Комеморација за маестро Џамбазов в петок во НОБ


Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ и МРТ ја известуваат јавноста дека на ден 28.01.2022 (петок), ќе се одржи Комеморација во чест на македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов. Комеморацијатаќе се одржи во Фоајето на Националната опера и балет во 10 часот, а неговото последно испраќање на градските гробишта во Бутел во 12 часот. Александар Џамбазов почина […]

Одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот


Во организација на Министерството за надворешни работи, денеска во просториите на Меморијалниот центар на холокаустот – Скопје, ќе се одржи комеморативно одбележување на 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот. Домаќин на настанот ќе биде заменик министерката за надворешни работи Фатмире Исаки, a ќе се обратaт и министерот за дијаспора на Државата Израел, Нахман Шаи, претседателката […]

Другаруваше со Џорџ Клуни, често кажуваше анегдоти- комеморација за Горјан Тозија


Со едноминутен молк, но и аплауз, денеска на комеморацијата која се одржа во Кинотеката, колегите, соработници и пријатели се простија од филмскиот продуцент Горјан Тозија – Медо (1954-2022). Тозија почина ненадејно по кратко боледување, а во својата обемна професионална биографија брои големи успеси во македонската кинематографија. Тозија секогаш на истиот начин се радуваше за секој […]

Комеморација во чест на Горјан Тозија


Во Кинотеката денеска ќе биде одржана комеморативна седница во чест на филмскиот продуцент Горјан Тозија (1954-2022). Тозија почина ненадејно вчера во Скопје, по кратко боледување. Неговата обемна професионална биографија вбројува големи успеси на македонската кинематографија. Тој беше филмски продуцент, поранешен државен секретар во Министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, претседател […]

Комеморација за актерката Билјана Беличанец во Драмски театар


Драмски театар-Скопје денеска од 10 часот ќе одржи комеморација за актерката Билјана Беличанец која почина во саботата. Билјана Беличанец (1973-2019) беше актерка во Драмскиот театар од 1997 година, а три години претходно работеше во Прилепскиот театар. Од дипломирањето на ФДУ во 1994 Беличанец имаше голем број театарски улоги и награди на фестивали. Играше во претставите: […]

Комеморација за актерката Мушереф Лозана


Денес напладне, во театар Комедија, ќе се одржи комеморација за актерката Мушереф Лозана, во организација на Турскиот и Албанскиот театар. Доајенката на Театарот на народностите во Скопје, каде што работеше во текот на целиот свој професионален живот, од 1955 до 1991 година, кога замина во пензија, почина во петокот, на осумдесет и петгодишна возраст (18.8.1933-29.3.2019). […]

Комеморација на ДПМ за писателот Ристо Ѓ. Јачев


Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне ќе одржи  комеморација за писателот и преведувач Ристо Ѓ. Јачев (1942-2019). Спомени за него и осврти на неговото книжевно творештво  ќе искажат писателите Петко Дабески, Бранко Цветкоски, Весна Мојсова-Чепишевска, Владимир Мартиновски и Иван Антоновски, а ќе бидат прочитани и избрани стихови од поезијата на Јачев. Поетот, раскажувач, романсиер, […]

Меланија Трамп достоинствена, во црно: Комеморација за Џорџ Буш постариот


САД- Претседатели, кралеви и високи гости од целиот свет му одаваат последна почит на поранешниот претседател на САД Џорџ Буш постариот  кој почина на 94-годишна возраст во неговиот дом во Хјустон, Тексас. Во Националната катедрала во Вашингтон е собрана цела светска политичка елита на комеморацијата на 41. претседател кој последните години, страдаше од Паркинсонова болест. […]

(Фото) Глобална комеморација во Париз: Стилот на првите дами и славните гости


Франција– Неколку пати се пресоблекуваа шефовите на држави и влади од сите пет континенти на светот, првите дами, славните гости и нивните сопруги, на централната церемонија по повод стогодишнината од крајот на Првата светска војна во Париз. Имаа дневен аутфит за Триумфалната капија,  и Елисејскиот дворец и вечерен за свечената вечера во музејот „Орсеј“. Јавноста […]

Утре во Драмски комеморација за Петрушевски – џинот од актерската сцена


Комеморацијата за актерот Ванчо Петрушевски, кој почина вчера од струен удар во скопското село Орешани, ќе се одржи утре во 10 часот во Драмски театар Скопје. – Џинот од македонската актерска сцена својата кариера ја помина токму во Драмски театар уште од 1975 година и остави безброј актерски остварувања, наведе во известувањата за комеморацијата Драмски […]

Комеморативна седница за новинарот Столе Божиновски


Во салата на општина Куманово денеска се одржа комеморатина седница за новинарот Столе Божиновски, кој почина по кратко боледување. На седницата која ја организираше Регионалниот центар на здружението на новинари, присуствуваа членови на семејството на Божиновски, градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, претставници од Советот на општината, од здружението на армиски и полициски ветерани, новинари, […]