Хакери бараат 4,5 милиони долари за да не објават податоци за пациенти од клиника во Барселона


Сајбер-криминалната група „Ransom House“ минатата недела хакираше клиника во Барселона и сега бара 4,5 милиони долари за да не се објавуваат украдени податоци за пациентите. Владините претставници рекоа дека немаат намера да се согласат со барањата на хакерите, што ја натера каталонската полиција Мосос да предупреди дека постои голема веројатност податоците за пациентите да бидат […]

Детскиот канцер бележи пораст, процентот на излекувани е висок: Интервју со д-р Светлана Кочева


  Од една неизлечива болест во минатото денес голем дел од малигните болести кај децата се лекуваат со успех. Но сепак останува фактот дека се тоа сериозни болести кои може да имаат и несакан тек, вели во интервју за „Независен“ д-р Светлана Кочева, раководител на одделот за хематоонкологија на Детската клиника. Таа вели дека во […]

Општина Бутел сака сама да гради модерна поликлиника


Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, е подготвен да се изгради нова модерна поликлиника, каква што прилега на една урбана општина кога веќе, како што вели, Владата и Министерството за здравство, како надлежни, не можат. На својот фејсбук-профил, тој јавно му се обрати на министерот за здравство Беким Сали и го потсети дека на неодамнешна […]

Тинејџер од Штип украл возило на скопските клиники и се забил во бетонски столб


Тинејџер од Штип, на возраст од 19 години, доцна синоќа, украл автомобил во сопственост на мензата на скопските клиники и со него удрил во бетонски столб, соопшти полицијата. Младиот штипјанец е уапсен. „На 04.01.2023 во 02.45 часот на ул.„Козара“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода […]

МЗ: Здравствените установи подготвени за новогодишната ноќ и претстојните празници


 Во пресрет на одбележувањето на новогодишната ноќ, сите клиники, вклучувајќи ги ЈЗУ Универзитетска Kлиника за Tрауматологија, Oртопедски болести, Aнестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) и Универизитетската клиника за токсикологија, како и останатите јавни здравствени установи во државата се подготвени со дежурни екипи за обезбедување на неопходната здравствена заштита за пациентите, соопшти Министерството […]

Клиниката „Св.Наум Охридски” – Скопје одбележува 60 години постоење


  По повод 60 години од основањето на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св.Наум Охридски” – Скопје, денеска ќе се одржи свечена академија. Универзитетската Клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ – Скопје веќе 60 години со успех функционира во дијагностицирањето и третманот на хируршките болни како значаен дел во системот на јавните здравствени институции. […]

Инцидент на скопските клиники: 16-годишна девојка се фрлила од прозорец


A.Ш. родена 2006 година денеска се фрлила од прозорец од Клиниката за психијатрија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, пренесува веб порталот Локално.мк.  По инцидентот, таа се здобила со тешки телесни повреди и моментално се наоѓа на КАРИЛ-Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување, дознава порталот од полицијата. 

Намален бројот на заразени, хоспитализирани и починати од Ковид-19


 Продолжува намалувањето на бројот на заразени,  хоспитализирани и починати од КОВИд-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 4 до 10 април 2022 година. Тестирани се вкупно 14.434 материјали, а регистрирани сe 1.106 нови позитивни случаи, со намалување од 31,0% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од […]

Намален бројот на заразени од Ковид-19, доминира омикрон стелт


 Продолжува намалувањето на бројот на заразени и хоспитализарани од Ковид-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 21 до 27 март. Тестирани се вкупно 16.074 материјали, а регистрирани сe 1.696 нови позитивни случаи, што е за 7,5% помалку во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 4,0% до 14,3%, […]

„Спомен куќа на Тодор Проески“ подари мечиња за Kлиниката за детски болести


Директорката на Универзитетската клиника за детски болести Аспазија Софијанова денеска прими донација од „Спомен куќа на Тодор Проески“ од Крушево, играчки мечиња за децата кои боледуваат од рак. Донацијата, како што соопштија од Клиниката, ја додели директорката на спомен куќата Лефкија Гажоска која на средбата со Софијанова потсетила на огромната љубов што ја имал Тоше […]

Сали: Продолжува поддршката од Германија за здравствениот сектор и справување со ковид кризата


Министерот за здравство Беким Сали на својот фејсбук профил објави дека денеска се сретнал со германската амбасадорка Анке Холштајн, на која посебно и се заблагодарил за нејзиниот личен ангажман и поддршката од Германија за здравствениот сектор од почетокот на ковид кризата. – Продолжува поддршката од германската Амбасада во справување со ковид кризата и останатите здравствените […]

МЗ: 81 отсто од хоспитализираните со Ковид-19 и 78 отсто од починатите се невакцинирани


Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август 2021 година заклучно со 13 јануари 2022 година. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08.2021 до 13.01.2022 […]

Лекари од Клиника во Скопје на позајмица за Детското одделение во Општата болница во Охрид


 Недостигот на лекарски кадар на Одделнието за детски болести при Општата болница во Охрид привремено ќе се решава со позајмица на двајца педијатри од Клиниката за детски болести во Скопје. Тоа го најави министерот за здравство, Венко Филипче, при посетата на Охрид, појаснувајќи дека најавената ротација ќе биде спроведена откако ќе бидат изгласани измените на […]

Десет и пол месечно бебе почина од компликации од морбили


Според информации од Клиниката за детски болести, во текот на вчерашниот ден десет и пол месечното бебе кое повеќе од две недели беше на интензивна нега починало како последица од компликации од мали сипаници, изјави денеска доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје. Ова е четврти смртен случај како последица од мали сипаници од […]

Почина шестмесечно бебе со морбили


Шестмесечно бебе заболено од морбили почина изутринава на Клиниката за инфективни болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека бебето имало компликација на белите дробови, и било невакцинирано. -Прво било лекувано во болницата во Козле, а после префрлено на Инфективната клиника каде докторите, за жал, не може да се справат со компликациите. Искрено […]

ГАК: Намалена смртноста кај предвреме родените бебиња


Намалена е стапката на смртност на предвреме родените бебиња на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје во првите десет месеци од годинава во споредба со истиот период во 2017 година и во 2016 година. Лани имало 35-36 починати новороденчиња на илјада живородени, а заклучно до 15 ноември годинава има 25 новороденчиња на илјада живородени. Починати новороденчиња на Одделението […]

Спортските обложувалници „Моцарт“ донираа медицинска опрема за Клиниката за Детски болести – Скопје


Денеска во просториите на ЈЗУ Клиниката за Детски болести – Скопје беше предадена медицинската опрема што Спортските обложувалници „Моцарт“ ја донираат на Детската клиника. Медицинските апарати беа набавени од средствата собрани во текот на донаторската кампања која за време на Светското фудбалско првенство 2018 (14 јуни – 15 јули) се  одвиваше на сите уплатни места […]

Клиниката за психијатрија со нова опрема и реновирано болничко крило


Нова апаратура за неурофидбек (метода со која се мерат мозочните бранови и се влијае на нив), за транскранијална магнетна стимулација (процедура која има ефект во редукција на симптомите на депресија), како и реновирано болничко крило беа промовирани денеска на Универзитетската клиника за психијатрија, во пресрет на 7 април, Светски ден на здравјето. По тој повод, Клиниката […]

Жан Митрев клиника одбележа 18 години


Приватната клиника на Жан Митрев прослави 18 години од своето постоење како прва приватна кардиохирургија во Македонија. Болницата која во 2000-та година започна со 10-тина вработени денес има над 300. На први март 2016 година се отвори новата болница. За првпат во Македонија почна нов концепт во медицината-персонализирана медицина базирана на генетската предодреденост на секоја […]

Со купување леб на парчиња на Жито Лукс донирате за медицинска опрема


Жито Лукс започна акција со која ќе се обезбедат средства за набавка на медицинска опрема за четири здравствени институции во земјава, наменета за лекување деца со белодробни заболувања. Со кампањата, која ќе трае до 15 март, од секој купен леб на парчиња на Жито Лукс ќе се одвојуваат средства кои што ќе бидат наменети за […]