Приведени тројца малолетници за „тешка кражба“ и „одземање моторно возило“


На ул.„Тодор Чангов“ во Скопје, денеска  во 03.00 часот полициски службеници од Полициската станица Аеродром лишиле од слобода тројца малолетници од Скопје поради сомнение дека сториле две кривични дела „тешка кражба“ на дрзок начин на 1 март и 8 март 2022 и едно кривично дело „одземање на моторно возило“, соопштија од Министерството за внатрешни работи. […]

Во Скопје масовно се крадат метални решетки за сливници


Само на две улици во Скопје изминатите денови биле украдени 13 метални решетки за сливници, алармираа од Водовод и канализација. Од таму се пожалија дека и покрај многубројните апели, кражбите продолжуваат. „Овој пат е извршена кражба на 13 решетки на сливници на ул. Среќко Пужалка и 4 на ул. Финска. Случајот е документиран и пријавен […]

Расчистена кражба во Центар, украденото пронајдено


 На подрачјето на Центар утрово во 4.40 часот од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Ф.М.(31) од Скопје по извршување кривично дело тешка кражба во објект. Со него бил извршен службен разговор и одземени се предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Како што соопшти МВР, по целосното документирање ќе биде […]

Македонци „лудувале“ во Пореч: Едниот крадел, другиот возел пијан


Двазесет и тригодишен македонски државјанин е приведен од полицијата во Пореч, Хрватска поради сомневање дека е сторител на тешка кражба. Тамошните медиуми пишуваат дека полициските службеници при контрола во сообраќајот, во неделата околу 4.30 часот наутро запреле автомобил „пежо“ со загрепска регистрација. Возилото го управувал 22-годишен македонски државјанин, кај кого биле измерени 0.93 промили алкохол […]

Момче настрада од струен удар при обид за кражба кај железничката во Трубарево


Машко лице на возраст меѓу 20 и 25 години се здобило со тешки телесни повреди од струен удар во близина на железничката станица Трубарево при обид за кражба. „При обид за кражба во текот на денешниот ден во 12:58 часот на железничката станица во Трубарево се случил несреќен случај. Лице на возраст од 20 до […]

Кривична за тројца Срби и двајца прилепчани за кражба во златарница во Прилеп


Секторот за внатрешни работи Битола – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, во соработка со Единицата за имотен и насилен криминал од Секторот за општ и насилен криминал од Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ , до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Д.П. (41), М.А. (35) и У.П. (38), сите од Република Србија поради […]

Кражба на дете на Детска клиника: За да не плати, мајка зела туѓо дете


Малолетна мајка за да не ги плати трошоците на Клиниката за детски болести, зела туѓо дете кое лежело на Клиниката и заедно со туѓото и своето дете избегала. Мајката на укареденото дете, четириесет и едногодишна скопјанка го пријавила инцидентот во полиција вчера во 20.45 часот. Таму кажала дека вчера околу 13.30 часот забележала дека нејзиното […]

Гостиварец фатен при кражба во маркет во Врапчиште


Полициски службеници од Полициската станица Гостивар синоќа околу 21 часот, од слобода го лишиле Н.И.(34) с.Дебреше-гостиварско, кој бил затекнат додека извршувал тешка кражба во мини-маркет во с.Врапчиште. Како што соопшти МВР, приведениот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре, одзел одредена сума на пари, но набргу бил фатен и задржан во полициската станица. По целосно […]

Кривична пријава за стружани за кражба во маркет и бутик


Две лица од Струшко добија кривична пријава за кражба на цигари, лаптоп и машка облека од маркет и бутик во Струга, при што се стекнале со противправна имотна корист од 116 илјади денари. – Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „тешка кражба“ и едно казнено дело „тешка кражба во обид“, полициската […]

Крадец со закана со нож ограбил аптека во Козле


Непознат сторител синоќа во 20.50 часот извршил разбојништво во аптека на ул. „Козле“ во Скопје. Сторителот со закана со нож ги одзел парите од дневниот промет и побегнал во непознат правец. МВР информира дека вработена во аптеката во 21 часот ја пријавила кражбата во Единицата за информации и команда Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање […]

Украдени 15.000 евра од стан во Скопје


Во полицијата е пријавена кражба на 15.000 евра од стан на ул. „Христо Татарчев“ во Скопје, која се случила  изминатиот викенд. И.И (37) вчера изутрина пријавил дека е извршена тешка кражба во неговиот дом.  Крадецот со употреба на клуч-клауз делувал на бравата и ја отклучил по што влегол во станот и одзел околу 15.000 евра […]

Тешка кражба во Цементарница Усје


Цементарница Усје АД, вчера пријавила дека во периодот од 1 јануари до 8 март годинава во фабриката била извршена тешка кражба на резервни делови кои се користеле во процесот на производство. Случајот во полиција бил пријавен вчера, а се уште не е познат сторителот, кој од магацинот кој се наоѓал во кругот на фабриката одзел […]

Од продавница во Велес украдени 22 лаптоп-компјутери


Како што известуваат од МВР, во продавницата „Нептун“ во Велес, во вчера или завчера непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што со употреба алат ги отстранил катанците од влезната врата, го искршил стаклото, влегол внатре и одзел 22 лаптоп-компјутери, разни марки и модели, по што го напуштил местото на настанот. Од велешката полиција велат […]

Скопјанец украл „Ауди 6“


Скопјанец заработи кривична пријава поради кражба на „Ауди 6“. Како што соопшти полицијата, Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Ф.А. (47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 15 јануари оваа година околу 15:00 часот на ул. „Ѓорче Петров“, пријавениот одзел патничко моторно возило „Ауди […]

Грабеж во „Шпаркасе банка“ во Кичево: Крадецот бегал со кесата со пари и пиштол


Крадецот кој вчера го изврши грабежот во филијалата на „Шпаркасе банка“ во Кичево доби три кривични пријави поради основано сомнение дека е сторител на шест разбојништа во Кичево, Струга и Охрид. Триесет и четиригодишниот Ч.Д. од струшкото село Ливада вчера е уапсен од страна на полицијата во Кичево откако претходно изврши грабеж во експозитурата на […]

Украден автомобил најден во Вардар


Автомобил марка „Фолксфаген Голф“ бил забележан вчера во водите на реката Вардар, во правец на последна автобуска постојка на линијата „5“ кај паркот Лисиче. Полицијата по увидот констатирала дека автомобилот истиот ден бил пријавен за украден. Случајот во Единицата за информации и команда Скопје бил пријавен вчера во 13:30 часот. – Полициски службеници од Полициската […]

Ограбена Шарената џамија во Тетово


Непознат сторител ноќта меѓу 21 и 22 јануари извршил тешка кражба во Шарената џамија во Тетово. Во друг случај непознат сторител извршил тешка кражба во обид и во тетовската џамија Ринис. МВР информира дека во првиот случај сторителот насилно ја отворил влезната врата на Шарената џамија, влегол внатре и од кутијата за доброволен прилог ги […]

Украден автомобил со Скопје


Во Полициската станица Карпош, вчера во 10.20 часот, Г.Б. (55) од Скопје пријавил дека на 10/11.01.2018 година во периодот од 17.00 до 09.00 часот од паркинг просторот пред зграда на улица „Никола Парапунов“ од страна на непознат сторител било одземено возило „Ренџ Ровер Евок“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице. Со извршеното кривично […]

Се крадат и тегли со ајвар и шишиња со ракија


„Кога вечерта се вратив од работа, ме дочека шок. Работите беа расфрлени, преместени, размрдани полици и шкафови, документи и облека на подот… Влезната врата ја отворив со клуч, па веднаш сфатив дека станот ми е провален преку балконот. Крадецот или крадците ја прескокнале оградата и претпоставувам со шрафцигер ја подигнале заштитната завеса неколку сантиметри, сосема […]

Кражба во МИА, одземен дел од техничката опрема


Непознати сторители околу полноќ извршиле кражба во просториите на Македонската Информативна Агенција. Сторителите одзеле дел од техничката опрема на МИА. Извршен е увид од страна на полицијата и се трага по сторителите.