Резилот на Радев пред Зеленски


Однесувањето на Румен Радев на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски може да се изрази само со еден збор: резил. Кој, за жал, е и резил за Бугарија – бидејќи тој е бугарски претседател и во ова својство е симболична личност која ја претставува нашата земја пред светот. Има и добра вест – по оваа […]

Оската на негирање


Пијаниот сопруг одеднаш доаѓа дома и се вовлекува во креветот покрај сопругата и нејзиниот љубовник. „Драга, јас сум толку пијан што мислам дека шест нозе излегуваат од под јорганот“, вели тој. „Не грижи се“, одговара жената. „Оди до вратата и повторно погледни оттаму“. Мажот станува, оди до вратата, па се врти кон креветот: „Во право […]

Три сценарија за иднината на Македонија


Изразот „летна шема“ во новинарството во едни минати, поспокојни времиња, означуваше полесни и поинтересни четива во летните месеци и годишните одмори. Повеќе забава и занимливости, репортажи од туристички центри, специјални прилози со крстозбори, хумор, спортски подвизи, интервјуа со естрадни ѕвезди – тоа беа главните теми. Формиравме летни редакции во нашите туристички места каде културните настани, […]

Економски профил на шесте земји од Западен Балкан


Неодамна Центарот за економски анализи со колеги од регионот публикуваа серија на анализи поврзани со шесте земји од Западен Балкан-ЗБ6 во контекст на Отворен Балкан како процес и анализа на сличностите на регионите на ниво на НТЕС 2 и НТЕС 3 во земјите на Западен Балкан. Од аспект на економски профил, економиите во земјите од ЗБ6 главно се водени од туризам, трговски и сместувачки капацитети (23%), индустрија […]

Што би била умна политика кон Бугарија


Љупчо Георгиевски им направи голема услуга на бугарските пропагандисти со својата изјава дека „Да си  вистински Македонец денес во Македонија  значи 100% да ги мразиш Бугарите“. Иако тој поимот „вистински Македонец“  го користи за цинично да го означи  македонскиот националист и шовинист, и ја користи оваа фраза  денес за да  ја осуди антибугарската пропаганда во […]

Путиновата војна дома


Војната во Украина влегува во нова фаза, тоа е многу јасно. Во неколку недели пред долгоочекуваната контраофанзива на украинските вооружени сили, серијата напади во Москва и регионот Белгород, во близина на границата со Украина, беа најзначајните случаи на ненадејни напади на руска територија од почетокот на општата војна. Во регионот на Белгород, вооружени единици презедоа […]

Го заборавивме ли распадот на Југославија


Луѓето што имаат помалку од 45 години, веќе навлезени во петтата деценија од животот, многу веројатно малку што паметат од драматичните години пред распадот на Југославија. Тоа што го слушнале од своите блиски, прочитале, или виделе во разни филмувани и документарни емисии колку и да е точно е многу поразлично од тие што тоа го доживеале и биле […]

Илузија за етичкиот капитализам


Серија „Наследници“ (Succession) е објава за крајот на илузијата на етичкиот капитализам. Темите опфатени во серијата не се различни од оние со кои се занимаваа Бернард Мандевил и Адам Смит во раните денови на комерцијалното општество. Главното прашање е: дали неконтролираното однесување што конвенционално го сметаме за порочно, однесувањето кое е производ на страста за […]

Битка за секој вработен


Проблемот со наоѓање квалификувани и квалитетни работници станува сѐ поизразен, а како што стојат работите, тој допрва ќе се заострува. Тоа го посочуваат и работодавците, но и отворените огласи за вработување кои што не можат да се пополнат. А, дека проблемот ќе станува поголем, го навестуваат и информациите за бројот на запишани првоодделенци, кој е […]

Математички прецизно Мицкоски греши


Слави Трифонов имаше слични идеи со Христијан Мицкоски. Тој предлагаше ЕУ да ја прими Бугарија во Шенген за Бугарија да го крене ветото за влез на Македонија во ЕУ. Неговата логика беше дека политиката не се темели врз принципи ниту врз вредности, туку дека таа е пазар на кој ако бараат од тебе да дадеш […]

Додека Мицкоски го чека одговорот од Ковачевски


Додека сѐ уште тече матната вода од преговорите меѓу Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски и сѐ уште ечат навивачките партиски стадиони, се избиструва сознанието дека речиси ништо не е договорено. А, и тоа малку што е прифатено веќе не важи. Што воопшто не беше тешко да се погоди, имајќи ги предвид досегашните искуства на нашата […]

Молдавија или Македонија: Кој ќе влезе во ЕУ во 2030?


Изгледа сосем веројатно дека на Македонија ѝ треба да го изнедри нејзиниот Никола Коперник за да ѝ укаже и докаже дека светот не се врти околу неа. Тоа може да изгледа како невозможнa мисија, но, сепак, не е неостварлива. Како стојат работите? Многу нешта беа напишани и анализирани по навидум спектакуларната средба на двајцата клучни […]

Новиот Распутин на Русија


Војната на Русија против Украина, во најмала рака, не помина според планираното. И сега Евгениј Пригожин, шефот на приватната воена компанија „Вагнер“, ги ескалира своите јавни напади врз руската војска. Во време кога Кремљ агресивно го потиснува несогласувањето, како тој се извлекува од тоа? Откако ја започна својата „специјална воена операција“ во февруари 2022 година, […]

Ако Трамп се врати


Како што започнува сезоната на предизборната кампања за претседателските избори во САД во 2024 година, најверојатниот последен натпревар ќе биде реваншот меѓу претседателот Џо Бајден и Доналд Трамп. Судејќи според изборната мапа во 2020 година, Бајден би бил добро поставен да победи. Но, американската политика е непредвидлива и многу здравствени, правни или економски изненадувања би […]

Косово доби свое „косово“


Косовскиот премиер Албин Курти дефинитивно го изгуби кредибилитетот кај меѓународната заедница и кај соседите. Ова што се случува во српските општини изминатите два дена, каде што Курти со борни коли, со пукање и со солзавец се обидува да се пресмета со цивилното српско население, не се разликува ни милиметар од тоа што се обиде да […]

Најуспешни се реформите за брзо богатење и осиромашување


Ништо не успева толку брзо и лесно во Македонија како реформите за брзо богатење на мал број луѓе и уште побрзо осиромашување на голем број луѓе. Оваа меѓузависност на патот на парите од сѐ посиромашните кон сѐ побогатите е полна со иновации и високи дострели на озаконет грабеж. Толку е банализирана 32-годишната неуспешна борба против организираниот […]

Дали Европа ќе биде најголемиот светски губитник?


Ерата на глобална стабилност по 1945 година заврши и замина. Од биполарниот свет на Студената војна до униполарниот свет во кој доминираа Американците што го замени, долго време имавме корист од чувството за стратешки поредок. Иако имаше многу помали војни (па дури и некои поголеми), од Кореја и Виетнам до Блискиот Исток и Авганистан, меѓународниот […]

Зошто Ердоган победува


Тешко е да не се биде разочаран од исходот од првиот круг од претседателските и парламентарните избори во Турција на 14 мај. Во кампањата дефинирана од последиците од огромниот земјотрес во февруари, зголемените економски проблеми и продлабочувањето на корупцијата, надежите беа големи дека сè поавторитарното 20-годишно владеење на претседателот Реџеп Таип Ердоган ќе заврши. Некои […]

Технолoгијата на забраната: Како Бугарија ги спречува ОМО „Илинден“ и другите


Односите меѓу Бугарија и Македонија се влошија последниве неколку месеци. Тоа не е ништо ново, доаѓа во циклуси. Некогаш е предизвикано и мотивирано од домашни политички агенди, некогаш од поединечни провокации кои прераснуваат во општествена бура. Нема да се занимаваме со тоа кон каде води влошувањето на односите во процесот на уставните измени што би […]

Кои се руските манири на Бугарија што ги препозна Ковачевски?


Бугарските политичари тргнаа во нова серија провокации, откако премиерот Димитар Ковачевски на меѓународна сцена, на самитот на Советот на Европа, им порача дека кон Македонија се однесуваат како Русија кон Украина, посочувајќи дека земја која во континуитет и со години добива пресуди од Стразбур за непочитување на правата на македонското малцинство нема кредибилитет да нѐ […]