Во национален парк на Крит убиле заштитено животно, го испекле и го изеле


Грчките власти истражуваат сериозни обвинувања дека работници во приватна компанија во Националниот парк Самарија на Крит убиле заштитена кри-кри дива коза, ја испекле и ја изеле за време на градежните работи во заштитеното подрачје. Грчките власти истражуваат по дојава дека работници во приватна компанија наводно убиле заштитена критска дива коза, ја испекле на ражен, а […]

Двајца пожарникари загинаа за време на гаснење пожар на грчкиот остров Крит


Двајца пожарникари го загубија животот на грчкиот остров Крит за време на гаснење на пожар во близина на градот Ретимнос, а неофицијално со нивното возило се заглавиле меѓу огнените јазици, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот во близина на Ретимнос избувна околу 14.30 часот во ниска вегетација, а во гаснењето интервенираат 110 пожарникари со […]

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит


Со едногласна заедничка одлука на истражниот судија и јавниот обвинител, на македонскиот државјанин, кој ја уби 45-годишната жена на Крит и го призна убиството, денеска му беше одредена мерка притвор, јави дописничката на МИА од Атина. Убиството беше извршено на денот кога исчезна жената, на 30 мај годинава, но беше расветлено минатата недела, кога 43-годишниот […]

Уапсени 20 лица на грчкиот остров Крит за скандалот со европските субвенции


 Во делови на грчкиот остров Крит, уапсени се 20 лица, членови на криминална организација за измами поврзани со европските земјоделски субвенции, со нанесена штета од над три милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција информираа дека од рано утрово во тек е акција за разбивање на конкретната криминална организација чии членови […]

Силен земјотрес јужно од грчкиот остров Крит


Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтер беше регистриран кусо пред 6.30 часот утрово по локално време во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит, а засега не се пријавени некакви проблеми, јави дописничката на МИА од Атина. Според Геодинамичкиот институт, епицентарот бил во морската област седум километри југозападно од крајбрежниот град Гудура […]

Турција се противи Грција да истражува јаглеводороди во близина на Крит


Турција  се спротивставува на одлуката на Грција да истражува јаглеводороди јужно од Крит, соопшти Министерството за одбрана во четврток, нарекувајќи го потегот на Атина повреда на турско-либискиот договор за поморските граници. Конзорциум предводен од американскиот нафтен гигант „Шеврон“ потпиша договор во понеделник за пребарување на природен гас во длабокото море во четири блока, јужно од […]

Пекол на Крит: Илјадници луѓе бараат евакуација по катастрофалниот пожар


Голем пожар во источен Крит, Грција, предизвика евакуација на илјадници луѓе и предизвика голема штета на домовите и бизнисите, додека силните ветрови продолжуваат да ги попречуваат напорите на пожарникарите да го стават пожарот под контрола. Пожарот, кој избувна во среда попладне во близина на селото Ахлија, брзо се прошири низ шумски и планински терен поради […]

Дебел слој сахарска прашина го покри Крит, луѓето да не излегуваат


Дебел слој сахарска прашина покри делови од Крит и создаде речиси надреална сцена во Ираклион и Ханија, каде што небото стана портокалово, а воздухот стана задушлив. Прашината во комбинација со високи температури и повремени дождови го отежнуваат дишењето и секојдневните активности. Дирекцијата за цивилна заштита на регионот Крит ги повика граѓаните да избегнуваат излегување, особено […]

Земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди грчкиот остров Крит


Земјотрес со јачина од 6,1 степени утрово го погоди грчкиот остров Крит, соопшти Американскиот геолошки институт (УСГС). Земјотресот се случил на длабочина од 68,9 километри, со епицентар лоциран на околу 58 километри североисточно од малиот град Елунда. Локалните жителите за грчките медиуми изјевиле дека земјотресот траел невообичаено долго. Сепак, перцепираното времетраење на земјотресите не е […]

Министри на Грција и САД разговарале за енергетиката, во фокусот најавените истражувања јужно од Крит


За стратешките односи меѓу Грција и САД, како и енергетските случувања кои директно ги засегаат двете земји телефонски разговарале грчкиот министер за животна средина и енергетика Ставрос Папаставру и американскиот секретар за внатрешни работи и претседавач со Националниот совет за енергетика Даг Бургум, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за животна средина и […]

Зелено светло од Министерството за енергетика на Грција за истражување за природен гас јужно од Крит


Министерството за енергетика и животна средина на Грција го прифати изразениот интерес од американската компанија „Chevron“ за вршење истражување за јаглеводороди во два блока во морскиот дел јужно од островот Крит, соопштија од Министерството, што според нив е „уште една важна разврска што ги зајакнува напорите на земјата за искористување на националните енергетски ресурси“, јави […]

Три земјотреси од над четири степени во близина на грчкиот остров Крит


Три последователни земјотреси со јачина од 4,1 степен, 4,8 и 4,5 степени според Рихтер, беа регистрирани претпладнево во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, првите два, од 4,1 и 4,8 степени беа во период од една минута, додека пак последниот […]

Голем шумски пожар на грчкиот остров Крит, превентивно евакуирани населени места


 Голем шумски пожар избувна утрово во близина на градот Иерапетра во југоисточниот дел на грчкиот остров Крит, а превентивно беа евакуирани жителите на четири населени места. Поради силниот ветер отежнато е гаснењето на пожарот, а интервенираат 120 пожарникари со шест пешадиски тима, 27 возила и два хеликоптера. Преку европскиот број за итни случаи 112 до […]

Силен земјотрес го потресе Крит


Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска западно од брегот на Крит, соопшти Националната опсерваторија на Атина. Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 18:36 часот по локално време, бил на 98 километри југозападно од островот Китера во Јонското Море, пренесува „Екатимерини“. Длабочината е проценета на 14 километри.

Грчки министер бара ЕК итно да интервенира за релокација на спасените 400 мигранти јужно од Крит


  Бараме од Комисијата веднаш да преземе и да координира иницијатива за релокација на мигрантите, пишува министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис во писмата испратени до потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Схинас, и комесарката за внатрешни прашања на ЕУ Илва Јохансон во однос на спасените околу 400 мигранти во близина на Крит, […]

Земјотрес со јачина од 5,5 степени во близина на грчкиот остров Крит


Во морскиот дел меѓу островите Касос и Крит, час и половина по полноќ беше регистриран земјотрес со јачина од 5,5 степени, што бил почувствуван во повеќе делови на земјата, а нема информации за повредени или материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина. Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил […]

Силен земјотрес го потресе Крит


Земјотрес со јачина од 4,5 степени го погоди денеска грчкиот остров Крит. Како што соопшти Атинскиот геодинамички институт, епицентарот на земјотресот бил седум километри северозападно од градот Аркалохори во регионот на Ираклион. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 13,6 километри, пренесува „Екатимерини“. Во септември 2021 година, Аркалохори беше погоден од земјотрес со јачина од […]

Земјотрес од четири степени во близина на грчкиот остров Крит


Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала беше регистриран во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот бил југоисточно од малиот остров Гавдос, што се наоѓа јужно од Крит. Од земјотресот, што бил почувствуван и на Гавдос и […]

Земјотрес од 5,7 степени го погоди Крит


Земјотрес со сила од 5,7 степени според Рихтер го погоди островот Крит, соопшти Геодинамичкиот институт на Грција. Засега нема извештаи за повредени или материјална штета. Европскиот медитерански сеизмолошки центар претходно го регистрираше потресот со сила од 6,1 степени. Египетските власти соопштија дека земјотресот бил почувствуван во некои од градовите во земјата. Акис Целентис, директор на […]

Се тресеше Европа од серија земјотреси


  Утрово се затресе ширум Европа, па и на некои места каде можноста за земјотрес е многу мала. Земјотрес во Словенија, близу границата со Хрватска се случи утринава, а жителите на северозападна Хрватска се разбудија од потресот. Но, тој не е единствениот што се случи утрово. Напротив, беше еден од послабите, пренесе РТЛ. Жителите на […]