор во вторник, а драматични снимки од инцидентот се проширија на социјалните мрежи. Видеото е снимено од скијачи кои биле во близина во тој момент. Засега нема официјални информации за повредени. Снимките покажуваат голема маса снег и мраз како се спушта низ […]

Пет жртви во две лавини во Австрија, тројца тешко повредени


Пет лица загинаа, а тројца се тешко повредени во две одделни лавини во австриските Алпи, соопштија спасувачките служби. Несреќите се случиле во саботата, 17 јануари, во покраината Салцбург – една во високогорскиот дел над долината Гросарл, а друга во поширокиот реон на Бад Хофгастајн. Според првичните информации, попладнето лавина затрупала седум лица на врвот Финстеркопф, […]

Двајца планинари загинаа во Алпите


Лавини во италијанските Алпи во петокот однесоа најмалку двајца животи и повредија неколку други, а спасувачките операции беа отежнати од силните ветрови. Првата лавина ја погоди југозападната алпска долина Маира во регионот Пиемонт во Италија, во близина на француската граница. Локалните власти соопштија дека едно лице загинало, а две други се повредени, од кои едно […]

Лавина затрупа луѓе во Австрија, хеликоптери го надлетуваа теренот


Драматична спасувачка операција е во тек во Тиролските Алпи откако се стравува дека три лица се закопани под снегот по лавина. Инцидентот се случил на глечерот Штубаер, наводно надвор од уредените патеки. Лавината започнала околу 10 часот наутро, а се стравува дека три лица се закопани. На местото на настанот се неколку екипи за планински […]

Швајцарска олимпијка (26) трагично загина во лавина


Швајцарската сноубордерка Софи Хедигер, која има два подиуми од Светскиот куп и се натпреваруваше на Олимпијадата во 2022 година, загина во лавина во понеделникот во Ароса, источна Швајцарија, соопшти во вторникот Швајцарската скијачка федерација. Младата жена, која беше членка на националниот сноуборд-крос тим, штотуку го прослави својот 26-ти роденден на 14 декември. Таа минатата зима […]

Лавина затрупа тунел во Италија (Фото)


Во текот на раните попладневни часови, лавина затрупа тунел во италијанскиот планински регион Вале д’Аоста. Огромна маса снег стигна до патот и целосно го блокираше влезот во тунелот. Надлежните наведуваат дека нема жртви. Некои патишта во регионот веќе неколку часа се затворени поради снег и опасност од лавини. „Лавината стигна до тунелот пред еден час, […]

Лавина во Кина зароби 1.000 луѓе, снегот е висок 7 метри


Околу 1.000 туристи останаа заробени во зафрлено туристичко село откако лавини го погодија северозападниот кинески регион Ксинџијанг со метри снег и променливо време што ја отежнува евакуацијата, објави во вторникот државната телевизија. Патот до селото Хем, живописна дестинација во близина на границите на Казахстан, Русија и Монголија, каде што беа заробени туристи, веќе неколку дена […]

Двајца планинари загинаа на Алпите, беа погодени од голема лавина


Двајца планинари ги загубија животите на италијанските Алпи во близина на Швајцарија, откако беа фатени во лавина. Италијанската алпска спасувачка служба соопшти дека лавината удрила на надморска височина од 2.200 метри во неделата околу пладне. Телото на едното лице лавината го турнала во езерото во близина на дното на планината, додека другото било пронајдено закопано […]

Италија: Спасувачките екипи ги извлекоа телата на тројца студенти затрупани во лавина


Спасувачките тимови ги извлекоа телата на тројца студенти кои беа зафатени од лавина на северозападната граница на Италија со Франција додека тренираа за планински водичи. Националниот алпски спасувачки корпус вчера ја прекина потрагата поради лошите временски услови по лавина во Вал ди Ремо, во близина на планинскиот венец Гран Парадизо, во долината Аоста, пренесе АП. […]

Петнаесет загинати во лавини во источен Таџикистан


Бројот на загинати во серијата лавини во источен Таџикистан во изминатите два дена се зголеми на 15, соопшти денеска Владата во Душанбе. Повеќе од 400 семејства беа евакуирани од своите домови, а повеќето од лавините го погодија автономниот регион Горно-Бадакшан, кој граничи со Кина и Авганистан, информираа од Владата. Во соопштението се наведува дека лавини […]

(Видео) Лавина на Хималаите уби двајца полски туристи, 19 се затрупани


  Двајца скијачи загинаа, а 19 некое време биле затрупани од снег, откако лавина погоди популарно скијалиште на Хималаите. Огромна лавина зафати 21 трурист и двајца водачи од Кашмир. Загинаа двајца скијачи од Полска, а спасувачките екипи ги извлекле останатите туристи. „Туристите скијале во планините близу градот Гулмарг. Покренавме акција за спасување. Досеха пронајдовме две […]

Снежна лавина уби светски шампион во скијање


Во снежна лавина во Јапонија, на 32-годишна возраст, животот го загуби поранешниот светски шампион во халф-пајк скијање, Кајл Смејн. Смејн скијал на планината Хакуба Норикура во Јапонија каде што бил со уште тројца пријатели. Во еден момент почнала лавина која ги затрупала, а покрај Смејн загинал и уште еден негов пријател. „Беше навистина кошмаp. Aдам, […]

Снежна лавина во Словенија, повреден скијач


  Горската служба за спасување на Словенија на Фејсбук објави дека вчера се случила лавина на надморска височина од 1.600 метри, а еден скијач завршил под снегот со повреди. „Почна лавина и еден од четвроица туристи скијачи заврши затрупан во лавината. Среќа е што тогаш немало многу скијачи на патеката. Спасувачите од Госката служба за […]

Десет луѓе затрупани во лавина во Австрија


Лавина денеска затрупа околу десет лица во ски-центар во Австрија, јавува австриската новинска агенција АПА. Лавина со снег затрупа дел од ски-центарот Лех/Цуерс во западна Австрија, соопшти АПА, додавајќи дека едно лице е спасено. Несреќата се случила околу 15 часот, а на местото веднаш биле испратени неколку хеликоптери со спасувачки екипи. „Правиме сè што е […]

Евакуација во Алјаска поради огромна лавина


 Евакуација е наредена за жителите на предградие на Енкориџ во Алјаска, откако огромна лавина го затрупа патот. Се очекуваат и други лавини. Градоначалникот на Енкориџ, Дејв Бронсон во текот на вчерашниот ден издаде налог за евакуација. Тој изјави дека има „сериозна и непосредна закана по здравјето, безбедноста и благосостојбата на граѓаните“ во подрачјето на реката […]

Еден мртов, тројца повредени во лавината на Алпите


Еден од четворицата скијачи повредени во лавината во швајцарското скијалиште Кран-Монтана му подлегна на повредите, соопшти полицијата. Потрагата која траеше цела ноќ по останати можни затрупани, беше прекината утрово. „Лицето кое беше тешко повредено умре синоќа во болница. Се работи за Французин стар 34 години“, напиша полицијата на кантонот Вале преку твитер. Лавината се одронила […]

Спасени четворица од скијачите затрупани од лавина на швајцарските Алпи


Спасувачките екипи успеаја да спасат четворица од групата скијачи, кои вчера беа затрупани при одрон на лавина во близина на шварцарскиот скијачки центар Кран Монтана. Како што соопшти денеска полицијата на кантонот Вале, во кој се наоѓа ски-центарот, еден од спасените скијачи е во критична состојба, додека останатите тројца минале со полесни повреди. Лавината се одронила во […]

Лавина во Брезовица, загина косовски заменик-министер


Заменик-министерот за дијаспора и стратешки инвестиции Аријан Даци загина во лавина кај Брезовица. Несреќата се случила во близина на ски-центарот „Брезовица“. Смртта на Даци, кој е син на некогашниот претседател на косовскиот Парламент Неџад Даџи, ја потврдија и претставници на Владата во Приштина.