Вкупните депозити во март се намалиле за 1,7 отсто, кредитите и натаму во пораст


Вкупните депозити во март, се намалени за 1,7 отсто на месечно ниво, како резултат на падот на депозитите кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, покажуваат најновите податоци на Народната банка за монетарните движења. На годишно ниво, вкупните депозити бележат раст за 3,5 отсто, којшто во услови на зголемување на депозитите кај двата […]

ММФ стартува итни програми на финансирање заради можноста од избивање немири


  Во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд „Фискалната политика од пандемија до војна“, челниците на оваа финансиска институција истакнуваат дека потребно е итно спроведување мерки на кредитирање на државите членки чиј БДП брзо опаѓа, инаку она што следи се општествени немири. ММФ е отворен за можнсота за пружање итно финансирање на ранливите земји кои се […]

Треновски: Зголемувањето на референтната каматна стапка е добро одмерено, нема да влијае врз кредитите


Зголемувањето на референтната каматна стапка за 0,25 процентни поени што го направи Народната банка е сигнално и добро одмерено со цел да се заштити економската активност и монетарната стабилност, оценува професорот Борче Треновски од Економскиот факултет во Скопје во изјава за МИА. Ваквиот чекор на Народната банка, вели Треновски, е внимателно направен бидејќи најавите се […]

Зголемувањето на референтната каматна стапка не би требало да влијае на банкарските кредити, вели Битиќи


Зголемувањето на референтната каматна стапка не би требало да влијае врз зголемувањето на банкарските камати, смета вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој денеска одговарајќи на новинарски прашања во Охрид рече дека се работи за стандардна мерка која Народната банка ја презема за да ја осигура стабилноста на денарот и да интервенира поради увезената инфлација. […]

„Пари“: Фирмите сега им должат на банките 3 милијарди евра, како било пред 10 години


Околу 300 милиони евра е зголемен долгот што го има  нефинансискиот сектор (главно фирми) кон банките во текот на минатата година, покажуваат податоците на Народната банка. Имено, долгот на 31.12.2021 година бил околу 3 милијарди евра, а на крајот од 2020 година кредитите на нефинасиските друштва биле околу 2,7 миијарди евра. Далечната 2012 година завршила […]

Просечната каматна стапка на вкупните кредити 4,35 отсто, на депозитите 0,71 отсто


Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во јануари 2022 година. Таа се сведе на ниво од 4,35 проценти. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,71  процент, информира денеска Народната банка во соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците. Според НБ, во јануари годинава просечната […]

Во јануари раст на депозитите и кредитите на годишна основа, пад на месечно ниво


Народната банка денеска објави дека на годишна основа вкупните депозити во јануари се зголемени за 7,4 проценти, а вкупните кредити за 8,4 проценти. Растот на депозитите, како што наведува централната банка, е резултат на растот на депозитите кај двата сектора, но поизразен е кај домаќинствата, додека растот на кредитите е помалку изразен кај корпоративниот сектор. […]

Просечната камата на вкупните кредити во декември била 4,37 отсто, на депозитите 0,74 отсто


Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во декември 2021 година, кога се сведе на ниво од 4,37 отсто. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,74 отсто, информира Народната банка (НБ). – Просечната каматна стапка на вкупните кредити во декември 2021 година изнесува 4,37 отсто и бележи месечен пад […]

НБ: Лани во декември годишен раст од 7,8 отсто на вкупните депозити и 8,3 отсто на вкупните кредити


Вкупните депозити лани во декември се повисоки за 7,8 отсто на годишна основа, при раст кај двата сектора, поизразен кај секторот домаќинства, а вкупните кредити бележат раст од 8,3 отсто, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес од корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ). -Во декември 2021 година, согласно со сезонската динамика, паричната […]

НБ: Во ноември депозитите поголеми за 8,1, а кредитирањето за 7,7 отсто


Вкупните депозити во ноември годинава, на годишна основа, се повисоки за 8,1 отсто, при раст кај двата сектора – корпоративниот и домаќинствата со поголем придонес на секторот домаќинства. На годишно ниво, вкупните кредити, во ноември, бележат раст од 7,7 проценти, при зголемено кредитирање кај двата сектора, поизразен кај секторот домаќинства, информира Народна банка (НБ). -Во […]

Банкари барале мито за да одобрат кредит


Дванаесет лица во Словенија се осомничени за повеќе казниви коруптивни дела во банкарскиот сектор, а еден од нив е задржан во притвор откако Националното истражно биро (НПУ) покрена истрага. Според „Пословни дневник“ истрагата на подрачјето на Марибор и на Крањ завршила во вторникот вечерта, при што биле пуштени на слобода 11 приведени лица, а на […]

Турција нема веќе да зема кредити од ММФ


Анкара – Властите во Турција немаат намера повеќе да земаат кредити од Меѓународниот монетарен фонд, изјави денеска претседателот Реџеп Тајип Ердоган. – Модерна Турција нема потреба од заеми и теничка поддршка од ММФ, изјави Ердоган. Според него темата за кредитирање од ММФ е затворена еднаш засекогаш. Во 2013 година Турција го исплати на ММФ последниот […]

Црногорците должат 1,2 милијарди евра


Според податоци на Централната банка на Црна Гора, долгот на граѓаните на таа држава по основ на кредити е 1,2 милијарди евра. Експерти наведуваат дека во просек секој жител на Црна Гора е задолжен со околу 2.000 евра. Во Црна Гора најчесто се земаат потрошувачки и станбени кредити, потврдуваат од Централната банка. Бројот на кредити […]

Со паметниот телефон го следите детето, но го следат и други


Телефони, телевизори, часовници, колку што се попаметни и колку повеќе се продаваат, толку повеќе ја загрозуваат приватноста како право на потрошувачите. „Преку паметните телефони и часовници, не го следите само вие детето, туку можат да го следат и други. Паметните и конектирани играчки имаат проблем затоа што софтверот не нуди заштита на приватноста. Куклата ‘Кејла’ […]

Каматата на кредитите непроменета, на депозитите намалена


Банките во земјава во ноември 2017 година одобрувале кредити со просечна каматна стапка од 5,1 процент која остнала непроменета во последните три месеци, додека кај депозитите просечната каматна стапка изнесувала 1,3 проценти која забележала намалување од 0,1 отосто на месечно ниво. Податоците на Народната банка на Република Македонија покажуваат дека каматната стапка на кредитите на […]

Стрес тест на НБРМ: Банкарскиот систем стабилен и отпорен на шокови 


Банкарскиот сектор во третиот квартал годинава покажува стабилност и отпорност, со задоволителна ликвидносна позиција и стабилна и висока солвентност, со се уште слаби остварувања во кредитната и депозитната активности. Растот во третиот квартал е 0,2 проценти и е позабавен во однос на претходниот квартал и во однос на истиот квартал од минатата година. Спроведеното стрес-тестирање […]