Се чисти на територијата на Општина Гази Баба
Во текот на денешниот ден, Градот Скопје и јавните градски претпријатија ќе започнат акција за генерално чистење на скопската општина Гази Баба. Во рамките на акцијата, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ќе реализира активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците во оваа скопска општина, како и миење и дезинфекција на контејнерите поставени […]