Запалено возилото на началникот на СВР-Штип
Рано изутрината на паркинг на улицата „Ванчо Китанов“ настанал пожар на возило марка „ауди5“, чиј сопственик е началникот на СВР-Штип, Боби Гидиоски. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека во населбата Сењак е опожарено едно возило, а пријавата е од граѓанин во 03:01 часот. Веднаш е повикана Територијалната Противпожарната едница-Штип, на самото место интервенирале пожарникарите […]