Жена погодена од заталкан куршум во Клинички центар


Педесет и шестгодишна жена вчера пријавила дека додека седела на клупа во Клиничкиот центар во Скопје во раката ја удрило заталкано зрно односно проектил, соопшти полицијата. Како што се наведува во соопштението од МВР, вчера Р.А.(56) од Скопје, пријавила дека околу 16:20 часот во комплексот клиники „Мајка Тереза”, додека седела на клупа, во десната рака ја […]

Груевски до Заев: Брзо ќе дојдат изборите


Експремиерот Никола Груевски повторно се огласи преку својот профил на „Фејсбук“. Тој пишува за изградбата на Клиничкиот центар. Во продолжение ја објавуваме целата негова порака. „Ова се 10 аргументи зошто владата која ја предводев се определи за градба на сегашната локација во комплексот клиники Мајка Тереза, а не во населбата Бардовци. И зошто ќе беше […]

Пратеничка иницијатива: Клиничкиот центар да се пресели во Петровец


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски ќе покрене иницијатива до Владата Клиничкиот центар да се дислоцира во општина Петровец, кај Скопје. Оваа иницијатива тој ја покренува по најавите дека новиот Клинички центар нема да се гради на претходно предвидената локација, така што како единствена алтернатива сега се спомнува Бардовци. Според Димовски, Петровец е соодветна локација за […]

Почнува реализација на проектот за изградба на новиот клинички центар во Злокуќани


Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за започнување на Проектот за изградба на комплекс Универзитетски клинички центар на локација во општина Карпош и го задолжи Министерството за транспорт и врски, и соодветните институции и општина Карпош, да извршат измени во урбанистичките и катастарските и други планско урбанистичко – проектни документи за 2018 […]

Трета среќа за Клинички центар: И нов ќе се гради и стариот ќе се крпи


Ќе се прават улици низ скопската населба Бардовци како подготовка за новиот клинички центар, но ќе се реновираат и некои од постојните клиники во сегашна државна болница. Така паралелно ќе се „турка“ да функционира најголемата здравствена установа во државата, додека да се изгради новиот и модерен медицински град, кој во петокот го најави министерот за […]

Филипче: Нов Клинички мора да има, наскоро ќе се знае како ќе се финансира


Во тек се преговори со кредитори и за кратко време ќе се знае како ќе се финансира изградбата на Клиничкиот центар-Скопје на новата локација во близина на болницата Бардовци. Министерот за здравство Венко Филипче е дециден дека според сите испитувања, модерен Клинички центар не може да се изгради на постојната локација. – Тоа што требаше […]

Асоцијација на архитекти: Поддршка за изградбата на нов Клинички центар


Асоцијацијата на архитекти на Македонија соопшти дека ја поздравува одлуката на Владата и Министерството за здравство со која, како што наведува, конечно се разреши дилемата околу изградбата на новиот Клинички центар. – Истовремено изразуваме целосна поддршка за определбата на Владата, новиот клинички центар да се гради на друга локација, надвор од центарот на Скопје, што […]

Новиот Клинички центар ќе се гради во Бардовци


Новиот Клинички центар ќе се гради во скопско Бардовци, објави министерот за здравство, Венко Филипче, на прес конференција во Владата. Ваква одлука донела Владата, и по цена да плаќа пенали на Банката на Советот на Европа, кои би биле во висина од 5,5 милиони евра. – Сметам дека сега тоа што ни изгледа како најскапа […]

Архитектите бараат нова локација за Клинички центар


Промена на локацијата на Клиничкиот центар мора да има зашто на постојната, со целиот сообраќаен метеж и загрозена животна средина, тој ќе умре, смета Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Архитектите денеска се пожалија дека Владата не побарала од нив стручно мислење за овој проект, констатирајќи дека продолжува практиката на нивно изземање кога се донесува одлука […]

Таравари: Подобро се снаоѓав како министер отколку како градоначалник


Подобро се снаоѓав како министер отколку како градоначалник, вели Арбен Таравари, екс министерот за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар, во интервју за МИА. Таравари е лекар и Виш научен соработник на Клиниката за неврологија во Скопје. – Кога ја презедов министерската функција, пристапив со голем елан и желба да се сменат состојбите во здравството. Оформив […]

Заев: Законски е тендерот на Тодоров за Клинички центар


Законски е тендерот за избор на италијанската градежна фирма која ќе го гради новиот Клинички центар, а кој го спроведе претходниот министер за здравство, Никола Тодоров.Ова го рече премиерот Зоран Заев во Собранието, одговарајќи на денешната седница за пратенички прашања. Постапката е надгледувана од Банката на Советот на Европа, која е кредитор на оваа инвестиција. […]

Наскоро одлука за отпочнување на изградбата на Клинички


Делегација на Банката на Советот на Европа на денешната седница на Владата на Република Македонија ги презентираше опциите за активирање на изградбата на Универзитетскиот клинички центар (УКЦ), со вклучени експертски мислења за предвидените опции и алтернативи во однос на локацијата на УКЦ. На седницата, како што соопшти владината прес-служба, била искажана јасната определба на Владата […]

Новиот Клинички центар ќе се гради со кредит од Банката за развој


Новиот Клинички центар ќе биде приоритет за Владата и за него е обезбеден кредит од Банката за развој на Советот на Европа (ECB), соопштија од Владата. Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче вчера се сретнаа со делегација на ECB, предводена од Витомир Мајлс Рагуз, регионален менаџер на банката. „На средбата беа презентирани фазите […]

(ВИДЕО) Со трубачи и чочеци лекарите од Ниш се вселија во новиот Клинички центар


Лекарите и останатиот медицински персонал со трубачи се вселуваа во новата зграда на Клиничкиот центар во Ниш. Директорот на Ургентниот центар Миодраг Лазиќ рече дека ваков чин заслужува да биде проследен со музика. Останатите Клиники додава тој, се преселени неколку дена порано. Официјално претседателот на рбија Александар Вучиќ овој клинички центар го отвори на 17 […]