Зошто Виктор Орбан е во тревога?


Унгарската политика понекогаш може да изгледа како сапуница која е заглавена со истите ликови и трае предолго. Имате повремени скандали – како што е истакнат владин европратеник кој избега од оргија во Брисел преку олук – но освен тоа, се чини дека ништо никогаш не се менува. Овде можете да започнете основно образование, да завршите […]

Елиот Нес од нашиот сокак


Во ек е големо воодушевување на јавноста во Македонија. Специјална бригада на полицијата, предводена од нашиот Елиот Нес, како во Чикаго во триесеттите години од минатиот век, жестоко тргна во војна против мафијата. Фрчат конференции за медиумите, изјави во директен тв-пренос, вријат социјалните мрежи, ечат на сите страни фалби на новите власти за големите успеси. Се […]

Што пропуштивме во Сирија?


Падот на режимот на Башар ал Асад во Сирија ја изненади дури и опозицијата, предводена од Хајат Тахрир ал-Шам на Абу Мохамад ал Голани, нудејќи плодна почва за теории на заговор. Какви улоги одиграа Израел, Турција, Русија и САД во овој ненадеен пресврт? Дали Русија се воздржуваше од интервенирање во име на Асад само затоа […]

Црна листа, сиви тенденции


Легендарниот југословeнски новинар од Хрватска, Миљенко Смоје, некоја година пред да почине (во 1995) раскажа една епизода како почнале неговите проблеми со комунистичките власти во првите години по ослободувањето. Како млад новинар на „Слободна Далмација“ во неговиот Сплит тој напишал една кратка белешка за зголемените цени на кафето во рестораните на сплитската рива. Насловот на […]

Вчерашниот свет на Ангела Меркел


Многу очекуваните мемоари на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, „Слобода“, беа објавени минатиот месец со голема помпа. Во коавторство со Беате Бауман, нејзиниот долгогодишен шеф на кабинет и доверлив човек, книгата нуди длабински поглед на извонредниот живот и кариера на Меркел и е преведена на повеќе од 30 јазици. Беа лансирани со распродадени настани во […]

Зошто претседателката Сиљановска не стаса во Париз?


Има работи кои ни остануваат во сеќавање до крајот на животот, или барем додека не служи здравиот разум. Првпат влегов во Богородичната црква Нотр Дам д` Пари пролетта деведесетитте години на минатиот век. Тоа беше денот „Д“ кога  многумина мислевме дека  е историски датум за спасување на Југославија. За Французите позначајно беше отворањето на тенискиот […]

Падот на Куќата на Асад


Брзиот колапс, по 54 години, на сириската династија Ал Асад штотуку го трансформираше геополитичкиот пејзаж на Блискиот Исток. Молневитата офанзива на исламистичката милиција Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) ги изненади сите соседи на Сирија – и сите други. Веста дека претседателот Башар ал-Асад побегнал во Русија ја потврдува единствената обврзувачка вистина за војните: несаканите последици можат […]

Франција се држи во заложништво


Падна француската влада. Во драматичните сцени во Националното собрание во средата, владата – предводена од премиерот Мишел Барние – го загуби гласањето за недоверба, што практично значеше нејзин крај. Од 1962 година, француската влада не била исфрлена на ваков начин. Колапсот ги затвори френетичните неколку дена во француската политика. Минатиот викенд имаше знаци дека буџетот […]

Повторно заробена држава


Бавно, застрашувачки бавно, ама сепак во Македонија расте сознанието дека одложувањето и доведувањето во прашање на преговорите со ЕУ е велепредавство на најзначајните државни интереси. Сѐ повеќе јавни личности, слободно мислечки луѓе, новинари, иако сѐ уште малцинство, предупредуваат погласно, похрабро и аргументирано на катастрофалните последици, доколку потрае самоблокадата на македонските евроинтеграции што ја поставија премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа злосторство […]

Како се навестуваше сломот во Букурешт во 2008


Што мислите, која од овие оценки за историјата и нејзиното повторување најмногу би одговарале на ситуацијата во којашто се наоѓа сега Македонија заглавена на патот кон ЕУ и онаа што беше пред самитот на НАТО во Букурешт во 2008 каде државава го доживеа еден од своите тешки сломови. Некои од нив веројатно ви се познати, […]

Економијата на Европа е во застој


Додека Европа се подготвува за потенцијална трговска војна откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата во јануари, нејзините две најголеми економии се измачуваат. Додека Германија се движи кон својата втора последователна година на нулта раст, Франција се очекува да порасне за помалку од 1% во 2025 година. Дали економската стагнација на Европа […]

Враќањето на Фрањо Туѓман во Хрватска


Актуелниот претседател Зоран Милановиќ стана најверен следбеник на поранешниот хрватски претседател, па дури го искористи слоганот од кампањата на Туѓман од 1997 „Претседател за претседател“ за изборите на крајот на декември Требаше да помине цел четврт век, бидејќи деновиве ќе се навршат дваесет и пет години од смртта на Фрањо Туѓман, за и формално да […]

Како го засакав Макрон откако го замразив францускиот предлог


Насловот на овој текст е слободна парафраза на името на филмот на Стенли Кјубрик од 1964 година – „Д-р Стрејнџлав или: Како научив да престанам да се грижам и ја засакав бомбата“. Приказната во оваа црна комедија, која е политичка сатира на најжешките моменти од Студената војна (како Кубанската криза), се однесува на еден непоколеблив […]

Историската величина на Мицковиот кредит


Од скопското село Булачани стаса историската вест за најповолниот кредит досега за стопанството на Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски соопшти уште една негова голема политичка победа: „Ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра со историски најниска камата. Добивме потврда за тоа од неколку банки, очекувам најголем дел од банките да застанат зад овој проект, односно […]

Зошто не успеа генералниот штрајк во Грција? Работниците се истоштени


Рена никогаш не знаела штрајк во Грција а таа да не го поддржува, никогаш не пропуштила митинг што нашата партија го поддржа. Но, во средата, на митингот по повод реткиот национален генерален штрајк, Рена не беше таму. Загрижен, ѝ се јавив. Не, ништо не се случило. „Едноставно не можам да си дозволам да изгубам еднодневна […]

Изборот на Шекеринска е порака и за Македонија, и за Бугарија, и за ЕУ


Изборот на Радмила Шекеринска за заменик на генералниот секретар на НАТО не е само добра вест за Македонија, туку и важна порака за нас, за соседите и за ЕУ. Со нејзиниот избор на земјава ѝ се оддава признание за сѐ што направи на трнливиот пат кон членството во алијансата. Шекеринска како министер за одбрана понесе […]

Мицковизмот е новата ера на режим


Најголемиот успех на премиерот Христијан Мицкоски и владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите пет месеци, по големата изборна победа и освојување на апсолутна власт, е инсталирањето на режим. Македонија длабоко загазува во нова ера на уривање на и онака малкуте макотрпно стекнати демократски придобивки од осамостојувањето на државата до денес. Многу бргу излезе на виделина „груевизмот“ […]

Каде исчезна десниот центар?


Играта за барање виновник е во полн ек. Стратезите од фотелја сигурно знаат дека Камала Харис требало да го жртвува Џо Бајден, да го посети Џо Роган или – омилен аргумент на самопрогласените центристи – да се дистанцира од идентитетската политика. Се разбира, многу е важно да се утврди зошто овој пат не излегоа луѓето […]

Шокот од Трамп е вина на демократите


Исходот од претседателските избори во САД беше повеќе загуба на демократите отколку триумф за Доналд Трамп. Демократите загубија не затоа што американскиот претседател Џо Бајден предолго остана во трката, и не затоа што Камала Харис е неквалификувана, туку затоа што губат работници и не успеаја да ги вратат кон нив. Партијата одамна престана да биде […]

Македонија ќе биде ол рајт


Конечно можеме да здивнеме, Македонија ќе биде ол рајт. По големата победа на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори во Соединетите Американски Држави и по средбата на премиерот Христијан Мицкоски со претседателот на Франција Емануел Макрон ќе се оствари сѐ што ветија, а не можеа да остварат „велепредавниците“ на македонските национални и државни интереси, поради успешните  блокади на […]