Во прекин сообраќајот на автопатот Куманово – Велес кај клучката за Меѓународниот аеродром Скопје


Поради сообраќајна незгода, од 06:06 часот утринава во прекин е сообраќајот на автопатот Куманово – Велес, кај клучката „Меѓународен аеродром Скопје“, поточно на исклучокот од Скопје кон аеродромот. Од ЈП Македонија пат информираат дека сообраќајот се пренасочува преку клучка Рафинерија.

Утре во прекин сообраќајот од клучката Неготино кон село Дуброво поради асфалтирање


На патниот правец од клучката Неготино кон село Дуброво, утре од 8:00 до 11:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин поради асфалтирање. Сообраќајот, како што информираат од АМСМ, ќе се пренасочува преку клучка Демир Капија кон селата, Курешница, Бистренци и Војшанци. 

Интензивно се гради клучката кај Момин поток


  Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска изврши увид во реализацијата на проектот за изградба на клучка на крстосницата на булевар „Никола Карев“ со булевар „Осми Септември“. Како што информираат градските власти, ова е еден од најголемите капитални инфраструктурни проекти кои се во тек во Град Скопје и се одвиваат согласно предвидената динамика. – […]

Сопатничка на мотоцикл загина во сообраќајка во Скопје


Вчера вечер во скопската полиција било пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“, во близина на клучка за Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „опел корса“ управувано од Р.И.(49) од с.Горно Нерези, скопско и мотоцикл „кавасаки“ управуван од Г.В.(45) од с.Трубарево, скопско. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала К.В.(40) од Скопје, сопатничка на […]

(Видео) Најкомпликуваната клучка во светот: Бетонски лавиринт на пет нивоа


Неодамна изградената клучка, која изгледа на чинија со шпагети, има пет нивоа, пишува АФП. Клучката „Хуангџинанг“ е завршена осум години од почетокот на изградбата и се наоѓа во близина на градот Чунгкинг, на југозападниот дел на Кина. Бетонскиот лавиринт има пет нивоа. Највисокото се наоѓа 37 метри над земјата, додека околу 15 рампи транспортираат автомобили […]