Обвинителството се вади на МВР и АНБ по гневот во јавноста за куќниот притвор на Груби


  По големата бура во јавноста по одлуката поранешниот вицепремиер Артан Груби да оди во куќен притвор наместо затворски, Јавното обвинителство на Македонија даде објаснување зошто се одлучило на таков предлог. Главната причина била неможноста да се гарантира безбедноста на Груби во „Шутка“, а тоа го сугерирале МВР и АНБ. Артан Груби вчера ѝ се […]

Мерка куќен притвор за жител на Дреново осомничен за обид за силување


 Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донел Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен жител на Дреново, осомничен дека сторил кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик. Како што информираат од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, на 18 ноември, со употреба на […]

Предложен куќен притвор за насилникот врз новинарска екипа


  Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 67-годишно лице осомничено за насилство врз новинарска екипа. – Пријавениот, на 14 ноември, со грубо навредување и грубо насилство ја загрозил сигурноста на снимател од новинарска екипа, додека кај присутните сведоци – новинар и возач на телевизиската екипа предизвикал чувство на несигурност, загрозување и […]

Мијалков излегува од Шутка


Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков заминува од затворот во Шутка, откако Апелацискиот суд му ја промени мерката за обезбедување и наместо затворски притвор му одреди куќен притвор. Исто така куќен притвор му е определен и на поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими. На двајцата обвинети им беше определен притвор по изрекувањето на пресудата […]

Куќен притвор за Александар Јаневски – Тошта


На Александар Јаневски Тошта, кој е обвинет за обидот за убиство на Зијадин Села му се заменува мерката притвор со куќен притвор. – Кривичниот совет на Основниот суд Скопје го уважи предлогот на одбраната на А.Ј. за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор и по правосолноста на решението тој ќе излезе од затворот „Шутка“, […]

Куќен притвор за комичарот Бил Козби


На комичарот Бил Козби му е одреден куќен притвор во неговиот дом во Филаделфија додека не се донесе конечна пресуда по обвинението за сексуално злоупотребување. По наредба на судија, Козби мора да носи и џи-пи-ес уред за следење. Откако Козби беше осуден по три точки од обвинението за дрогирање и злоупотреба на неговата поранешна пријателка […]

ВМРО-ДПМНЕ: Не баравме потписи од пратениците во куќен притвор


Барањето за интерпелација за работата на Владата, која што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе до Собранието без потписи од сите пратеници, предизвика реакции во јавноста околу евентуалното неединство во опозицијата. Документот го потпишаа 41 пратеник од вкупно 48 колку што во моментов има коалицијата „За подобра Македонија“ откако тројца пратеници преминаа на страната на власта. Од ВМРО-ДПМНЕ […]

Актерот Владо Јовановски излегува од затвор


Актерот Владо Јовановски, излегува од затвор и отсега натаму ќе биде во куќен притвор, одлучил кривичниот совет на скопска Апелација. Од друга страна, пратеникот на ВМРО–ДПМНЕ, Крсто Мукоски, останува во притвор во Шутка. Апелациониот суд го одби неговото барање мерката да му се ублажи со куќен притвор. Пред апелационите судии Мукоски се пожали дека сериозно […]

Oсомничените кои беа во куќен притвор, синоќа повторно приведени


Кривичниот совет, според неофицијални информации , ги прифатил жалбите на Јавното обвинителство за домашниот притвор на двајца осомничени за  настаните на 27 април во Собранието и тие се приведени. Одредени медиуми јавуват дека М.П. од Кавадарци, поранешен раководител на одделот за посебни единици во полицијата и Е.Д.Б, секретарката на поранешниот претседател на Собранието вечерва се […]