И на Исток и на Запад и кај нас ништо ново


Кој за што, Бугарите на избори. Петти пат за две години. Резултатот горе-долу ист. Граѓаните не избраа стабилна влада. Нема крај на политичката криза во Бугарија. Собранието останува блокирано. Победничките партии на поранешните премиери Бојко Борисов и Кирил Петков не можат да коалицираат бидејќи разликите се непремостливи. На повидок се веќе годинава, во октомври, шести по ред парламентарни […]

Ден на жалост за Македонија


Судиите и обвинителите слават: Со трибини и со обраќања го одбележуваат Денот на правосудството во државата. Реалноста е дека нема потажен ден во Македонија од овој денес и дека Вардар не може да ги испере веќе од одговорноста овие заштитени структури, заради кои во голема мерка го допревме дното како европска држава. Ако се тргнат […]

Што вели обвинението на Доналд Трамп за американската демократија?


Па, тоа конечно се случи. Трамп е обвинет. За демократите и расфрланите анти-трамписти од десницата, веројатно нема да биде чувство ни приближно толку задоволувачки или да генерира schadenfreude (насладување) онолку колку што си замислувале. Всушност, може да изгледа позитивно антиклимактично. На крајот на краиштата, Трамп не беше обвинет за неговите политички злосторства и прекршоци. Други […]

Пречките на патот за Фронтот за Европа


Претседателот на владата, Димитар Ковачевски, деновиве во интервју изјави дека следните претседателски и парламентрани избори нема да се одржат во ист ден следната година како што посакува опозицијата, иако за изборот на пратеници треба да се гласа по само два до три месеци. Според него, станува збор за различни избори, за кои се предвидени средства […]

Казино капитализам


Спектакуларниот колапс на Банката во Силиконската долина (СВБ) – втор по големина банкарски неуспех во историјата на САД – ги разбуди сеќавањата на падот на Леман Брадерс во 2008 година, што ја предизвика најтешката економска криза од Големата депресија. Но, сегашната ситуација, барем за Германците и другите Европејци, повеќе потсетува на „сломот на основачите“ (Gründerkrach) […]

Вештачки идиотизам


Нема ништо ново за „четботовите“ кои се способни да одржуваат разговор на природен јазик, да ја разберат основната намера на корисникот и да понудат одговори врз основа на претходно поставени правила и податоци. Но, капацитетот на таквите чет-ботови е драматично зголемен во последниве месеци, што доведе до виткање раце и паника во многу кругови. Многу […]

Мицкоски: Човек со план… за статус-кво


Лани во јануари, само еден месец пред руската инвазија на Украина, германската министерка за надворешени работи, Аналена Бербок беше во Москва во обид да го спречи она што изгледаше како неминовно. И да го предупреди нејзиниот домаќин, искусниот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, кој тогаш полнеше 18 години на тоа место, за консеквенциите ако Русија […]

Пречистете ги рачињата од медот


Речиси и да нема потреба да се зборува колку му е потребна на Скопје пречистителна станица за отпадни води, и тоа не само за исполнување на европските обврски во екологијата или да се тргне петното од Скопје, за кој се вели дека е единствен главен град во Европа без пречистителна станица. Туку за во Вардар […]

Маките на Вучиќ и Курти


Процесот на нормализација на односите меѓу Србија и Косово, колку и да е тежок, полесно се одвива на меѓусебните средби на претседателот Александар Вучиќ и премиерот Албин Курти и со американско-европските посредници, отколку тензиите што ги чекаат во Белград и во Приштина. Изгледа тоа е непишано правило на Балканите. Полесно е со противниците отколку со домашните. Ништо не се […]

Српски работи: Крстосувачот „Аврора“


Триесет и три години ја кажувам таа работа и како да му зборувам на  Берлинскиот ѕид: власта не е проблемот во Србија. Власта е таква каква што е, Србите и онака не ја бираа. Не е политика Задруга, кандидатите за власт да се исповедаат на Дрвото на мудроста во Рајската градина, па тој што ќе […]

Припитомување на волците Вучиќ и Курти


Не така одамна, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на јавен настап божем го праша новинарот, а всушност, како што е негова вообичаена тактика, им се обрати на Србите со зборовите: Дали сте виделе некогаш припитомен волк? Во циркус има лавови, слонови, тигри, разни диви животни, ама нема волк. Алузијата со неговото презиме и пораката што ја […]

МАНУ влезе во матни води


Подолг временски период во јавноста се поставува прашањето каков е ставот на Академијата во однос на решавањето на дилемата која нѐ мачи и која едноставно е поставена: Европска унија, да или не. Според  мое мислење, ставот на Академијата не е единствен и артикулиран за да можам да кажам „ставот на Академијата е таков и таков“. […]

Осумдесет години болка


Пред некој ден една поголема група бугарски научници го повика тамошното општество конечно да се соочи со мрачните моменти од неговата историја и наместо да се  митологизираат настаните од почетокот на март 1943 година наречени „Спас на бугарските Евреи“, да биде кажана целата вистина – дека кога државата ги спаси бугарските Евреи, таа истовремено ги […]

Во каков свет ќе живееме по крајот на војната во Украина    


Една година по руската инвазија, војната на Украина продолжува да беснее со невидена жестина и бруталност. За геополитичарите, оваа војна претставува „забрзување на историјата“ и епохална промена на светот кој го познававме по Втората светска војна. Впрочем и Маркс запишал дека „војната е родилка на историјата“, творец на тектонски пореметувања. Затоа за мнозинството аналитичари неколку […]

Зошто западните санкции не ја уништија руската економија?


Американскиот претседател Џо Бајден ги заслужува сите пофалби што ги доби за неговото неодамнешно патување во Украина и Полска по повод одбележувањето на првата годишнина од целосната инвазија на Русија. Десетчасовното возење со воз на Бајден од полската граница до Киев – не е мал подвиг за лидер од осумдесетгодишен лидер – целосно ги спречи […]

Како трката по субвенции доведе до криза со лебот


Владата им наложи на пекарите да продаваат леб по замрзната цена и да произведуваат најмалку 80 отсто бел и полубел леб во однос на количеството производено во декември лани. Ваквиот експресен потег беше очекуван, откако минатите два дена рафтовите за леб во повеќето продавници осамнаа празни, по радикалната реакција на компаниите од мелничко-пекарската индустрија да […]

Холокаустот на Македонците


Од гасната лабораторија на претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, излезе најновото откритие за холокаустот на Македонците. По договорите со Грција и со Бугарија, во догледна иднина, Македонците ќе исчезнат. Повеќе нема да постојат на меѓународната сцена, категоричен е научникот Коцарев.  За да се спречи оваа трагедија со исчезнувањето на македонскиот народ, тој понуди спасоносно […]

Мрачната страна на неутралноста


Минатиот мај, пред да биде реизбран за претседател на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва тврдеше дека украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот руски колега Владимир Путин сносат еднаква одговорност за војната во Украина. Сепак, дали одбивањето да се избере страна доаѓа од Бразил, Јужна Африка или Индија, кои тврдат дека се „неутрални“ кон руската […]

Пионот, кралицата, коњот и глупиот Август


Иако изгледа дека работите се навидум исти по двонеделната расправа околу разрешувањето на министрите и именувањето на нови членови на Владата – бескрајни дискусии на опозицијата за да се одложи процесот – но тие во никој случај не се какви што беа. Сцената е поставена за последната година од мандатот на кабинетот на Димитар Ковачевски, […]

Три можни сценарија околу војната во Украина


На три дена пред годишнината од „специјалната операција“ во Украина, до јавноста се обратија најнапред претседателот на Русија, Владимир Путин а потоа од Варшава и претседателот на САД, Џо Бајден. Рускиот лидер за прв пат наместо изразот „специјална операција“ го употреби изразот „војна“, инаку претходно забранет од страна на режимот со можност за кривична одговорност. […]