Пуштена во употреба првата кредитна картичка базирана на криптовалути


Дигиталната компанија за трговија и кредити со криптовалути Нексо (Nexo) објави дека во соработка со глобалната компанија за картички Мастеркард (Mastercard), денеска во Европа ја пушти во употреба првата кредитна картичка во светот базирана на криптовалути. Нексо картичката првично ќе биде достапна само во неколку европски земји и ќе функционира како кредитна картичка со дигитални […]

Хакери украле криптовалута во вредност од 615 милиони долари


Блокчејн компанијата Ронин денеска соопшти дека хакери извлекле криптовалута во вредност од 615 милиони долари од нејзиниот систем, што веројатно е најголемата кражба од ваков вид во историјата. На 23 март хакери украле 173.600 етер токени и 25,5 милиони токени САД Коини. Вкупната вредност на овие криптовалути во моментов изнесува 614 милиони долари. Ронин денеска […]

Во собраниска процедура Предлог законот со кој првпат се регулираат критповалутите и дигиталниот имот


Предлог – законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, во прво читање, со кој првпат во земјава се регулираат виртуелните, односно критпосредствата познати како криптовалут и дигиталниот имот, помина денеска на седница на собраниската Комисијата за европски прашања. Пред членовите на Комисијата Предлог – законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, […]

ЕУ ќе ги вклучи криптовалутите во пакетот санкции против Москва


Европската унија ќе ги вклучи криптовалутите во пакетот санкции против Русија, со цел да ја направи агресијата на Москва врз Украина колку е можно поскапа, изјави францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер. Тој на прес-конференција по состанокот на министрите за финансии на ЕУ истакна дека санкциите против Русија се многу ефикасни и дека тие […]

Рекордно високо ниво на криминалот со криптовалути во 2021 година


Криминалот со криптовалути достигна рекордно високо ниво во 2021 година, и во истиот период – вкупните правни плаќања исто така достигнаа врв, објави денеска групата за податоци Chainalysis. Според анализата на групата, криминалните трансакции, кои вклучуваат биткоин и други криптовалути, изнесуваат вкупно 14 милијарди долари, што е за 79 отсто повеќе од 2020 година. Вкупните […]

Косово забрани рударење на криптовалути


Владата во Приштина донесе одлука да го забрани „рударење“ на криптовалути во Косово, бидејќи се трошат големи количества струја. Косовската министерка за економија Артане Ризваноли изјави дека по препораките на Техничкиот комитет минатата недела донела одлука за итни мерки за забрана на „рударење“ на криптовалути, го пренесува Косово онлајн пишувањето на порталот Репортерс. – Врз […]

Биткоинот го контролираат 0,01 отсто од луѓето – во нивни раце е 27 отсто од криптовалутата


  Иако популарноста на криптовалутите расте и секоја година се инвестираат се повеќе пари на овој пазар, мал број луѓе контролираат речиси една третина од вкупната циркулација на Биткоинот. Никој не спори дека 2021 година беше важна за Биткоин. Големи промени на цените, легализација на оваа валута во Ел Салвадор, се повеќе политичари и познати […]

Дубаи станува центар за тргување со криптовалути


ОАЕ– Најголемата светска берза за криптовалути „Бајнанс“ (Binance) денеска соопшти дека потпишала договор за соработка со Светскиот трговски центар во Дубаи (DWTC). Властите во Дубаи објавија еден ден претходно дека имаат намера да го претворат DWTC во криптозона и регулатор на криптовалути и други виртуелни средства, како дел од напорите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) […]

Кражбите преку криптовалути уриваат рекорди – четири милијарди долари за шест месеци


САД – Онлајн кражбите и измами со криптовалути ги уриваат сите претходни рекорди.Во првите шест месеци од оваа година украдени се 4,26 милијарди американски долари преку криптовалути, објави CipherTrace во редовниот извештај цитиран од „Форбс“. За споредба, вкупните кибер-кражби во 2018 година изнесуваа 1,2 милијарди американски долари. Огромниот раст оваа година се должи на зголемените вештини […]

Гугл ќе ги забрани крипто валутите


Гугл најавува дека од јуни годинава ќе забрани објавување содржини кои се во врска со крипто валутите. Компанијата најави дека нема да биде дозволено рекламирање на такви производи, вклучувајќи и дигитални пари или совети за тргување преку некоја платформа. Сличен потег најави и Фејсбук, кој претходно соопшти дека ќе ги забрани сите огласи за биткоини […]

Голем пад на трговијата со биткоини


Вредноста на биткоинот продолжи да се намалува, и сега најпопуларната криптовалута повторно изнесува под 10.000 долари. Биткоинот вчера се намали на 9.300 долари, за наскоро потоа да се искачи на 9.600 долари. Највисоката точка за валутата беше постигната на 20 февруари, кога еден биткоин се продаваше за 11.765 долари, но позначајна од вредноста е количеството […]

Биткоинот ги урива сите рекорди: Помината границата од 20.000 долари


Вредноста на биткоинот надмина 20.000 долари, што е двојно поголема вредност од крајот на ноември, кога достигна 10.000 долари. И покрај многубројните падови, биткоинот после секој од нив се враќаше и забележуваше толкав раст што ги збуни дури и експертите. Некои велат дека растот ќе продолжи и дека треба да се инвестира во него, додека […]

Криптовалутите земаат замав, уште две тргнаа по стапките на биткоинот


Откако биткоинот изминатов период во три наврати ја мина вредноста од 17.000 долари, последниве два дена две други криптовалути – етереумот и лајткоинот тргнаа по неговите стапки. Од почетокот на неделата вредноста на овие две криптовалути почна вртоглаво да расте. Така, лајткоинот во понеделникот претпладне чинеше околку 150 долари, за синоќа да достигне вредност од […]