Крушево е европски центар на параглајдингот: 130 пилоти од 38 земји летаат за европска титула


Крушево деновиве повторно живее со параглајдингот. Од 8 до 19 август, Крушево е домаќини на 18. FAI Европско првенство во параглајдинг, еден од најзначајните меѓународни настани во дисциплината Paragliding Cross Country. На првенството учествуваат 130 пилоти од 38 земји. Заедно со тимовите и придружниот персонал, во Крушево се присутни повеќе од 200 учесници директно поврзани […]

Во Крушево почнува манифестацијата „10 Дена Крушевска Република“


Со кревањето на знамето на Крушевската Република на Гумење и свечена програма, вечер во Крушево почнува традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“, со која стартуваат чествувањата по повод Илинден – Денот на Републиката и 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Програмата започнува претпладне со положување цвеќе на гробот на Дамјан Груев, по што делегација […]

Во Крушево останува забраната за водатата за пиење


Сѐ уште е на сила забраната за пиење и домашна употреба на водата во Крушево откако Центарот за јавно здравје од Прилеп констатира дека бактериолошки е неисправна. Така ќе биде додека не стигнат сите три последователни примероци за анализа, потврдуваат од Центарот. Причината за ваквата состојба е прекин во работата на системот за хлорирање, предизвикан […]

Предупредување за крушевчани: Превривајте ја водата од градскиот водовод


Центарот за јавно здравје – Прилеп информира дека водата за пиење од градскиот водовод во Крушево е бактериолошки неисправна, поради што на жителите им се препорачува за пиење да користат исклучиво пакувана вода. Од ЈП „Комуна“ – Крушево соопштија дека водата од градскиот водовод може да се користи за лична хигиена, подготовка на храна, перење […]

Во Крушево наврнаа 34 литри дожд на метар квадратен во изминатите 24 часа


Во Крушево во изминатите 24 часа заклучно со 8 часот наврнале 34 литри на метар квадратен, во Пожаране 8, Виница 6, Прилеп, Попова Шапка, Скопје – Зајчев Рид и Претор, 4, Тетово, 3,  и по 1 литар во Гевгелија, Маврови Анови, Крива Паланка и Битола, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).  Изутринава во […]

Отворање на Новогодишен базар, пристигнување на Дедо Мраз и осветлување на чаршијата во Крушево


Здружението Културен манифест, со поддршка на општина Крушево, неформална група на граѓани, Локален младински совет и многу компании од вечер до 6 јануари го организираат настанот „Празничен шепот на крушевската чаршија“. Настанот почнува со музичко сценска изведба во 18 часот, по што ќе следи осветлувањето на крушевската чаршија, отворање на Новогодишен базар и пристигнување на […]

Најстудено во Крушево и Маврови Анови, дневната температура до 15 степени


Најниска температура утрово е измерена во Крушево и Маврови Анови, -1, по што следуваат Охрид и Куманово, 0, Претор,1, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Крива Паланка, 2, Прилеп и Берово, 4, Тетово, Битола, Штип, Виница, Велес и Гевгелија, 5, Кавадарци,6, Демир Капија и Струмица со 7, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што најави УХМР, […]

Христоски: Да го продолжиме развојот, нов капитален проект за секое населено место во Крушево


Да го продолжиме развојот, да ја зајакнеме општината и да обезбедиме подобар живот за секој жител на Крушево, порача кандидатот за градоначалник на СДСМ, Томе Христоски, на средбата со жителите во селото Јакреново, информира денеска СДСМ во соопштение . Тој посочи дека во изминатите години, како во градот, така и во сите населени места, се […]

Крушево влезе во „Топ 100 зелени дестинации“ во светот


Општина Крушево влезе на листата „Топ 100 зелени дестинации“ во светот за 2025, заедно со туристички места од САД, Чиле, Франција, Шведска, Словенија, Јапонија. Изборот го направи меѓународната организација „Грин дестинејшн“ (Green Destination), која ги поддржува местата со одржлив туризам и екологија. Признанието деновиве во Монпелје, Франција го примија Татјана Хасану, раководителка на Одделението за […]

Крушево си го бара „Македониумот“ под општинска закрила


  БИТОЛА – Реакциите во јавноста се огромни за состојбите во кои е доведен грандиозниот споменик „Македониум“ во Крушево, кој е можеби најзначајниот белег на борбата за независност на Македонија. И денеска во внатрешноста од споменикот имаше насобрано вода, од  сабајлешните врнежи од дожд, па фотографии од вирчињата со протечена вода на подот, на кои […]

(Видео) Филипче од Крушево: Илинден е нашиот темел – заедно да ја продолжиме борбата за Македонија!


Лидерот на СДСМ, денеска од Крушево, на одбележувањето на 122 години од Илинденското востание и 81 година од Првото заседание на АСНОМ, го честита празникот. „Го честитам празникот Илинден од историското и храбро Крушево, од каде што тргна револуцијата, од каде што тргна големата борба, епопејата за слободна, независна држава. Денеска ги славиме и двата Илиндени, […]

ЈП за Државни патишта: Градежните работи на патот Прилеп-Крушево ќе завршат до 25 мај


Инвеститорот на градежните работи на регионалниот пат Прилеп-Крушево бара трпение од локалното население, зашто градежните работи на делницата на патот ќе завршат до 25 мај и тој повторно ќе биде ставен во функција. Ова по протестите на жителите и блокадата на натот кои бараат друго, прифатливо решение за да не се блокира, како што велат, […]

Поради протест, блокиран сообраќајот во двата правца на патот Прилеп-Крушево


Во 08.50 часот започнат е јавен собир на регионалниот пат Прилеп-Крушево кај село Врбјани, Општина Кривогаштани, информираа од АМСМ. – Граѓани протестираат поради изведување на градежни работи на патот со кои треба да се руши мост поради што во овој период ќе им се отежни работата на земјоделците. Од 09:10 часот сообраќајот е блокиран во […]

Најмногу дожд во Крушево, времето денеска нестабилно, наместа со поројни врнежи и грмежи


Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крушево, 26 литри на квадратен метар. Според мерењата на УХМР за наврнат воден талог  во изминатото деноноќие, до 8 часот се измерени 13 литри на квадратен метар во Крива Паланка, 10 во Штип, 8 во Скопје – Петровец, 7 во Демир Капија, 6 литри во Берово, 5 […]

Крушево очекува обиколница преку унгарскиот кредит за развој на алтернативниот туризам


Обиколницата на Крушево ќе овозможи градот да биде центар за развој на, главно, авантуристичкиот туризам, по што е најпознат во светот. Тоа е еден од четирите проекти со кои градот бара средства од 1 милион и 130 000 евра од унгарскиот кредит преку Министерството за локална самоуправа за оваа година. Ќе бидат поврзани скијачките терени […]

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“


 Со подигнување на бајракот на Републиката, со симболично испукување на црешовото топче и со читањето на Крушевскиот манифест, синиќа на Гумење во Крушево свечено беа отворени научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“ со што и започна чествувањата за големиот Илинден и 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република. На чествувањето покрај повеќе гости присуствуваше […]

За Илинден до Крушево да се користат патните правци преку Битола и Кичево


Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2-ри Август – Илинден, кој традиционално се одбележува во Крушево, ги известува граѓаните дека поради изведување градежни работи за санација на регионалниот пат Р-1306, делница Прилеп – Крушево, патот е затворен за сообраќај во делот од село Горно Коњари до село Кривогаштани. За доаѓање на […]

Во Крушево почнуваат чествувањата за 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република


Со низа свечености денеска во Крушево почнува чествувањето на 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република. Синоќа во крушево пристигнаа коњаниците од сите страни на Македонија. Денеска од 10 часот делегации ќе ги посетат Спомен куќата на Смилевскиот конгрес и споменикот на Дамјан Груев, каде ќе се поклонат и ќе положат свежи цвеќиња. Во […]

До Крушево за 2 Август само преку Битола и Кичево


Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2-ри Август, кој традиционално се одбележува во Крушево ги известува граѓаните дека поради изведување на градежни работи за санација на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Крушево, поради што истиот е затворен за сообраќај во делот од село Горно Коњари до село Кривогаштани. За доаѓање […]