Одбраната во случајот „Титаник“: Новинарите требаше да добијат прекршочни пријави, а не да станат сведоци


Тројца новинари, кои пишуваа сторија за изборите во 2011 година, требаше да добијат прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, а не да им се прифати сведочењето во СЈО, истакна денеска адвокатката на Катерина Велоска, обвинета во предметот на СЈО „Титаник“, во воведните зборови од процесот. Таа во судницата кажа дека Судот не […]

Завршни зборови за „Тенк“, нови рочишта за „Тендери“ и „Тотал“


Во Кривичниот суд за денеска закажани се рочишта за  предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тенк“, „Тендери“ и „Тотал“. На рочиштето за „Тенк“ треба да бидат дадени завршни зборови на обвинетите во овој процес, поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Во овој случај обвинета е и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, […]

Судењето за „Титаник“ продолжува во старата зграда на Кривичниот суд


Поради технички проблеми со озвучувањето во новата зграда на Кривичниот суд, судечкиот совет во предметот на СЈО „Титаник“ одлучи денешното рочиште да продолжи во стариот објект на Судот. Претходно, одбраната на обвинетите во „Титаник“ побара изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Обвинителката на СЈО Лиле Стефанова го оцени барањето на адвокатите како нов обид […]

Судењето за „Тортура“ одложено за 13 јуни


Рочиштето за предметот на СЈО „Тортура“ што денеска требаше да се одржи во Кривичниот суд во Скопје е одложено за 13 јуни поради отсуство на третообвинетиот Новица Станковски. Одбраната достави медицинска документација, за која тврди дека го оправдува неговото отсуство од денешното рочиште. Обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски побара документацијата да биде посериозна бидејќи, според […]

Продолжува судењето за нападот врз Села


Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште од судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. На минатото рочиште во судница беа прикажани видео снимки од безбедносните камери во Собранието на Република Македонија и камерите од присутните […]

Во Кривичен нови рочишта за „Триста“ и „Насилство во Центар“


Нови рочишта денеска во Кривичнит суд треба да се одржат за предметот „Триста“ и за одвоената постапка во случајот „Насилство во општина Центар“. Одвоената постапка е за седмообвинетиот Димче Крстев во случајот „Насилство во општина Центар“. Судијката на главната расправа за него одлучи да ја раздвои постапката, па нему ќе му се суди одвоено. Крстев […]

„Титаник“ одложен за 9 мај поради немање одговор на барањето за изземање судии


Во Кривичниот суд денеска повторно се одложи рочиштето за предметот „Титаник“, што е прв случај обелоденет од Специјалното јавно обвинителство. Судијата Осман Шабани пред сите обвинети соопшти дека денешното рочиште се одлага затоа што Врховниот и Апелацискиот суд се уште не ги доставиле одговорите на барањето за изземање на в.д. претседателот на Апелацискиот суд и […]

Вработени во МВР сведочат во „Тенк“, Урко не дојде на рочиштето


Во Кривичниот суд на денешното рочиште за „Тенк“ исказ даваат осуммина сведоци вработени во Министерството за внатрешни работи. Во Судот иако беше најавен не дојде да сведочи Дејан Митревски – Урко, кој беше еден период шеф на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски. Одбраната на Груевски не беше информирана зошто Урко не се појави во […]

Предметот „Насилство во Центар“ презакажан за 1 јуни


Судењето за предметот на СЈО „насилство во Центар“ е прекинато и презакажано за 1 јуни, поради неможноста претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев веднаш да одлучи по барањето за изземање на судечкиот судија во предметот, Душан Јосифов. Барањето на почетокот на рочиштето го поднесе одбраната на обвинетите, поради изјавата на јавната обвинителка Катица Јанева дека […]

Затворено рочиште за „Поткуп“: Се слушаат разговори од посебните истражни мерки


Судењето за предметот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев, продолжи денеска во новата зграда на Кривичниот суд со слушањето на разговори од Посебните истражни мерки (ПИМ), без присуство на јавноста. Слушањето на разговорите од ПИ мерките поврзани со предметот почна на минатото рочиште. Денеска во судницата треба да бидат пуштени 30 разговори обезбедени […]

Продолжи судењето за нападот врз Села, ќе сведочи и Мухамед Зекири


Со давање исказ на сведокот Абдул Фета Аљими, кој е донесен од притвор, во Кривичниот суд денеска продолжи судскиот процес за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. Пред судот денеска искази треба да дадат и сведоците Мухамед Зекири и Игор Јанакиев. […]

Случај „Титаник“: Одбраната бара изземање на судиите од овој предмет


Адвокатите на обвинетите во случајот „Титаник“ побараа изземање на сдуиите што го водат случајот поради изјава на специјалната обвинителка Катица Јанева дека во бомбите биле прислушувани и судии. Според адвокатите, се додека СЈО не ги соопшти на прислушваните судии тие немаат ркедибилитет да водат судски процеси. Во моментов, судто го разгледува нивното барање што се […]

Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 19 април


Денешното рочиште за предметот на СЈО „Насилство во општина Центар“, на кое поранешниот градоначалник на Центар Андреј Жерновски одговараше на прашање на одбраната заврши, а следното е закажано за 19 април, кога треба да бидат испрашани уште двајца сведоци. Обвинетите во овој случај, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, […]

Обвинетите за „Насилство во Центар“ се изјаснија за невини


Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за предметот на СЈО „Насилство во општина Центар“ со вкрстено испрашување на поранешниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски. Тој треба да одговара на прашања на адвокатите, а на претходните рочишта беше испрашуван од обвинителите на СЈО. Обвинетите во овој случај, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и […]

Продолжува судењето за „Насилство во Центар“


Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште за предметот на СЈО „Насилство во општина Центар“ во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица. На претходните рочишта за овој предмет, вина за настаните пред општина Центар во јуни […]

Денеска судења за уривањето на „Космос“ и за изборните нерегуларности во Чаир


Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Т.Н.Т“ и „Титаник 3“. Во случајот „Т.Н.Т“ обвинети се седум лица за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина Фијат Цаноски. Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески, […]

Ново судско рочиште за обвинитетите за убиството кај Смилковско Езеро


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за случајот „Монструм“ против обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро во Скопје на 12 април 2012 година. На минатото рочиште од повторното судење за овој предмет, што се одржа на 12 февруари, беше прочитан обвинителниот акт. Обвинителот Наум Пановски рече дека остануваат на првичниот обвинителен акт, со […]

Во Кривичен суд примени 2.580 барања за амнестија


Од стапувањето во сила на Законот за амнестија, во Кривичниот суд примени се вкупно 2.580 барања за амнестија. Како што информираа од Судот на денешниот брифинг со новинарите, во Одделението за кривично-полнолетни примени се 1.951 барање, од кои уважени се 924, а 689 се одбиени или отфрлени. Во ова Оддление за 317 барања има одлука, […]

Ново рочиште за набавката на луксузниот „мерцедес“


Во Кричниот суд денеска треба да се одржи рочиште за предметот на СЈО „Тенк“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. Според обвинението, во периодот од февруари до крајот на […]

Кривичниот суд ќе расправа за однесувањето на Панчевски


Претседателот на скопскиот кривичен суд, Иван Џолев, вели дека нема никакви ингеренции за да го санкционира недоличното однесување на судијата Владимир Панчевски, но ветува дека веќе на првиот нареден судски колегиум ќе го отвори и ова прашање. Според сознанија на правосудство.мк некои судии веќе му ги доставиле на Џолев сите коментари што Панчевски ги напиша на […]