Кохабитацијата ќе чкрипи до крај. Иванов заминува со куфер полн со вета


За неполни две години, претседателот Ѓорге Иванов стави вето на барем 15-ина закони донесени од актуелниот парламентарен состав, што е неверојатна бројка, ако се има предвид дека во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се памети воопшто негово одбивање да потпише закон донесен од тогашните собраниски гарнитури. Иако во периодот 2009-2016 година, кога […]

Продолжува војната во државниот врв: Фатете го велепредавникот!


Нова тура обвинувања за тоа кој работи против интересите на Македонија размени вчера државниот врв, откако претседателот Ѓорге Иванов, само неколку часа пред почетокот на министерскиот совет на ЕУ во Луксембург, го соопшти она што беше извесно – дека става вето на договорот со Грција. Покрај познатите образложенија дека договорот не е во согласност Уставот […]

Ако може без гувернер, може и без претседател


Александра М. Митевска Премиерот Зоран Заев е можеби еден од ретките кој е изненаден од тоа што претседателот Ѓорге Иванов, без да почувствува потреба за консултации со парламентарното мнозинство, го доставил до парламентот предлогот за реизбор на Димитар Богов за гувернер на НБРМ. По сите опструкции што Иванов им ги приредува на СДСМ и ДУИ, […]

Избори се ближат, претседателски амбиции се нижат


На 12 овој месец претседателот Ѓорге Иванов ќе почне да ја троши последната година од неговиот втор мандат, откако четиригодишнината од неговиот реизбор на функцијата (на 27 април 2014 година) ја одбележа со нов кохабитациски преседан – предлагајќи Димитар Богов да добие уште еден гувернерски мандат. Со оглед на тоа што шестите претседателски избори во […]

Се бара гувернер по сечиј вкус


Името на следниот гувернер на НБРМ е сѐ уште во сферата на политичките калкулации и шпекулации, иако поминаа точно седум години од изборот на досегашниот носител на оваа функција, Димитар Богов. Тој беше избран за гувернер на 16 март 2011 година, единствено со гласовите (62) на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот, а ја презема функцијата […]

Нова бура од Водно кон „Илинденска“


На повидок се нови искричења меѓу носителите на извршната власт во земјава откако претседателот Ѓорге Иванов стави вето на законот за употреба на јазиците, за потоа и македонскиот преговарач за проблемот за името Васко Наумовски да „истрча“ со своја изјава за преговорите што се водеа во Њујорк. Од Владата, како предлагач на законот за употреба […]

Иванов ќе се обрати пред новото мнозинство на 26 декември


На 26 декември (вторник), претседателот Ѓорге Иванов ќе го реализира своето прво обраќање пред новиот парламентарен состав, кој беше конституиран на крајот на 2016 година. Ова ќе биде девето редовно обраќање на Иванов пред парламентот откако е избран на функцијата, а четврто во неговиот втор мандат. Сепак, ова е прво обраќање на шефот на државата […]