Бектеши: Струја под 80 евра за мегават час за 200 компании од прехранбената индустрија и 600 пекарници


Околу 200 компании од прехранбената индустрија и 600 мали пекарници ќе бидат директно поддржани со цена на електричната енергија под 80 евра за мегават час, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Нагласи дека просечната потрошувачка на овие капацитети  во изминатите години од 1 декември до 30 април до кога завршува кризната состојба во енергетиката, […]

До крајот на неделата одлука за снабдувањето со струја на училиштата и јавните претпријатија


До крајот на неделата Владата ќе донесе одлука за поддршка на основните и средните училишта, како и на јавните комунални претпријатија во снабдувањето со струја. Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, поддршката ќе се реализира преку ЕСМ продажба. Целта на поддршката на комуналните претпријатија, повтори Бектеши, е да нема поскапување на водата […]

Бектеши со директорите на ЕСМ и НЕР в четврток во Турција


  Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски и со директорот на НЕР, Бајрам Реџепи в четврток ќе престојува во посета на Турција. – Ќе се разговара главно во секторот енергетика. Дали ќе има нешто конкретно, ќе информираме откако ќе се вратиме, изјави денеска министерот Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања […]

Нов пакет мерки за бизнисот ќе се објават на 28 септември


  Нов пакет мерки за бизнисот ќе бидат објавени на 28 септември, соопшти денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, по средбата со министерот за економија Крешник Бектеши, на која присуствуваа и претставници на 10 – те најголеми компании потрошувачи на електрична енергија во земјава. Мерките веќе се финализираат, а нивна цел е задржување на […]

Бектеши: Забранет извозот на огревно дрво, пелети, пченица и брашно, укината царината за увоз на масло за јадење до крајот на годината


На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе две одлуки за ограничување на извозот на одредени производи и одлука за укинување на царината за увоз на масло за јадење од сончоглед. Како што објави министерот за економија Крешник Бектеши, овие одлуки се донесени со цел да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците […]

Бектеши: Рестрикции на струја ќе нема, иако не очекува тешка зима


Рестрикции на струја ќе нема, иако ќе биде тешка зима не само за Северна Македонија туку и за регионот и глобално поради криза во енергетиката, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, кој учествува на МЕФ Енергетскиот форум во Охрид. – Се прават сите подготовки посебно од страна на ЕСМ за да го зголеми производството […]

Бектеши: Јас не сум „македонски“, јас сум министер на Северна Македонија (ВИДЕО)


Министерот за економија Крешник Бектеши реагираше кога при посетата на Албанија го нарекоа „македонски министер“. Новинарка поставувајќи прашање на Бектеши му се обрати со зборовите „македонски министер“, по што тој веднаш реагирал и одговорил. Новинарката: Имав прашање до македонскиот министер… Бектеши: Извинете, јас сум министер на Cеверна Македонија, не сум Македонец, јас сум Албанец.

Бектеши: Северна Македонија е вклучена во сите регионални иницијативи за сигурно снабдување со гас


Министерот за економија Крешник Бектеши во обраќањето на меѓународната конференција на министрите за енергетика од Западен Балкан, заедно со нивните колеги од Украина, Турција и Азербејџан, истакна дека дека учесниците во Софија се исправени пред воената агресија на Русија во Украина која предизвикува големи загуби за сите. Како што јави дописникот на МИА од Софија, […]

Бектеши: Испораката на природен гас не е прекината, имаме алтернативи


Испораката на природен гас не е прекината, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши по информациите дека руски „Газпром“ ја прекинала испораката на гас кон Бугарија и Полска. На прес-конференција, Бектеши рече дека сите обврски од наша страна се подмирени и дека и денес има увоз на природен гас во земјава. – Сепак, ситуацијата е […]

(Видео) Прес-конференција на министрите Бектеши и Николов


Проследете ја прес-конференцијата на министерот за економија Крешник Бектеши и на министерот за енергетика на Република Бугарија, Александар Николов. Двајцата министри ќе одржат работен состанок со работната група во областа на енергетиката во рамки на Работната група за инфраструктура, транспорт и енергетика помеѓу Северна Македонија и Бугарија.  

Забраната за извоз на некои земјоделски производи е да се спречат шпекулативни дејства на трговците и производителите, вели Бектеши


Од денеска е забранет извозот на пченица, јачмен, пченка, пченично брашно, семе од сончеглед и  сончогледови масла, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши. Одлуката за забрана ја донесе Владата и ќе трае во наредните десет дена, а нејзината цел, како што напомена Бектеши, е да се избегнат шпекулативни дејства на трговците и производителите, заштита на […]

Некои трговци ги повлекле залихите за денеска да ги вратат назад со нови цени


Белиот леб не е поскапен во сите маркети, кај некои цената е 25 и 27 денари, рече министерот за економија Крешник Бектеши и уште еднаш апелира да не се крева паника меѓу граѓаните зашто ценовни шокови нема да има. Бектеши очекува благо намалување на цените на основните производи, согласно Одлуката за трговските маржи кој од […]

И Бектеши смирува: Нема ценовни шокови, има доволно производи и стоковни резерви


Нема место за паника, нема да има притисок врз цените, ниту ќе има ценовни шокови. Земјава има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Моментно нема потреба да се стават во фунција, имајќи предвид и дека производителите на овие основни производи имаат залихи за период над 35 дена, не вклучувајќи ги деновите […]

Владата ги ограничи трговските маржи на основните прехранбени производи


Владата на предлог на Министерството за економија на денешната седница донесе Одлука за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало што ќе важат од 1 март до 31 мај годинава. Со одлуката се определува највисоката трговска маржа да изнесува до 5 отсто на продажната цена […]

Бектеши: Не сме потрошиле ни 120 милиони евра, додека други држави за енергетската криза дале милијарди


Со воведувањето на кризната состојба, Северна Македонија успешно ја менаџира енергетската криза и во споредба со другите држави од соседство има потрошени многу помалку пари, оцени министерот за економија Крешник Бектеши во одговор на новинарско прашање за состојбите во енергетиката по денешната негова посета на Технолошко развојната зона во Тетово. -Моментално нема рестрикции во Северна […]