ЦУК: Пожарот на Кожуф ставен под контрола, 22 изгаснати изминатото деноноќие


 Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава се евидентирани 23 пожари на отворен простор. Еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи. Приземниот пожар на Кожуф планина е ставен под контрола. Изгаснатите пожари биле на територија на општините Илинден, Гази Баба, Струга, Тетово, […]

Реката Дошница нема да биде ставена под привремена заштита, објави Министерството за екологија


  Министерството за животна средина нема да ја стави реката Дошница под привремена заштита оти предлогот за прогласување на заштитено подрачје на клисурата во Демир Капија не е формално доставен до нив. Барањето за привремена заштита на реката, на која ѝ се закануваат две мали хидроцентрали, дојде минатиот месец од граѓански организации и експерти, кои побараа мораториум на изградбата за […]

Спортско-рекреативно планинарење за лица со и без попреченост на Кожуф


Во организација на Фондацијата „Ице Бегов” и Здружението Планинарски спортски клуб „Кожуф“ – Гевгелија, изминатиот викенд се одржа третото инклузивно искачување и пешачење на планината Кожуф. Настанот што овозможува спортување, рекреација и социјализација за лица со и без попреченост, полека станува традиција на југот на Македонија, за којашто, сите се согласија – мора да продолжи. […]

Екологисти од Кавадарци против изградба на две мали хидроцентрали на планината Кожуф


Екологистите од Кавадарци се против изградба на две мали хидроцентрали на планината Кожуф. Недозволиво е за нечиј бенефит да се уништуваат националните богатства. Вака денеска реагираа кавадаречките еко активисти од регионалното здружение ,,Еко – живот”.  – Се надеваме дека овој апел ќе допре до највисоките институции и дека ќе покажат еколошка зрелост, истакна претседателот Роберто […]

Кожув противник на Гостивар во полуфиналето на кошаркарскиот Куп на Македонија


Организаторот на годинашниот кошаркарски куп „Благоја Георгиевски – Буштур“, тимот на Кожув од Гевгелија ќе игра во полуфиналето, откако вечерва забележа победа над Куманово со 81:69. Гевгеличани утре во полуфиналето ќе се соочат со Гостивар кој денес во првото четвртфинале го совлада ТФТ со 72:62. Пласман помеѓу четирите најдобри избори и Пелистер по победата над […]

Покрената иницијатива планината Кожуф да се прогласи за национален парк


 Градоначалниците на Кавадарци, Гевгелија и Демир Капија, Митко Јанчев, Андон Сарамандов и Лазар Петров, осум еколошки и планинарски здруженија на граѓани, со подршка на професори од Природно математичкиот факултет покренаа иницијатива за прогласување на планината Кожуф за Национален парк, соопштија иницијаторите. Како што се наведува во соопштението, планината Кожуф се наоѓа на територијата на општините […]

Четири исчезнати лица на Кожув пронајдени во координација со локалните структури


  Четири исчезнати лица на планината Кожув, денеска биле пронајдени живи и здрави од гевгелиските службеници при Системот за управување со кризи и доцна попладнево биле упатени кон своите домови, информира Центарот за управување со кризи. – Пријавата на 112 во ЦУК за исчезнатите четири лица, е примена денеска во 14:50 часот. Се јавил загрижениот […]

Совет на Гевгелија: „Не“ за рудници на Кожуф


На денешната вонредна седница Советот на општина Гевгелија едногласно го одби барањето за продолжување на геолошките истражувања на Кожуф од страна на фирмата „Резервоар Минералс“ ДООЕЛ Скопје. Ова е вториот негативен одговор на гевгеличани по референдумското „НЕ“ за истражување на металични минерални суровини на локалитетот „с. Коњско“ на Кожуф планина, пренесе порталот Gevgelijanet.  На денешната […]