Мицкоски ја кажа вистината за ВМРО-ДПМНЕ


Македонија може да здивне за својата европска иднина. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја кажа вистината за неговата партија соопштувајќи ја гаранцијата за добрососедство со Бугарија што ќе го отвори патот за непречени преговори со ЕУ и брзо членство во европското семејство. Доволни беа две  реченици на наводниот иден премиер и да се решат сите […]

Пировата победа на Нетанјаху


Блокот на еврејски супремацисти, месијански националисти и ултраортодоксни теократи предводен од Ликуд на Бенјамин Нетанјаху победи на општите избори во Израел, откако претрпе четири последователни порази за помалку од четири години. Ниту едни од овие избори не беа за идеологија или политика, туку за способноста на Нетанјаху да биде премиер. Нетанјаху овој пат успеа од […]

Збогум на мирниот развој, доаѓа ерата на мегазаканите


Тешките мегазакани ја загрозуваат нашата иднина – не само нашите работни места, приходите, богатството и глобалната економија, туку и релативниот мир, просперитет и напредок постигнат во изминатите 75 години. Многу од овие закани не беа ни на нашиот радар за време на просперитетната ера по Втората светска војна. Пораснав на Блискиот Исток и Европа од […]

Зошто Американците гласаат за екстремисти?


Се чини дека американските гласачи се подготвени да ѝ ја предадат контролата на Претставничкиот дом на Републиканската партија, а можеби и на Сенатот, на среднорочните избори. Истото важи и за многу државни трки, каде што анкетите покажуваат дека републиканците добиваат предност. Таквиот исход може да има длабоки последици за американската демократија, особено ако резултира со […]

Колкава е цената на епохалните грешки?


Можат ли СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да се договорат за едно единствено прашање, за кое двете најголеми политички партии, сите нивни програми и сите нивни лидери, премиери, влади и претседатели веќе 31 година имаат иста цел – Македонија да стане членка на ЕУ. Со тоа конечно иднината да не ни биде судбина, туку самите да ја одредиме. […]

Крајот на историјата заврши, сега е време да го замениме


На 11 октомври во Брукингс институтот во Вашингтон се одржа дебата на темата „Како демократиите можат да ја обликуваат променетата глобална економија“. Главен говорник беше вицепремиерката и министерка за финансии на Канада, Кристија Фриленд. Во своето обраќање таа објави дека „крајот на историјата“ сега и официјално заврши и дека мора да се напушти оптимизмот оти […]

Контрабанда


Нема причина да ѝ се воведуваат санкции на Србија и тоа нема да се случи. Сите закани од тој вид најмногу доаѓаат од српските власти. Кои се точно нивните пропагандни и политички цели, може само да се претпостави. Тоа, сепак, не е толку важно. Она што се однесува на санкциите важи и за наводните притисоци. […]

Уште еден доказ дека ова навистина е крајот на историјата


Во текот на изминатата деценија, глобалната политика беше силно обликувана од очигледно силни држави чии лидери не се ограничени со закон или уставни контроли и рамнотежи. И Русија и Кина тврдат дека либералната демократија е во долгорочен пад и дека нивниот бренд на мускулеста авторитарна влада е способен да дејствува решително и да ги заврши […]

ЈСП пука по сите рабови


ЈСП пука по сите рабови. Она што изгледаше како колапс поради немање пари, сега се претвора во политичко-партиска пресметка врз повеќе основи. Хаосот што со години владееше на скопските улици со квази протести за сѐ и сешто, а што  потоа се пресели во Собранието, очигледно сега „метастазира“ на други нивоа, или како што објави самата […]

Кој води антиевропска политика во Македонија?


Обвинувањата на опозицијата, ВМРО ДПМНЕ и Левица, дека власта, СДСМ и ДУИ, водат антиевропска политика може да биде добра вест доколку е искрена и означува почеток на политичката борба за побрзо и поуспешно остварување на обврските кои произлегуваат од преговорите на Македонија со ЕУ. Тоа би бил голем пресврт по долгогодишните јалови, штетни и многу често подземни […]

Како Европа може да се прилагоди да живее без руски гас со години


Русија историски испорачуваше околу 30 отсто од потрошувачката на гас на ЕУ и Велика Британија преку гасовод. Тој извоз веќе е намален за 75 отсто. Ако Москва целосно ги спречи, дали Европејците ќе замрзнат до смрт во зима, како што предупредуваа руските пропагандисти? Речиси сигурно не. Всушност, изгледа како Европејците да имаат многу поголем капацитет […]

За бугарскиот цар… уште еднаш


„Никој нема монопол на вистината“. Со овие зборови му одговори бугарската амбасадорка во Израел, Румјана Бачварова, на директорот на Меморијалниот центар за холокаустот „Јад Вашем“ во Ерусалим, Дани Дајан, откако тој побара од историчарите во музејот да ги проверат фактите изнесени во книгата „Бугарската армија и спасувањето на бугарските Евреи“. Само една мала дигресија – […]

Нов монетарен режим


Една од причините за финансиските кризи е промената на монетарниот режим. Што значи тоа? Да ги земеме за пример седумдесеттите години од минатиот век. На самиот крај на деценијата и по неколку години растечка инфлација, Пол Волкер, гувернерот на американската централна банка, ја зголеми каматната стапка за релативно краток временски период на 20 проценти. Целта […]

11 Октомври 2022. Борба за утре, не за некни


Аспарух Јосифоски, Душко Наумоски, Блаже Спироски, Милан Димоски, Драган Спироски, Никола Попоски, Мизе Козар, Пеци Крстески, Јонче Јанески, Благоја Корубин, Душко Ристески, Мице Димески, Крсте Црвенковски, Коле Чашуле, Киро Ќососки, Киро Базеркоски. Ова се имињата на шеснаесетте партизани од одредот „Гоце Делчев“, кои на 11 октомври 1941 година, ги напаѓаат прилепскиот участок и затворот и […]

Враќањето на Борисов не е пат кон стабилност


Кој победи на бугарските избори, Западот или рускиот претседател Владимир Путин? Може ли Москва да ја искористи хроничната политичка нестабилност во оваа црноморска нација каде што проруските чувства се продлабочуваат? Ова се прашањата што го информираа меѓународното покривање на минатонеделните бугарски избори, четврти пат кога земјата се упатува кон гласачките кутии од април 2021 година. […]

Ковачевски да му бакне рака на Мицкоски


(Колумна за Дојче веле) Да бев на местото на премиерот Димитар Ковачевски ќе појдев во Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ и ќе му бакнев рака на Христијан Мицкоски да ми ја каже волшебната формула како ќе ја спаси Македонија оваа и наредната година од енергетска криза и притоа државата да заштеди 300 милиони евра. По јавната […]

Целта не е Артан Груби, туку Али Ахмети


Не треба голема политичка проникливост за да се разбере дека пораката за промена на Артан Груби од страна на дружината спектакуларно наречена „огнена група“, во основа има друга вистинска цел – детронизирање во догледно време на неприкосновениот лидер на ДУИ, Али Ахмети. Моментот во којшто се појави писмото на „огнените“ е индикативен – опозицијата подготвува […]

Зошто сите го сакаме Федерер?


Кралицата Елизабета Втора беше погребана во понеделникот, а Лондон сега е сцена на уште едно потресно збогување: Роџер Федерер ќе се пензионира по Лејвер купот, тимски натпревар што се игра таму овој викенд. Се веруваше дека Федерер (41) се надева на уште еден настап на Вимблдон, кој го освои рекордни осум пати. Но, по повеќе […]

Колумна на Бесими за новиот закон за буџети: Реформа за поголема отчетност, дигитализација и подобро долгорочно планирање


Министерот за финансии Фатмир Бесими во колумна се осврнува на новиот Закон за буџети, кој деновиве беше донесен во Собранието. Колуманата ја пренесуваме интегрално:   Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес – да започнеме. Со мудрите зборови на нашата хуманитарка Мајка Тереза, која остави длабока трага во историјата, ја започнувам оваа […]

Евтини заеми


Првата вест за Србија беше „добивме милијарда евра“. Потоа „со три отсто камата“. Потоа се пишуваше дека се работи за долари. Се разбира, се работи за заем, иако не знам, можеби е некаде објавено за колку денови, месеци, години. Дали има депозит и кој е одговорен доколку се појават проблеми? Како што често се случува, […]