Мистериозни купувачи масовно грабаат стари книги: Веројатно компаниите за ВИ стојат зад тоа


Продавците на книги од втора рака во Велика Британија и Ирска во последните месеци добиваат необични нарачки за стотици, па дури и илјадници, сосема неповрзани наслови. Купувачите плаќаат полна цена и не бараат попусти, а меѓу продавачите на книги расте сомневањето дека книгите завршуваат кај компании кои ги скенираат за да ја користат нивната содржина […]

Одлична летна иницијатива во Скопје: Бесплатно земете книга и оставете друга


Книгите добиваат нови читатели, а љубителите на читањето нова можност да откријат интересни наслови. Култура Бета ги наполни куќичките за размена на книги на повеќе локации низ Скопје, како дел од иницијативата „Ослободи ја домашната библиотека! Ослободи ја младинската култура!“. Во куќичките се достапни светски класици, македонска проза, поетски збирки, лектири, како и книги за […]

Во Прилеп подарени 250 книги


колу 250 книги од различни жанрови им подари денеска на прилепчани во центарот на градот здружението за образование, култура и уметност „ЗОКУМ“ од Прилеп. Книгите ги подаруваа од Здружението и учениците од основните училишта „Кире Гаврилоски-Јане“ и „Климент Охридски“ а по повод месецот на книгата – од 15 октомври до 15 ноември. Акција на подарување […]

Книги од семејната библиотека на композиторот Кирил Македонски подарени на НУ Завод и Музеј-Битола


Националната установа Завод и Музеј-Битола од денескa е побогата за 300 книги, подарок од семејната библиотека на Кирил Македонски, автор на првата македонска опера „Гоце“, кои на Музејот во Битола ги донира неговата ќерка Пламенка Македонска. Донацијата од семејството Македонски ја прими директорот на НУ Завод и Музеј-Битола, Зоран Николовски. – Долго размислував кому и […]

Започна нов тренд кај возачите: Што значи ако некој ви остави книга на покривот од автомобилот?


Некои луѓе толку многу ги сакаат книгите што сакаат да ги споделат со други, па тоа го прават така што дел од својата колекција оставаат на покривите на паркираните автомобили. Замислете ја сцената: се враќате од шопинг во блискиот супермаркет и ја гледате „Војна и мир“ на Толстој на покривот на вашиот автомобил. Што по […]

Изгоре тезга за книги на кејот во Скопје


Монтажен објект за продажба на книги изгоре синоќа на кејот во центарот на Скопје. „На 12.09.2024 во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Кеј „13 Ноември“ во Скопје настанал пожар на монтажен објект за продажба на книги, сопственост на Ж.М.(46) од Скопје“, соопштуваат од МВР. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата […]

Шведска ги враќа учебниците во училиштата: „Намалена брзината на читање на учениците поради лаптопите“


Шведска долго време се гордее со своите дигитализирани училници, но се покажа дека овој систем има свои недостатоци. Така, конзервативната влада сега сака повеќе книги во училиштата. За ова во 2023 година издвои 60 милиони евра, пишува Дојче веле. Учениците од 4-то одделение во основното училиште „Ловестад“ во Сјобо, јужна Шведска, ги ставија своите паметни […]

Сценаристот на „Врисок“ се заинтересирал за книгите на Крис Картер


Многи читатели кои ги сакаат книгите на бразилскиот писател Крис Картер, очекуваат некогаш тие да бидат филмувани. Книгите на Крис Картер се трилери, со мрачни ликови и морбидни убиства. Ако некогаш бидат филмувани, може да се покажат и како одлични хорор-филмови. Во денешната објава на социјалните медимуи, Картер соопшти дека пред месе и половина со […]

Ноќ на книгите во ТРИ – големи попусти до полноќ


Денешниот ден, 22 јуни, ќе биде специјален ден за сите љубители на книгите – во книжарниците на ТРИ и оналјн на kniga.mk ќе има ексклузивен попуст и продолжено работно време.  Традиционално, денес го започнуваат и Летниот фестивал на книгата, под слоганот „Оди каде книгата те води“. Отворањето го одбележуваат со дополнителен попуст од 20 % […]

„Три“ ги мотивира читателите да читаат уште повеќе- нова картица за лојалност


Клубот на читатели во ТРИ одамна ги доближува читателите до светот на книгите. Овој февруари ги носи уште поблизу со обновената програма за лојалност, понуда за членство, попусти и поволности. Секој вљубеник во приказните заслужува да си обезбеди што е можно повеќе книги на полиците. Затоа, преку месечната клупска акција, ТРИ се погрижи да ги […]

Гевгеличани изминатата година прочитале 20.000 книги


Седумстотини членови на градската библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија минатата година прочитале околу 20.000 книги што, според библиотекарите, е помалку од порано, но сепак претставува бројка за почитување. – Имаме читатели кои годишно читаат и по сто и повеќе книги од богатиот фонд на библиотеката, но доколку направиме просек, според нашата евиденција, излегува дека секој […]

Дванаесетто издание на Малиот новогодишен саем на книги на Темплум


Книгоиздателство Темплум по 12-ти пат го организира Малиот новогодишен саем на книги, кој  ќе се одржи од денеска до 30 декември во книжарницата „Гладно срце“. Во рамки на книжевната програма на настанот ќе се одржи и традиционалното доделување на наградите „Новите!“ за дебитантски прозен ракопис и „Лифт“ за македонски стрип. Новогодишното саемче ќе биде отворено […]

Пет реобјавени дела од Блаже Конески, во чест на стогодишнината од неговото раѓање


Во чест на стогодишнината од раѓањето на великанот на македонската книжевност Блаже Конески, издавачката куќа „Арс ламина“ реобјави пет негови значајни дела. Станува збор за стихозбирките „Везилка“, „Црква“, „Црн овен“ и двотомниот избор од творештвото на Конески: „Збор и опит 1“ и „Збор и опит 2“, кои се со нови предговори и поговори, напишани од […]

Македонската литература тешко се пробива на големиот книжевен пазар


Нема заинтересираност од странските издавачи за превод на македонски книги или процедурите за нивниот избор се во застој? Конкурсот на Министерството за култура за финансирање странски издавачи е отворен во текот на целата година за поднесување апликации, но се чини динамиката на проектот не е иста. Или, пак, впечатокот е таков затоа што резултатите не […]

Се донираат книги во училишни библиотеки од рурални средини


Повеќе од 1.200 книги од 15 наслови ќе бидат донирани во 39 рурални училишни библиотеки низ Македонија. По повод 2 април, Светскиот ден на литературата за деца и роденденот на Ханс Христијан Андерсен донацијата ја реализира издавачката куќа „Вермилион“ во соработка со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ и здружението „Конект“. Меѓу […]

„Волшебниот компас“ од Сашо Огненовски преведена на српски јазик


Книгата со детски пиеси „Чаробни компас“ (Волшебниот компас) од Сашо Огненовски неодмана излезе од печат, издадена од издавачката куќа „Алма“ од Белград. Во книгата се поместени пет детски пиеси, „Новогодишни забуни“, „Новогодишна вртелешка“, „Обична бајка“, „Новогодишен споменар“ и „Волшебниот компас“. Пиесите беа поставувани на сцената на Битолскиот театар, а беа изведувани и како независни проекти. […]

Промоција на „300.000 километри мотоавантура“ од Жељан Ракела


Авторот, моторџија и авантурист Жељан Ракела денеска ќе ја промовира неговата невообичаена авантуристичка книга „300.000 километри мотоавантура“. Книгата изобилува со интересни, поучни, возбудливи и несекојдневни моменти и доживувања. Ракела минал 300.000 километри, низ пет континенти, за само седум години. На настанот ќе присуствуваат и Силвана и Тони од мото-клубот „Ноќни волци“, кои ќе ја претстават […]

Книга за деца „Збороигри“ од Славе Ѓорѓо Димоски


ПНВ Публикации ја објави книгата „Збороигри“ од Славе Ѓорѓо Димоски која содржи триесетина песнички брзозборки. Поделени се во четири циклуси: „Мали игри“, „Азбучни игри“, „Откачени игри“ и „Народни игри“ и се наменети за деца од три до девет години. Книгата изобилува со тематски илустрации кои се дело на Јулијана Величковска. Од издавачката куќа велат дека […]

Промоција на две стихозбирки во Центарот за култура во Кичево


Промоцијата на стихозбирките „U naručju snova“ од Дамир Марас од Хрватска и „Созрцание“ од Виолета Сековска ќе се одржи на 4 декември, понеделник во НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево во 18 ласот. Авторот Дамир Марас е по потекло од Хрватска, тој поезија пишува од неговите млади години, а негови објавени стихозбирки во […]

Вардарци донираа 265 книги на нашинците во Нашице


Европскиот ракометен шампион Вардар ја исполни својата цел, па на македонската заедница која живее во Нашице, Хрватска и донира 265 книги. Вардарци изминатиот период спроведоа акција за собирање и донација на македонски книги и не вчерашното гостување во Нашице во дуелот против Нексе од регионалната СЕХА лига, беа донирани 265 книги на македонски јазик, како […]