Работната група на Македонија и Бугарија постигна согласност за активностите за изградба на прекуграничниот железнички тунел на Коридор 8


Денеска во Софија се одржа првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на Коридор 8. Согласно Договорот, со работна група претседаваа замениците министри за транспорт на двете земји. Од наша страна претседаваше заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, а од […]

Македонија остана без грант од ИПА фондовите за железницата


Поради поминат временски период, и доцнење на изведбата, парите од ИПА повеќе не се достапни, па Владата премина кон промена на договорот, со цел да може и понатаму да користи од договорените кредити за овој грандиозен проект.   – Со оглед на фактот дека во предвидениот рок не беше склучен договор за градба, ИПА алоцираните […]

Неделава ќе се објави тендерот за гасоводот со Србија, најави Мицкоски


Поврзувањето е стратешко позиционирање и цел на Владата. Коридорите 8 и 10 се стратешки за Македонија како држава од многу аспекти и затоа тоа е наш најголем приоритет, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски при увидот на активностите за изградба на автопатот Гостивар – Букојчани. – Изградбата на автопатот, модернизацијата на пругата, брзата пруга на Коридорот […]

Села: Владата прави девијација на Коридор 8, а како изговор го користи УНЕСКО


Пратеникот Зијадин Села денеска на прес-конференција обвини дека Владата се подготвува да направи девијација на Коридор 8 и да го напушти предвидениот правец, при што како причина се наведува заштитата на подрачјето под УНЕСКО. – Владата се подготвува да направи девијација на Коридорот 8, наместо да се реализира проектот кој е многу значаен за економијата […]

За ДУИ е неприфатливо отстранувањето на делницата Требеништа – Струга – Ќафасан, како дел од Коридорот 8


Демократската унија за интеграција денеска преку соопштение до медиумите реагира на изјавата на министерот за транспорт јавно кој деновиве рече дека делницата Требеништа – Струга – Ќафасан, како дел од Коридорот 8, може да биде исклучена од проектот, повикувајќи се на ограничувања поврзани со УНЕСКО. „Оваа изјава е алармантна и неприфатлива“, реагираат од ДУИ. Тие […]

Потпишана заедничка декларација за Коридорот VIII, со фокус на интеграцијата во ЕУ и регионалната безбедност


Шефовите на делегациите што учествуваа на министерскиот состанок за Коридор VIII во Тирана денеска потпишаа заедничка декларација, нагласувајќи ја својата посветеност за тесна соработка и добрососедски односи. Во декларацијата Коридорот VIII се смета за стратешка оска Исток-Запад што го поврзува Јадранското со Црното Море и како суштинска компонента на мрежата TEN-T, што придонесува за стабилност, […]

Тајани: Коридорот 8 е стратешки приоритет и на Италија за Западен Балкан


Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Антонио Тајани, на министерскиот состанок, што се одржува денеска во Тирана, порача дека Коридорот 8 е стратешки приоритет, дека не е само инфраструктурен проект, туку политички избор и дел од италијанската стратегија за приближување на Западен Балкан кон ЕУ. – Се согласувам со вас дека за Италијанците, Коридорот […]

Македонија и Бугарија в четврток ќе потпишат договор за железничкиот тунел на Коридорот 8


Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во четврток, 6 ноември, заедно со вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Република Бугарија, Гроздан Караџов ќе го потпишат Догорворот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8. На потпишувањето кое ќе се случи на железничката станица Ѓуешево, предвидено е […]

Мицкоски сака железничкиот тунел меѓу Македонија и Бугарија да го финансира ЕУ


  Премиерот Христијан Мицкоски средбата во Брисел меѓу двете делегации на Македонија и на Бугарија за доизградба на железничката пруга од Коридорот 8 и заедничкиот тунел ја оцени како исклучително успешна. „Очекувам дека овие средби ќе резултираат со следниов резултат: Ние да ја завршиме делницата од пругата Коридорот 8 од Крива Паланка до влезот во тунелот, […]

Италијанскиот институт: Москва и Пекинг го блокираат Коридорот 8, Белград и Атина притискаат за Коридорот 10


Коридорот 8 е главна оска за развој на европскиот континент. Тој треба да го поврзе пристаништето Бургас на Црното Море со албанскиот брег на Јадранското Море преку Северна Македонија. Војната во Украина дополнително ја зајакна неговата стратешка важност, но одложувањата се акумулираат веќе две децении. Ова се наведува во анализа на Италијанскиот институт за Балканот […]

Бугарија ги извртува фактите: Скопје ги негира наводите на Софија околу изградбата на тунелот


  Откако бугарските медиуми вчера известија дека „Бугарија е целосно подготвена да потпише договор со Северна Македонија и да започне со изградба на прекуграничен железнички тунел долж Коридорот 8“, од македонското Министерство за транспорт денеска одговорија дека едно се дела, а друго се зборови. „Република Бугарија повторно ги извртува фактите“, велат од Министерството за транспорт […]

Албанија потпиша договор со ЕИБ за финансирање на пругата Драч-Рогожина, ЕУ обезбедува 90 милиони евра


 Во Тирана денеска вицепремиерката Белинда Балуку, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика, и директорот на Европската инвестициска банка, Лионел Рапај потпишаа договор за финансирање на стратешкиот железнички проект Драч – Рогожина, дел од коридорот VIII. -Оваа железница е клучна артерија што ќе ја поврзе Албанија со европската транспортна мрежа и дополнително ќе ја зајакне […]

Николоски: Трасирањето на Коридор 8 е надлежност на „Бехтел и Енка“, за проблемите Владата праќа молби до нив


  За проблемите на граѓаните кои излегуваат поради трасирањето на Коридор 8 од страна на конзорциумот „Бехтел и Енка“, Владата нема многу ингеренции и може само да ги замоли за помош.  Вака одговори министерот за транспорт Александар Николоски, на новинарско прашање дали Владата ќе им излезе во пресрет на жителите од гостиварско Здуње кои бараат […]

Коридорот 8 треба да ги поврзе Бургас и Драч, а не Крива Паланка и Куманово: Мицкоски очекува јасна посветност од бугарска страна


На последната владина седница е усвоен договорот во кој што треба јасно да се прецизира обврската на страните за железничкото поврзување со Бугарија, соопшти премиерот Христијан Мицкоски, порачувајќи дека е потребна јасна посветност од бугарската страна дека Коридорт 8 е приоритетот. -На последната владина седница е усвоен Договорот во кој што треба јасно да се […]

Сѐ уште нема договор со Бугарија за на тунелот на Деве Баир


  Сѐ уште нема договор, кога би имало би го објавиле, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со заедничката изградба на тунелот на железничката пруга од Коридорот 8 од македонска и бугарска страна. Како што изјави Николовски, точно е дека се водат интензивни разговори и прашање […]

До крајот на годината треба да заврши експропријацијата за автопатите на Коридорот 8


  Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во текот на работите на Коридорот 8 во близина на Гостивар, на трасата Гостивар – Букојчани, по која директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски најави дека на овој крупен инфраструктурен проект се работи интензивно. Трајановски зборувајќи за напредокот на работите на Коридорот […]

Николоски вели дека Бугарија ги прифатила македонските аргументи за пругата


Министерот за транспорт, Александар Николоски изјави дека е започнат дијалог со Бугарија за изградба на пругата која е дел од Коридор 8. Тој рече дека Бугарија ги прифатила нашите аргументи и се очекува втор дијалог на 31 октомври. – Имајќи предвид дека Бугарија конечно ги прифати нашите аргументи, имаше еден дијалог во Брисел со претставници […]

Софија тврди дека ќе ја заврши пругата кон Македонија до 2030 година


Најдоцна до 2030 година бугарска страна ќе ја заврши пругата кон Македонија, дел од Коридорот 8. Ова го изјави министерката за транспорт и комуникации на Бугарија, Красимира Стојанова, во интервју за Бугарија ON AIR, емитувано викендов. Стојанова во интервјуто истакна дека тоа повеќепати им било кажано на властите во Скопје, вклучително и на средбата на […]

Се откочува ли железницата кон Бугарија? Скопје и Софија на состанок во Брисел ја потврдиле посветеноста за Коридорот 8


  Дали Брисел најде решение за фамозниот тунел од железничкиот Коридор 8 на границата меѓу Македонија и Бугарија, кој „завршува во слепа улица“, и барем официјално беше една од причините за прекин на постапката за третата делница на пругата Крива Паланка – Деве Баир од македонска страна? Како што соопшти вечерва Герт Јан Копман од […]

Пуштен за сообраќај дел од патниот правец Елбасан-граничен премин Ќафасан кај Струга


 Патниот правец Елбасан – граничен премин Ќафасан, кај Струга, кој е  дел од Коридорот VIII, веќе е отворен за сообраќај на возила,  по две ленти, објави албанскиот премиер Еди Рама денеска на социјалните мрежи споделувајќи видеозапис. – Дел од патниот правец  Елбасан-Кафасан,  дел од Коридорот VIII, веќе е пуштен во употреба за сообраќај, на кој […]