Времето на храброста истече. Беше очекувано


Има еден совршен цитат на Луис Керол, англискиот писател кој ја напиша „Алиса во земјата на чудата“, кој извонредно одговара на политиките на популистите денес кои сакаат и поединците, па и јавноста, да се повинуваат на нивните ставови. Тој цитат (не е од „Алиса“, туку од поемата „Ловот на Снарк“) денес често се употребува во […]

Рационалноста ѝ рекла збогум на Македонија


Македонија живее во лош филм кој – никако да заврши. Ако ја парафразирам култната реченица во филмот на Емир Кустурица „Се сеќаваш ли на Доли Бел?“ – „Секој ден во секој поглед сѐ повеќе напредувам“, нашата би гласела – секој ден во секој поглед Македонија назадува. Оваа епска хистерија околу загрозениот идентитет што ни се […]

Градоначалниците удрија на „леб и игри“, но што е со клучните проблеми


Општинските татковци удрија на забава – речиси секојдневно се одржуваат или се во најава концерти, перформанси, журки… Вистински период на „леб и игри“ во пресрет на локалните избори оваa есен, додека клучните проблеми на граѓаните остануваат на маргините. Вниманието на младите летово се привлекува со звучни домашни, но и меѓународни музички ѕвезди, што во овие […]

Дали Демократите ќе извлечат поука од победата на Зохран Мамдани?


Демократската партија е на раскрсница. Може да продолжи да промовира политики што одржуваат расипан и наместен економски и политички систем и да ја игнорира болката на 60% од Американците кои живеат од плата до плата. Може да им сврти грб на соништата на помладата генерација, која, ако не го промениме тој систем, веројатно ќе биде […]

Моралната одговорност не се мери на избори


Премиерот Христијан Мицкоски многу добро ја знае разликата меѓу политичка, морална и кривична одговорност. Како лидер на опозицијата илјадници пати јавно побарал оставки и одговорност за „велепредавствата на државните и национални интереси“, за корупција и организиран криминал, за трагедии кои се случиле за време на претходната власт. Денес кога од него се бара оставка Мицкоски […]

Искушението на Синодот


Синодот на МПЦ-ОА денеска ќе донесе историска одлука. Карактерот на „историска“ ќе произлезе и од тоа ако биде донесена и од тоа ако не биде донесена. Што и да се случи на денешната синодска седница, во полн состав, тоа ќе има историско значење. Изборот на нов митрополит на Охрид ќе значи историска пресвртница во развојот […]

Ги доби ли премиерот двете илјадарки да купи 62 свеќи


Транспарентната влада не објави информација дали премиерот Христијан Мицкоски ги добил двете илјадарки што му ги остави на улица таткото на загинатиот музичар во трагедијата во Кочани. Парите беа наменети да купи 62 свеќи и да оддаде почит на сите што го загубија животот во кочанскиот крематориум. Порaката не беше ни политичка, ниту партиска, а […]

Висар Ганиу може да стане „Артан Груби момент“ за Мицкоски


Ловот по дивоградби на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дојде толку неочекувано за македонската јавност што ги најде неподготвени владините партнери – ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Вреди“. Данела како некаква македонска варијанта на Јованка Орлеанка, или како осовременување на митот за Сирма војвода, оди од градилиште до градилиште, од зграда до зграда и со нејзиното „убиствено“ […]

Кремљ нема да го поткопа Вучиќ, туку ќе му помогне


Веста дека Србија испорачува оружје на Украина преку трети земји престана да биде вест пред повеќе од две години. Престана да биде вест толку многу што во јуни 2024 година, српскиот претседател Александар Вучиќ или се фалеше или се правдаше во интервју за „Фајненшл тајмс“ дека испораките достигнале 800 милиони евра и дека не може […]

Украина штотуку ги измени правилата на војување


Во недела наутро, на 7 декември 1941 година, Империјалната јапонска морнарица ги измени правилата на војување. Речиси никој не замислуваше дека Јапонците можат да се протнат низ целиот океан за да нападнат „неосвојлива тврдина“, како што американските стратези го опишаа Хаваи. Сепак, токму тоа го направија. Јапонските авиони лансирани од шест носачи на авиони успеаја […]

Македонија најбогата на Балканот


Треба да се упатат јавни честитки на премиерот Христијан Мицкоски и неговата десна рака Александар Николоски, со должно извинување за критиките, бидејќи Македонија навистина ќе биде  најбогата на Балканот, како што ни вети премиерот со радосната вест директно од Америка од првиот ред на приврзениците на американскиот претседател Доналд Трамп. По скромната милијарда на унгарскиот […]

Збогум, Америка


Дали влегуваме во ера кога Соединетите Американски Држави едноставно се помалку важни? Ова прашање може да звучи чудно, со оглед на тоа што Америка останува водечка воена и технолошка сила во светот, издавач на резервни валути и сидро на глобалниот финансиски систем. Но, со оглед на тоа што САД одлучија да се повлечат од својата […]

Кочани е најтешкиот испит за Мицкоски, додека мајките одат со сликите на нивните загинати чеда


Молкот со кој кочанчани стоички го искажуваат гневот на маршевите по трагедијата во која загинаа 62 лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ е единственото средство кое го одбраа за политички да се дистанцираат. Не прифаќаат да бидат премачкани со политички бои, затоа што пожарот ги снајде сите. Не бираше по никаква основа. Ги сплоти во […]

Салвадор во Македонија


Има една чудесна реплика во култниот филм „Третиот човек“ на Керол Рид, едeн мрачен трилер од 1949 година, чие дејство е сместено во Виена окупирана од сојузниците. Орсон Велс, „третиот човек“, криумчар на пеницилин, му го кажува ова на Џозеф Котен во темните улици: „Впрочем, не е толку страшно. Знаеш што рече човекот – во […]

Со оцрнување на партизаните сакаат да го релативизираат усташкото злосторство


Се чини дека Сатаната влегол во некои хрватски свештеници. И политичари. Тој им ги замагли умовите и им ги помеша концептите за Добро и Зло во главите, па сега несреќниците шетаат низ светот велејќи дека партизаните не ја ослободиле Хрватска во 1945 година, туку ја окупирале. Од овие френетични зборови произлегува дека Хрватска била слободна […]

Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски


Ќе престанат ли премиерот Мицкоски и владините министри конечно со лагите дека врвен државен интерес е членството на Македонија во Европската унија и дека и натаму евроинтеграцијата останува најголемата и цел на оваа власт. Нивната највисока  определба е партискиот интерес, а тоа е да победат на локалните избори и да освојат апсолутна власт и да […]

Далеку е Скандинавија


Премиерот Христијан Мицкоски деновиве, при посетата на Штип, се пофали дека на локално но и на централно ниво покажале дека институциите во Македонија „можело да се менаџираат без афери кои што ќе значат криминал, корупција, злоупотреба“. Или, како што го сублимираше во неколку збора: „покажавме европско, би рекол скандинавско управување“. Оваа негова изјава беше дадена […]

Америка станува најголем даночен рај во светот


Доналд Трамп брзо ги претвора Соединетите Американски Држави во најголем даночен рај во историјата. Само треба да се забележи мандатот на Министерството за финансии да се повлече од режимот на транспарентност што ги споделува вистинските идентитети на сопствениците на компаниите; повлекувањето на администрацијата од преговорите за воспоставување Рамковна конвенција на ОН за меѓународна даночна соработка; […]

Трамп и триумфот на технолордовите


Неолиберализмот не беше ниту нов, ниту особено либерален кога преовлада пред 50 години. Неговата голема предност беше неговото остро отстапување од класичниот либерализам. Иако им оддаваше почит на либералните мислители, неолиберализмот не го делеше ниту нивниот метод ниту нивниот концепт за пазарот. Денес, ние сме на прагот на уште една, подеднакво длабока, идеолошка иновација. За […]

Водвиљ во Владата, а и околу неа


Драмата во „Вреди“ не дојде одненадеж, како што можеби изгледаше пред четири-пет недели, туку таа тлееше подолго време внатре во коалицијата, но не беше јавно изнесена. Таа драма, или караница, министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, само јавно ја изнесе. И го навлече гневот на неговите тројца […]