Рушвет земјоделие


Рушвет врати отвора – ама рушвет врати и затвора. Ако не се пофали тој што зел, ќе се пожали тој што дал. Вака искусни земјоделци во една реченица, со турски архаизам, ја објаснуваат ситуацијата во македонското земјоделие по големиот ИПАРД скандал кој ја тресе Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделието или како што ја […]

Зборовите на една песна


Во месецот на тага и сеќавање на жртвите од Вуковар, ни треба единство, достоинство и мир, а не поделба и нетолеранција – изјави градоначалникот на Сплит, член на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Томислав Шута, осудувајќи го „инцидентот“ во квартот Блатине. „Инцидент“ беше името дадено на организираниот марш на околу стотина црнокошулаши кои, скандирајќи го усташкиот […]

Какво соломонско решение очекува Сиљановска?


  Интервјуто на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во емисијата „360 степени“ на МРТ буди потреба од промптна реакција, не само заради искуствата од три и пол децениското макотрпно етаблирање на земјата како самостоен, суверен меѓународен фактор, туку и како потреба од исчекор во и од нашата инертна политичка практика. Самата изговорена референца на претседателката дека очекува […]

Меѓу популистичките баталјони


Андраш Пап е професор по уставно право во Центарот за социјални студии во Будимпешта. Во еден подолг текст за Verfassungsblog, глобален форум за научна дебата за соочувањето на академијата и општеството, тој пишува како унгарските популисти и режимот на Виктор Орбан ги поткопуваа академските слободи за потоа да можат да го контролираат и општеството. Пап […]

Дали овде има Турци (втор пат) или неофашизам од реинкарнација до дело?


На крајот на 2010 година („Вијести“, 13 октомври 2010 година) објавив текст со наслов „Дали овде има Турци?“ Текстот беше мотивиран од настаните од тоа време и започнуваше со овој вовед: „Се фрлаат бомби, се палат муслимански продавници. Се пука по кафулињата со зборовите ‘Дали овде има Турци?’, Љубица Беба Џаковиќ се сеќава на мрачните […]

Една долга, мрачна ноќ


Кога пред два месеци, сега веќе познатиот графит се појави на фасадата на зградата во населбата Утрине во Загреб, каде што живее писателот Миљенко Јерговиќ – напишан со црна боја во спреј „Една августовска ноќ, на Миљенко нема да му биде добро“ и додадено со сина боја „Нашата земја, наши правила“ – цела Хрватска се […]

Митот за Русија како велесила засекогаш исчезна


Лорд Палмерстон е познат по тоа дека се пошегувал за данско-германската војна од 1864 година оти само тројца луѓе ја разбрале причината зад неа: еден кој умрел, еден кој полудел и третиот кој заборавил. Ако тој конфликт некогаш се чувствувал како врв на стратешка апсурдност, војната меѓу Русија и Украина некако ја подигна летвичката. Размислете […]

Како да се измерат победата и разочарувањата


„Синоќа сонував дека повторно отидов во Мандерлеј“. Воведната реченица на најпознатиот роман на британската писателка Дафне ду Морие, „Ребека“, е една од најубавите воведни реченици во англиската фикција. Англиските книжевни критичари оценуваат дека Морие со еден потег го воспоставува гласот, местото и атмосферата на сонот во приказната. Романот е издаден во 1938, а само две […]

Како индивидуалниот гнев ги носи поделбите


Секоја генерација верува дека живее во невидена ера со уникатни предизвици. Но, одново и одново, истите модели и мотивации ги ослабнале, па дури и ги уништиле цивилизациите, или ги зајакнале и им овозможиле да напредуваат. За да се учи од минатото, потребно е да се препознаат неговите симетрии и резонанси. На пример, подемот и падот […]

Америка раководи со НАТО, а Европа зависи од НАТО


Живееме во опасен и непредвидлив свет.  Денес, за жал, повеќе нема потреба да се скицира или упатува на  постоењето на можните воени закани. Популациите на Балтикот, Полска, Романија, Молдавија и пошироко, психолошки ги доживуваат хибридните и миграциските последиците од војната од прва рака, и тоа на прагот на Европа. Која денес од овие држави или […]

Зошто работниците се свртуваат кон десницата?


На Западот му се заканува сениште – сеништето на работничката класа која остана без политички претставник. Заведени од песната на сирените на „третиот пат“ – Бил Клинтон, Тони Блер и Герхард Шредер – силите на левиот центар со децении се откажуваат од јазикот на класната борба. Во нивната желба да се прикажат како сигурни, ефикасни […]

Трагедијата на Макрон


Франција урна рекорд на сите времиња. Нејзиниот премиер, Себастијан Лекорну, поднесе оставка помалку од 24 часа по формирањето на својата влада. Во земја каде што уставот од 1958 година ја поткрепуваше институционалната стабилност врз основа на политичкиот примат на претседателството, ова е огромен политички шок. Па, како Франција стигна до оваа точка? Во време кога […]

Продуктивноста на капиталот е проблем за Македонија


Светска банка излезе со документ со наслов: „Кон подобри работни места“. Она што е подобро на макроекономско ниво можеби не е добро за мнозинството во Македонија при изразена нееднаквост и сиромаштија. Понатаму, иако филозофски, сепак е легитимно и размислувањето во македонски контекст, настрана од статистичката елаборација на економистите, дека во просек, статистички, веројатноста е помала […]

Чија е заслугата за СЕПА


Граѓаните и компаниите во земјава од вчера плаќањата во евра кон странство можат да ги извршуваат многу поевтино и побрзо отколку до сега, преку домашните банки во рамки на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Тоа на нив, но и на државата во целина ќе им донесе милиони евра заштеди во текот на годината, […]

Создавање или рушење на демократијата


ЊУЈОРК – На 24 септември, 20 демократски земји од глобалниот Север и Југ – вклучувајќи ги Бразил, Чиле, Норвешка и Шпанија – се собраа во Обединетите нации не само за да ја потврдат својата посветеност на демократијата, туку и да развијат агенда што ќе ја одржи и збогати. Членството на оваа група, Democracia Siempre (Демократија […]

„Направи или умри“ за Обединетите нации


ПРЕТОРИЈА – Повеќе од 140 светски лидери отпатуваа во Њујорк овој месец за да го одбележат несреќниот 80-ти роденден на Обединетите нации. Водечката мултилатерална организација во светот е создадена по Втората светска војна „за да ги спаси идните генерации од неволјата на војната“. Но, како што неодамна призна генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, организацијата […]

Што би можел да направи за светот договор за климата меѓу Кина и ЕУ


ЛОНДОН – Обично се слушаат две приказни за Кина и климатските промени. Првата е дека Кина е лидер во светот по емисиите на стакленички гасови, бидејќи продолжува да гради повеќе електрани на јаглен. Втората е дека Кина е лидер во светот во развојот на чисти технологии што ќе им овозможат на сите земји да ги […]

Погрешниот потег на Федералните резерви


ВАШИНГТОН – Како што се очекуваше, Федералните резерви на САД ја намалија својата каматна стапка за 25 базични поени, на 4-4,25%. Мало мнозинство од Федералниот комитет за отворен пазар (FOMC) кој ги одредува стапките очекува повторно да ги намали на состаноците во октомври и декември, а дополнително олеснување се очекува во 2026 година. Но, Федералните […]

Опасната илузија на популистичкиот камп против штедењето


За да се разбере популистичкиот бунт против слободната трговија и другите столбови на мејнстрим економијата – бунт што американскиот претседател Доналд Трамп го искористи за своите политички амбиции со извонредна вештина – мора да се осврнеме на движењето против штедењето што следеше по глобалната финансиска криза од 2008-09 година. По кризата, застапниците против штедењето почнаа […]

Славенички салви за поразите и неостварените надежи


Ги слушам топовските салви како одекнуваат од скопското Кале спроти 34-годишнината од независноста на Македонија. Сѐ е исто како и лани, како и сите овие изминати години. Се слават големите успеси без да се набројат, оти малку што има да се брои. Се поделија наградите за заслуги, повторно по којзнае кој пат гледавме здодевни свечени […]