Триумф на македонските кошаркари во Даблин против Република Ирска


Македонската кошаркарска репрезентација ја постигна втората победа во претквалификациите за Евробаскет 2029 откако вечерва во Даблин ја совлада Република Ирска со 88:76. Резултат по четвртини: 27:20; 13:22; 22:19 и 14:27. Почетокот на дуелот мина во знак на домашната репрезентација, која на почетокот на вториот период ги имаше и највисоките +11 (31:20). Во продолжението македонските кошаркари […]

Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство


 Македонската машка кошаркарска репрезентација ги загуби шансите за пласман на Евробаскетот 2025, откако вечерва претрпе пораз на гостински терен во Талија од Естонија со 84-65. Македонија лошо го отвори натпреварот, но по негативата од пет поени во првата четвртина, влезе во ритам предводена од Ти Џеј Шортс и Ненад Димитријевиќ и на полувреме замина со […]

Македонските кошаркари на 57 место на ФИБА ранг-листата, скок за една позиција


Македонската машка кошаркарска репрезентација напредуваше една позиција на најновата светска ранг-листа на ФИБА и се наоѓа на 57 место. Македонската репрезентација на јулското рангирање има 198.2 поени и во европски рамки е на 30 место. На челното место на ФИБА рангирањето се САД со 838,8 бодови, а Србија (758,9) изби на второто место со освојувањето […]

Награда од 3 милиони денари за златото на Европското кошаркарско првенство


Младите репрезентативци кои го освоија Европското кошаркарско првенство за кошаркари до 18 години ќе добијат парична награда од 3 милиони денари, одлучи денес Владата.  „На мој предлог денес Владата донесе одлука за награда во износ од 3 милиони денари на кошаркарите до 18 години кои освоија злато на Европското кошаркарско првенство. Оваа ‘златна’ генерација донесе […]

Јончевски го објави поширокиот список на кошаркари за февруарскиот претквалификациски прозорец


 Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, денес го објави поширокиот список со играчи на чии услуги ќе смета во пресрет на натпреварите од февруарскиот претквалификациски прозорец. На списокот на Јончевски се најдоа: 1. Бобан Стајиќ – Пелистер 2. Кристијан Николов – Torku Konyaspor B.K. 3. Андреј Магдевски – Donar Groningen 4. Војдан Стојановски – […]

Македонските кошаркари ги дознаа противниците во претквалификациите за ЕП 2025


Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација ќе игра во групата Д во претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година, заедно со селекциите на Словачка, Данска и Норвешка, одлучи денешната жрепка во Минхен. Стартот на претквалификациите во трите групи е закажан за крајот на август, а завршните натпревари ќе се одиграат во февруари идната година. Пласман во квалификациите за ЕП 2025 ќе […]

Здружението на кошаркари на Македонија ги осуди инцидентите на вечното дерби


По повод инциденти кои се случија вчера на кошаркарското дерби Работнички – МЗТ Скопје Аеродром со свој став се произнесе Здружението на македонски кошаркари. Нивното соопштение го пренесуваме во целост: – Ние како Здружение на кошаркари на Македонија се чувствуваме обврзани да ги искоментираме случувањата на дерби натпреварот помеѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром. Иако […]

Пет спортски минуси во 2017 година


1. Кошаркарите не успеаја до квалификации за СП 2019 Македонската кошаркарска репрезентација се соочи со фијаско во претквалификациите за СП 2019. „Црвено-жолтите“ не успеаја преку Естонија и Косово до главната фаза од циклусот за завршниот турнир во Кина. Елиминацијата беше дочекана како големо разочарување од причина што националниот тим на ЕП 2011 во Литванија го […]