КХВ – единствен регулатор од земја надвор од ЕУ во Меморандум за соработка на пазарите на капитал


Претседателката на Комисијата за хартии од вредност Бујаре Абази денеска во Блед заедно со регулаторите на пазарите на капитал од Унгарија, Полска, Романија, Словачка, Хрватска, Словенија и од Бугарија, потпиша Меморандум за соработка на пазарите на капитал. – Комисијата за хартии на Република Северна Македонија е единствен регулатор на земја која не е членка на […]

Комисијата за хартии од вредност потпиша меморандум со Комисијата за пазар на капитал на Црна Гора


Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на Република Северна Македонија и Комисијата за пазар на капитал на Република Црна Гора денеска во Скопје потпишаа меморандум за разбирање, со кој се воспоставува рамка за унапредување на меѓусебната соработка и размена на информации во областа на надзорот и регулирањето на пазарите на капитал. Во меморандумот се предвидува […]

КХВ и издаде дозвола на Комерцијална банка за давање понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола


Комисијата за хартии од вредност (КХВ) денеска на седница донесе решение со кое на Комерцијална банка АД Скопје и издаде дозвола за давање понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола.   Понудата за преземање се однесува на 390.977 обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола, кои претставуваат 100 проценти […]

КХВ ја одобри првата општинска обврзница на домашниот пазар на хартии од вредност


  Комисијата за хартии од вредност (КХВ) денеска донесе Решение со кое на Општина Штип и даде одобрение за издавање долгорочни должнички хартии од вредност по пат на јавна понуда. Ова е прва емисија на општински обврзници на домашниот пазар на капитал, со која се збогатува понудата на финансиски инструменти кај нас. Емисијата се врши […]

КХВ предлага оданочувањето на капиталните добивки да се одложи за уште една година


  Првиот човек на Комисијата за хартии од вредност, Нора Алити, денеска предложи оданочувањето на капиталните добивки да се одложи за уште една година. Зборувајќи на 21. Годишна конференција на Македонската берза што денес се одржува во Охрид, таа предлогот го образложи со потребата да се поедностави постапката. „Дел на сега важечкиот Закон на данок […]

Три децении Комисија за хартии од вредност: Финансискиот систем успешно одговори на кризата


Финансискиот систем успешно одговори на заканите од ковид-кризата и е подготвен да се справи и со натамошни предизвици, истакна премиерот Димитар Ковачевски на одбележувањето на јубилејот – 30 години од основањето на Комисијата за хартии од вредност. Тој посочи дека финансиските регулатори, меѓу кои и КХВ, внимателно ги следеа состојбите, ги приспособуваа своите политики и […]

Во друштвата за управување со инвестициски фондови и во брокерските куќи кај нас нема руски капитал


Ескалацијата на руско-украинскиот конфликт и предизвиците кои овие случувања ги наметнаа пред се, на енергетски план, генерално гледано доведоа до првични негативни рефлексии врз тргувањето на Берзата, проследено со одраз на цените на акциите, кои се движеа од првичен и еднократен пад од 8,39 отсто на МБИ 10 на берзанскиот ден кога започнаа воените дејствија, […]

КХВ даде одобрение: Владата ќе го докапитализира МЕР за еден милион евра


Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија денеска му даде одобрение на АД за вршење на енергетски дејности ,,Македонски енергетски ресурси“ Скопје да издаде долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Станува збор за 10390 обични акции во вкупен износ од 1.039.000 евра. Оваа петта емисија на обични акции се врши со […]