Косово не формира влада – претседателката го распушти парламентот


Косовската претседателка  Вјоса Османи денес ја потпиша одлуката за распуштање на собранието, откако претходниот ден не успеа вториот обид за формирање влада, а изборите за новиот парламент треба да се одржат на крајот од годината, јавуваат регионалните медиуми. Потпишувањето на декретот за распуштање на собранието доаѓа откако политичките лидери не успеаја да постигнат никаков договор […]

Косово оди на нови избори: Османи потпиша указ за распуштање на Собранието


Косовската претседателка Вјоса Османи денеска потпиша указ за распуштање на Парламентот на земјата, јави весникот „Коха диторе“. До распуштање на Парламентот дојде откако вчера пропадна вториот и последен обид за формирање влада во Косово. Земјата западна во политичка криза по парламентарните избори одржани на 9 февруари 2025 година, откако ниту една од партиите не освои […]

ОБСЕ високо ја оцени организацијата на вториот круг локални избори во Косово


 Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Косово, амбасадорот Џерард Мекгурк, високо ја оцени работата на Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово и на сите оние кои беа вклучени во организацијата на вториот круг од локалните избори во 18 од вкупно 38 општини. – Со затворањето на гласачките места за вториот круг од локалните избори, им […]

Косово забрани хиџаб во училиштата


Врховниот суд на Косово ја потврди одлуката за забрана на носење хиџаб во училиштата, сметајќи го тоа во согласност со кодексот за облекување пропишан од Министерството за образование, наука, технологија и иновации. Со тоа, судот ја отфрли тужбата поднесена против оваа одлука од страна на Мрежата за професионален развој на жените „Арита“, објавува Klix.ba. Организацијата […]

Минималната плата во Косово ќе достигне 500 евра во 2026 година


Привремената влада на Косово го усвои предлогот на Министерството за финансии за зголемување на минималната месечна плата на 500 евра, објави весникот „Газета Експрес“. Според донесеното решение, сегашната минимална плата од 350 евра ќе се зголемува во две фази – од 1 јануари 2026 година ќе изнесува 425 евра, а од 1 јули истата година […]

Сирија го призна Косово


Претседателката на Косово, Вјоса Османи, објави дека Сирија ја признала независноста на Република Косово, пренесува Анадолу. Османи, кој е во официјална посета на Ријад, изјави дека со поддршка на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, е постигнат договор со кој Сириската Арапска Република ја признава Република Косово. „Народот на Косово и Сирија многу страдаше и жртвуваше“ […]

Косово избираше градоначалници, излезноста близу 40 отсто


На Косово денес се одржаа локални избори за ново раководство во 38 општини. Според податоците на Централната изборна комисија (ЦИК), до 19 часот гласале 39,16% од запишаните избирачи, а највисока излезност е забележана во српските средини. Портпаролот на ЦИК, Ваљмир Елјези, соопшти дека пребројувањето на гласовите за градоначалници започнува вечерва, додека пребројувањето на гласовите за […]

За 10 години од Косово заминале над 360.000 граѓани


Во последните десет години, повеќе од 360.000 граѓани на Косово добиле дозвола за престој во земјите на Европската унија, покажуваат најновите податоци на Евростат, заводот за статистика на ЕУ, пренесуваат косовските медиуми. Само во периодот од 2020 до 2024 година, односно за време на мандатот на премиерот Албин Курти, државјанство во некоја европска земја добиле […]

Курти најави производство на дронови и милијарда евра за војската на Косово


  Премиерот на Косово во технички мандат Албин Курти изјави дека во наредните четири години ќе бидат издвоени повеќе од една милијарда евра за косовските безбедносни сили (КБС). Курти, кој вчера беше единогласно избран од членовите на Генералниот совет на Движењето Самоопределување за мандатар за формирање на новата влада, во својот денешен говор зборуваше за […]

Косово ги укина царините за стоки од САД


Владата на Косово на денешната седница одлучи да ги укине царините за стоки увезени од Соединетите Американски Држави. – Друга многу важна одлука што ја донесуваме денеска е укинувањето на царинската тарифа со Соединетите Американски Држави. Така, отсега, сите производи со потекло од Соединетите Американски Држави ќе имаат царина од нула проценти кога ќе влезат […]

Секоја година на Косово по пет отсто повеќе случаи на заболени со рак


 Директорот на Клиниката за онкологија при Универзитетскиот клинички болнички центар на Косово, Илир Куртиши, изјави дека бројот на нови случаи на рак во Косово расте со стапка од околу 5 проценти годишно. Тој објаснува дека тој тренд е резултат на неколку фактори, вклучувајќи загадување на воздухот, пушење или неурамнотежена исхрана, но и поголема свест кај […]

САД го вооружуваат Косово: Пристигнуваат нови оклопни транспортери, а наскоро се очекуваат и ракети „Џавелин“


Косовските безбедносни сили набавија непознат број оклопни транспортери М117 од САД, со што продолжи процесот на дополнително вооружување на Косово. Во видеата од Косово, неколку камиони за влечење ја снимија испораката на оклопни возила М1117 за косовските безбедносни сили. Не е познато колку оклопни транспортери се набавени за потребите на косовските безбедносни сили, иако косовските […]

Косовски адвокат донесе магариња пред Собранието што никако да се конституира


Адвокатот Арианит Кочи денес повторно протестираше пред Собранието на Косово поради блокадата на институцијата и донесе четири магариња на неа. Како што беше кажано, тој го направил тоа поради блокадата во конституирањето на новото свикување на највисокото законодавно тело на Косово. Кочи им рече на новинарите дека тоа е симбол на протест против „тврдоглавоста на […]

Пропадна и 37-от обид за конституирање на Собранието на Косово


Собранието на Косово ни денеска не беше конституирано, бидејќи ниту во 37-от обид предлогот за формирање на изборна комисија за избор на претседател на парламентот не го доби потребниот број гласови. За формирање на комисијата гласаа 52 пратеници, а немаше воздржани или гласови против, пренесе Бета. Претседавачот на конститутивната седница, Авни Дехари од движењето Самоопределување, […]

И по два месеца, не е конституирано новото Собрание на Косово


Собранието на Косово денеска, на 32. продолжение на седницата што почна пред точно два месеца, повторно не успеа да ја конституира изборната комисија, поради што седницата беше прекината. Нејзино продолжение е најавено за 17 јуни. За формирање на комисијата гласале 45 пратеници, еден бил против, а останатите не учествувале. Партиите Демократската партија на Косово, Демократскиот […]

Владата на Косово е подготвена да го прифати барањето на САД за прием на странски државјани


Владата на Косово во оставка потврди дека е подготвена на соработка со САД за прифаќање и привремено преселување на државјани од трети земји во Косово, во согласност со утврдени услови, изјави денеска портпаролот на косовската Влада, Перпарим Криезиу. – Во период од една година, до педесет лица можат привремено да се преселат, со цел да […]

Косово: И 28. обид за конституирање на парламентот заврши без успех


 Конститутивната седница на Собранието на Косово повторно беше прекината, по 28. пат, откако пратениците не постигнаа договор за тајно гласање за избор на претседател на парламентот. Следното продолжение е закажано за 9 јуни. На седницата присуствуваа 85 пратеници, од кои 48 гласаа „за“, никој не беше „против“, ниту воздржан. Сепак, не беше прифатен предлогот на […]

Револуција во Косово: Погледнете како изгледаат модерните стадиони, се градат десетици


Во Косово, во моментов се случува вистинска ренесанса во модернизацијата на стадионите, што е еден од првите и клучни чекори кон подобри резултати во иднина. Во последните години, во косовскиот спорт се случува вистинска ренесанса. По овој повод, се градат модерни стадиони, а властите не штедат пари кога станува збор за проектот, кој треба да […]

Актуелната влада на Косово е подготвена да разговара со Велика Британија за центри за мигранти


Владата на Косово изрази подготвеност да разговара со официјален Лондон за предлогот за формирање „Центар за враќање“ во Косово за барателите на азил одбиени од Велика Британија. Таа изјава доаѓа по медиумските извештаи дека Велика Британија го разгледува Косово како една од можните земји за прием на мигранти кои го завршиле процесот на жалба за […]

Косово го забрани увозот на пилешко месо од Бразил поради птичји грип


Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово објави забрана за увоз на пилешко месо и други производи од живина од Бразил поради појава на птичји грип, јавува Анадолу. Привремената забрана стапува на сила веднаш и е одговор на потврден случај на птичји грип на комерцијална фарма во државата Рио Гранде, Бразил, пријавен од бразилските власти […]