(ВИДЕО) Груевски дочекан со овации на конгресот во Валандово


Во Домот на културата во Валандово денеска во 11 часот продолжи со работа 16. конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на кој се очекува да биде избран новиот претседател на партијата. Досегашниот претседател на Никола Груевски на денешното продолжение на конгресот беше пречекан со аплауз и овации од присутните делегати. <iframe width=”800″ height=”420″ src=”https://www.youtube.com/embed/iKF5UbtV7XE” frameborder=”0″ gesture=”media” allow=”encrypted-media” allowfullscreen></iframe> […]

Мицкоски: Ќе бидам претседател на сите


Повеќе од 400 делегати присуствуваа на првиот ден од дводневниот 16 Конгрес во Валандово на ВМРО ДПМНЕ на кој што се избира наследник на Никола Груевски. Меѓу нив се актуелниот лидер, поранешениот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, екс градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски како и еден куп други видни поранешни и […]

Почна 16. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, присутни 411 делегати


Почна работата на вонредниот Конгрес на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од верификациската комисија на Конгресот истакнаа дека од 544 запишани делегати присутни се 411. Со тоа е исполнет условот конгресот да работи согласно Статутот на партијата. Ова е 16. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на кој треба да биде избран идниот лидер на партијата, по оставката на Никола Груевски, […]

Мицковски очекува да се соберат доволен број делегати


Кандидатот за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски пред почетокот на работата на 16. Конгрес на партијата  изјави дека очекува да се соберат потребниот број делегати. – Искрено очекувам дека ќе дојдат потребниот број на делегати денес на првиот ден на работа на Конгресот и согласно статутот и во текот на утрешниот ден, рече Мицковски, […]

Димовски не оди во Валандово: „На ВМРО-ДПМНЕ и е потребен нов концепт"


Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ, преку својот ФБ- профил, ги извести делегатите дека нема да присуствува на конгресот во Валандово. Според него, раководството и партиските органи не создале услови за демократски конгрес. Овој Конгрес, наведува Димовски, го нема легитимитетот на големото членство на ВМРО-ДПМНЕ. Димовски нагласи дека на опозициската партија и […]

Димовски не оди во Валандово: „На ВМРО-ДПМНЕ и е потребен нов концепт”


Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ, преку својот ФБ- профил, ги извести делегатите дека нема да присуствува на конгресот во Валандово. Според него, раководството и партиските органи не создале услови за демократски конгрес. Овој Конгрес, наведува Димовски, го нема легитимитетот на големото членство на ВМРО-ДПМНЕ. Димовски нагласи дека на опозициската партија и […]

Делегатите на ВМРО-ДПМНЕ пристигнуваат во Валандово


Почна пријавувањето на делегатите на 16. вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на организацискиот одбор на Конгресот, Спиро Ристовски, истакна дека им претстојат конструктивни два дена на работа на највисокиот партиски орган. „Според агендата од 17 до 19 часот трае пријавувањето на делегатите. Од 19 часот треба да почне работата на Конгресот при што ќе бидат […]

Антонио Милошоски нема да оди на конгресот


Нема да одам на Конгресот во Валандоново, изјави за тв 24 Антонио Милошоски. Извесно е дека дел од делегатите нема да бидат ниту Илија Димовски и  Борис Змејковски, како и дел од останатите потписници на иницијативата за одлагање на Конкресот. Милошоски не се појави ниту на синоќешниот состанок на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на кој ниту […]

Мицкоски: Јас имам план


Христијан Мицкоски ќе биде единствен сериозен кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот во Валандово, закажан за утре и за задутре. Од партијата велат дека до нив стигнале две кандидатури, без да ги соопштат имињата. Нашите информации говорат дека единствено Мицкоски го испочитувал предвидениот рок за пријавување до 15 часот, но, поради страв од реакции […]

ВМРО – ДПМНЕ сега бара противкандидат за Мицкоски


До 15 часот во ВМРО – ДПМНЕ пристигнале две кандидатури за претседател, соопштија од партијата. Нивните имиња не се соопштуваат. Извесно е дека едниот од нив е Христијан Мицкоски, кој важи за апсолутен фаворит и кој, според нашите информации, поднел кандидатура во предвидениот рок. Сепак, имајќи ги предвид можните реакции на јавноста доколку во најголемата опозициска […]

Мицкоски единствен кандидат за претседател на ВМРО – ДПМНЕ


Христијан Мицкоски ќе биде единствен кандидат за претседател на ВМРО – ДПМНЕ на конгресот во Валандово, закажан за утре и за задутре. Само генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, како што дознаваме, денеска до 15 часот поднел кандидатура до седиштето на партијата. Останатите потенцијални наследници на Никола Груевски, чии имиња се споменуваа во јавноста, одбија […]

Конгрес ќе има, Мицкоски нов лидер на ВМРО – ДПМНЕ


ВМРО – ДПМНЕ, сепак, ќе го одржи вонредниот конгрес во Валандово, закажан за утре и за задутре. Веќе во сабота се очекува Христијан Мицкоски да стане наследник на Никола Груевски. Тоа е заклучокот по вчерашната седница на Извршниот комитет, на која се решаваше по писмото што поранешни и актуелни функционери на ВМРО – ДПМНЕ го […]

Уште да падне режимот во ВМРО-ДПМНЕ


Александра М. Митевска Спиро Ристовски и Владо Мисајловски, некогаш високи функционери во владата на ВМРО-ДПМНЕ, патуваа можеби залудно на југоистокот на државата за на самото место да го организираат валандовскиот конгрес на партијата. Последните струења и превирања во и околу „белиот дворец“ во Скопје го доведуваат во прашање одржувањето на конгресот кој беше најавуван како […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе го разгледа барањето за одложување на конгресот


ВМРО-ДПМНЕ ќе го разгледа барањето на дел од членовите на партијата за одложување на конгресот што треба да се одржи викендов во Валандово. -Станува збор за внатрепартиско прашање и партиските органи ќе одлучат дали конгресот ќе се одложи, изјави Дарко Косотовски од ВМРО-ДПМНЕ. Во однос на обвинувањата за фаворизирање и трошење партиски пари за еден […]

Вмровците против притисоците Мицкоски да го наследи Груевски


Зголемување на делегатите на Конгресот од 544 на 5.000 делегати, одлагање на Конгресот во Валандово и закажување на нов во февруари наредната година, колективно Претседателство од три до пет члена, забрана на користење на партиската инфрастуктура за поединци, возможност на делегатите да ја пријават секоја принуда или закана, и забрана на функционери да ја користат […]

Груевски со порака до кандидатите за негов наследник


Лидерот во оставка на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски им се обрати денеска, преку својот фејсбук-профил, на потенцијалните кандидати за негов наследник во партијата. Тој апелира процесот на кандидирање и избор на лидер на престојниот конгрес во Валандово да помине во мирна и фер атмосфера. Во осумте точки наведени во неговиот статус, Груевски порачува дека кандидатите не […]

Мицковски, Милошоски и Петровски во трка за наследник на Груевски?


До правната комисија на ВМРО – ДПМНЕ, односно во архивата на партијата пристигнале првите кандидатури за наследник на Никола Груевски. Како што дознаваме, генералниот секретар Христијан Мицковски, пратеникот Антонио Милошоски и поранешниот директор на Државниот архив на Република Македонија, Филип Петровски, и официјално влегуваат во трка за нов лидер на најголемата опозициска партија во земјава. […]

Малото Валандово – голем предизвик за ВМРО-ДПМНЕ


Во салата во која секоја година се одржува „Фолк-фест Валандово“, следниот викенд ќе заседава 14. конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој се смета за историски, со оглед на тоа што сега опозициската партија треба да го избере својот трет претседател од нејзиното формирање, а по безмалку 15 години неприкосновено лидерство на Никола Груевски. Во очекување на вонредниот […]

Се бара лидер за враќање на власта


По официјализирањето на оставката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, започна да тече рокот за пријавување кандидати за негов наследник. Иако во јавноста протекоа имињата на можните наследници, прв кој признава дека ќе се обиде да стигне до челната позиција во најголемата опозициска партија во земјава е Филип Петровски, довчерашниот директор на Државниот архив на […]

Континуитет или промени во „белиот дворец“


Досегашниот развој на настаните околу вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ не ветува поголеми промени во политиките што ќе се кројат во наредниот период во раскошното седиште на сега опозициската партија. Единствената промена што моментно се чини извесна е заминувањето на Никола Груевски по безмалку една и пол деценија на партискиот трон, од кои десет години беше […]