Комисијата за уставни прашања го поддржа четвртиот амандман на Уставот


Собраниската Комисија за уставни прашања доцна попладнево со девет гласа „за“, пет „против“ и ниту еден „воздржан“ го поддржа четвртиот амандман на Уставот што произлезе од потребата за имплементација на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција. Со усвојување на овој амандман Комисијата ја заврши расправата по четирите предложени нацрт-амандмани. Со нацрт-четвртиот амандман се предлага покрај […]

Груевски купува денови на слобода


Поранешниот премиер Никола Груевски „купи“ уште неколку дена слобода, а веројатно ќе го спаси и пратеничкиот мандат. Во судот вчера почнаа да пристигнуваат поединечните жалби на сите адвокати од тимот на Груевски на одлуката на судијата за извршување санкции, кој одби да му го одложи затворот за незаконската набавка на луксузниот „мерцедес“ од над 600 […]

Следната недела почнува расправата по ребалансот на Буџетот


Во Собранието на Република Македонија следната недела почнува расправата по ребалансот на Буџетот за 2018 година. Во понеделник е закажана седницата на матичната Комисија за финансирање и буџет. Согласно деловникот на Собранието, седницата на Комисијата трае 10 работни денови. Владата го усвои предлог ребалансот на седница на 13-ти овој месец. Според предлогот на Владата, со ребалансот […]

Навреди во Собранието, прекината седница за земјоделство


Седницата на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на чиј деневен ред е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно медицински препарати денеска беше прекината по усвојувањето на дневниот ред по упатена нефоrмална навреда кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата на Комисијата, како што информираат од собраниските служби, нема да продолжи денеска. Повеќе […]

Потребни се оригинални дела, а не восочни фигури во Музејот на ВМРО


Работната група за преиспитување на општествената и стручната оправданост на постоењето на НУ Музеј на македонската борба за државност и самостојност – Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим соопшти дека не предлага затворање на музејот, туку преименување со скратување на името во: „Музеј на македонската борба за државност и самостојност“. На […]

Пратениците, конечно, ќе си ги скратат трошоците


За 33 отсто се намалува надоместокот за патни трошоци за пратениците од внатрешноста по бурата реакции во јавноста на секое објавување информации за високите суми што се исплаќаат од државниот буџет за оваа намена. На пример, пратеникот Алија Камберовски од ПЕИ, кој лани беше прогласен за рекордер со наплатени над 12,8 илјади евра за патувањата […]

Следните недели ќе се формира комисија за измени на учебниците – ќе менуваат и Македонија и Грција


Следните недели ќе биде формирана комисија, која ќе работи  на ревидирање на учебниците, при што менување ќе има и во Македонија и во Грција. Ова го истакна вечерва шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за Топ тема. – Учебници ќе менуват и двете страни. Тоа ќе биде долг процес, кој почнува со едно […]

Ѓорѓиев: Разговорите со историчарите од Бугарија ќе бидат долги


Во третата декада од јуни се очекува да се одржи првиот состанок на заедничката мултидисциплинарана комисија на Македонија и на Бугарија која треба да работи на отворените историски и образовни прашања меѓу двете земји, откако владите во Скопје и во Софија го потпишаа Договорот за добрососедство. Нашите и историчарите од Бугарија со тоа ќе ги […]

Почнува македонско-бугарската експертска дебата за историски и образовни прашања


Владите на Македонија и на Бугарија ги утврдија составот и членовите на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и на Заедничката меѓувладина комисија, согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, а се очекува деновиве во Софија експертската комисија да ја има првата средба. Како што изјави за МИА владиниот портпарол Миле Бошнаковски, Владата за […]

Мегапрослава за уште една препорака


Александра М. Митевска Не траеше долго идилата што мнозинството и опозицијата принудно ја постигнаа пред објавувањето на Извештајот на Европската комисија. Нецела седмица подоцна, истиот тој Извештај стана камен на сопнување меѓу некогашните коалициски партнери, откако претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби од ДУИ реши да организира „самит“ наместо вообичаена седница за негова […]

Ќосето падна, Филип и Александар се нишаат


Неизвесна е судбината на спомениците на Александар Македонски, Филип Втори, „Порта Македонија“ и споменикот на Мајка Тереза во градба. Дали и тие ќе бидат урнати, како што од вчера веќе минато е споменикот на Ќосето, допрва треба да одлучат Владата, Министерството за култура и други институции кои биле инволвирани во „Скопје 2014“. Мирослав Грчев, координатор […]

Архивскиот материјал во Државниот архив не е оштетен, покажал увидот на комисијата


Архивскиот материјал во зградата на Државниот архив не е оштетен, утврдила комисија составена од претставници од Влада на РМ, Архив на РМ и Јавното обвинителство, соопшти вечерва владината прес-служба. Увидот е извршен на барање на министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, а во него учествувале и секретарот на Јавното обвинителство, Митко Митревски […]

За четири години – пратениците зеле пет милиони евра за пат


„Неоспорен факт е дека од 2010 до 2014 година во Република Македонија за патни трошоци се потрошени околу пет милиони евра, што за земја како што е Македонија, со површина најмала во регионот, тоа е многу. Во која земја патните трошоци се поголеми од платите на пратениците“?, праша пратеникот Илија Николовски од Партијата на обединети […]

Министерството за здравство формира комисијата која ќе истражува како починала родилката во приватната болница


Министерството за здравство формираше комисија која ќе треба да ја истражи смртта на 31-годишната родилка во приватната болница „Санте Плус“ во Скопје. Родилката починала во четвртокот, а во болницата требало да се породи со своето прво дете. Смртта кај неа настапила кога почнала процедурата за царски рез, поради компликации при дишењето. Состојбата на бебето е […]

Европската комисија препорача одземање на правото на глас на Полска


Европската комисија денеска му предложи на Европскиот совет да отпочне постапка против Полска според членот 7 од Лисабонскиот договор, што би довело да доведе до одземање на правото на глас на Полска во институциите ЕУ. Ова е првпат ЕУ да отпочне ваква процедура против држава членка. – Со тешко срце го активиравме членот 7. Но, […]

Амандманската расправа за законот за јазиците продолжува утре а не на 25 декември


Амандманската расправа за Предлог-законот за употреба на јазиците ќе продолжи утре во 13:00 часот, соопшти вечерва собраниската Комисија за европски прашања. Расправата почна денеска, а претседателот на Комисијата Артан Груби најави дека за амандманите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе се расправа на 25 декември, кога ќе биде третиот и последен ден за расправа по […]

Тензична расправа за законот за јазици-Прекината седница на Комисијата


Собраниската Комисија за европски прашања денеска ја почна амандманската расправа по Предлог-законот за употреба на јазиците, но нема да расправа за амандманите, туку тоа ќе го стори на 25 декември. Министерот за правда Билен Салиу одби еден од амандманите на Беса. Седницата на Комисијата беше прекината откако претседателот на Комисијата Артан Груби не им даде […]

Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ ја одложи расправата за Буџетот, Власта ќе преседава со Комисијата


Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Лилјана Кузмановска денеска повторно ја одложи седницата на која треба да се продолжи расправата за Предлог – буџетот за 2018 година. Но, се очекува седница на Комисијата да има бидејќи пред заминувањето за САД претседателот на Собранието Талат Џафери го назначи пратеникот Васко Ковачевски да претседава со Комисијата […]

Утре продолжува расправата за Предлог-буџетот за 2018 година


Во Собранието на Република Македонија за утре е најавено продолжение на седницата на Комисијата за финансирање и буџет на која почна расправата по Предлог-буџетот за 2018 година. Расправата за буџетот започна во понеделникот на 27 ноември и според деловникот трае 10 работни дена. За вчера беше најавено продолжение, но по информациите за приведувањата за насилствата […]

И денеска не е закажана комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2018


Засега нема информација кога ќе продолжи седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на која на дневен ред е Предлог-буџетот за 2018 година. Претседателката на Комисијата Лилјана Кузмановска за МИА посочи дека за тоа кога ќе продолжи заседанието на седницата ќе биде објавено на собраниската веб-страна, како и за сите други комисии. Расправата за […]