Ќе понуди ли Мицкоски кралство за коњ?


Додека траат подготовките за формирање на новата влада, последните резерви на патриотското погонско гориво на ВМРО-ДПМНЕ се потрошени. Соочен со новата реалност, тоа најдобро го знае Христијан Мицкоски. Знаеше и пред тоа дека по изборите завршува тој адреналин што го предизвикува патриотскиот вознес, било да се работи за односите со Бугарија и Грција, било за […]

Лозана и Преспа: два договори кои не се многу сакани


Изгледа дека нѐ чекаат долги месеци, а можеби и години, кога прашањето на Договорот од Преспа ќе ја подјадува супстанцата на македонското општество, ќе арчи непотребна енергија, новите власти што треба да дојдат ќе смислуваат акробатски одговори за да не се отуѓат од големото гласачко тело. А во исто време ќе треба да одат по жица […]

Што ако ова се последните вистински избори во САД?


Некои од Американците кои протестираат против војната во Газа се свртеа кон претседателот Бајден. Тие тврдат дека владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху убива огромен број цивили, што е точно, и дека Бајден може да го спречи тоа, што е посомнително. Но, како се справуваат со реалноста дека во втор мандат Доналд Трамп би бил […]

Ви помина ли гордоста?


Ете, толку траат гордоста и достоинството што ја вратија Македонија повторно да биде твоја. По големата изборна победа, не помина ниту еден месец, а веќе почнаа деновите на отрезнување и болно соочување со реалноста. И кај претседателот на државата Гордана Сиљановска-Давкова и кај победниците што ја делат власта и кај идниот премиер Христијан Мицкоски во полн […]

Геноцидни Срби


Започна на Тајмс сквер, во основа целосно безвезен и грд, всушност најгрдиот плоштад во Њујорк, кој стана најпосетувана туристичка атракција на градот само поради триста џиновски светлечки рекламни паноа, шарени билборди и дигитални дисплеи. Педесет милиони луѓе од целиот свет – истите оние педесет милиони кои им ја пцујат мајката на Фејсбук и Јутјуб кога […]

Има ли план Сиљановска?


И најголемите поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателката Гордана Сиљановска- Давкова не можат деновиве да се изначудат на начинот на кој тие ја почнаа „битката“ за името на државата. За некои што многу ветуваа, уште повеќе драматизираа, што патриотизмот не го вадеа од уста и се расфрлаа со најави како сѐ ќе укинат и сѐ […]

Дали Европа е преголема за натамошно проширување?


Претходно овој месец, Европската унија ја прослави 20-годишнината од своето досега најголемо проширување, кое донесе десет нови членки во блокот. Тој настан останува силен потсетник за потенцијалот на ЕУ за унапредување на мирот и единството низ европскиот континент. Но, во време на длабоки внатрешни поделби и сè понестабилно надворешно опкружување, збунетиот идеализам од 2004 година […]

Македонија и Грузија – нови главоболки за ЕУ


Европската унија  повторно е во режим на проширување. Во декември минатата година, лидерите на 27-те земји-членки одлучија да започнат пристапни преговори со Украина и Молдавија. Во март годинава зелено светло доби и Босна и Херцеговина. Високи европски претставници, како што е претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, зборуваа дека до 2030 година може да очекуваме […]

Кревкото братство на Кина и Русија


Во декември 1949 година, Мао Цедунг полета за Москва за да се сретне со Јосиф Сталин. Лидерот на новата Народна Република Кина, која беше создадена само неколку месеци претходно, сакаше да му се придружи на својот колега водач на светскиот пролетаријат за да ја прослави и победата на комунизмот во Кина и 71-от роденден на […]

Зошто Договорот од Преспа е важен?


Договорот од Преспа храбро го отплетка она што беше Гордиев јазол. Типичната глупост спречи таа да биде целосно искористена во корист на Грција и дозволи да биде поткопана од џингоистичката екстремна десница во Северна Македонија. Пактот ги следи истите линии и рамка како француско-германскиот мир, пријателство и разбирање по Втората светска војна и е одличен […]

Досие „северна“: Скандал или бура во чаша вода?


За два месеци новата претседателка Гордана Сиљановска-Давкова најверојатно ќе треба да ја преставува Македонија на јубилејниот самит на НАТО во Вашингтон и да седне на иста маса со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Од НАТО утрово ја потсетија со кое име е примена Македонија во членство и како е преставена, односно дека за нив не постои […]

Вестите мора да почнат со успесите на владата


Би било фер на новата влада да ѝ се даде малку време да се конституира и да се остави 100 дена спокојно да работи без пожестоки критики на првите чекори на власта. Сакав да го применам тоа заборавено непишано правило, иако овој принцип во Македонија никогаш не е почитуван, додуша одамна застарен, не се применува […]

Протести на очај


Ова се луди времиња. Библиските нарушувања во природата, како што се неверојатниот пороен дожд во Дубаи или масовното изумирање на рибите во прегреаниот резервоар во Виетнам, се чини дека ја отсликуваат нашата прегреана политика и социјална средина. Во такви моменти, од клучно значење е да се задржи студена глава и да се анализираат сите чудни […]

Секоја влада има своја милијарда


Почна со „милијардата на Циле“, ги паметиме и инвестициските бумови од осум милијарди на тогашниот премиер Никола Груевски, и на минатата влада на СДСМ која најавуваше 5 милијарди евра, а сега дојде на ред и милијардата (евра) која ја соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како сосема извесен мандатар за формирање на новата влада. Претходните […]

Македонија му даде втора шанса на ВМРО-ДПМНЕ


Македонија вчера му даде втора шанса на ВМРО-ДПМНЕ. Клучно прашањето е – за што, и дали беше паметно толкава апсолутна власт да се слее во рацете на гарнитура зад која стои истиот ешалон со кој државата еднаш го допре дното и, како што се покажа вчера, никогаш не успеала да се одлепи од таму. Најсимптоматично […]

Новиот триумвират на Европската унија


Неодамнешните говори на францускиот претседател Емануел Макрон и полскиот министер за надворешни работи Радек Сикорски покажуваат колку е променето европското размислување откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година. Со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја поддржува основната порака на Макрон, подинамична, покохерентна надворешна политика на Европската унија може да биде при рака. Самиот […]

Глобални избори во сенката на неолиберализмот


Низ светот, популистичкиот национализам е во пораст, честопати носејќи ги авторитарните лидери на власт. А сепак неолибералната ортодоксија – намалување на владата, даночни намалувања, дерегулација – што фати замав пред околу 40 години на Запад требаше да ја зајакне демократијата, а не да ја ослабне. Што тргна наопаку? Дел од одговорот е економски: неолиберализмот едноставно […]

Изборите неодржани, а власта се дели како на пазар


По големата победа од првиот круг на претседателските избори за победниците завршија и парламентарните избори пред да се одржат. Велат, готово е. Почна на големо лицитацијата за поделба на власта како на пазар, онака од око, или како што се вели на ѓутуре. Фрчат фактури од сите страни за наплата на својот дел од „твоја Македонија“ како да е […]

Трамп сега е единствената надеж на Путин


Вестите изминатава недела несомнено беа дочекани со олеснување во Киев и со тага во Кремљ. Американскиот Конгрес конечно го прекрши шестмесечниот застој и одобри нов пакет воена помош за Украина (како и за Израел и Тајван). И пробивот дојде само неколку дена откако лидерите на ЕУ, исто така, се обврзаа да обезбедат уште поголема поддршка, […]

Цивилизациите се смртни, па и Европа


Да, направивме многу во последните години. Значи, без оваа акција, без овој напредок во европскиот суверенитет и единство, несомнено ќе бевме престигнати од историјата. А освен тоа, доколку реагиравме како во времето на финансиската криза, ситуацијата ќе беше драматична. На финансиската криза пристапивме поделени и со мал суверенитет. Затоа ни требаа, се осмелувам да кажам, […]