Во првите 15 минути од Новата година на ГАК се родија три бебиња, првото е машко


Првото бебе во 2024 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.00 часот. Бебето е од машки пол, тешко е 3.760 грама, долго е 52 сантиметри и е родено со Апгар 10/10.  Како што информираат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, породувањето беше извршено по природен пат. Дежурната […]

Јанкулоска сепак е на преглед „кај пријателката на Заеви“


Бременоста на Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи, ќе се проверува на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК). Комисијата е составена од неколку гинеколози од оваа клиника кои треба да ја проверат здравствената состојба на Јанкулоска, по налог од Добрила Кацарска, судијка на предметот „Тенк“ во која Јанкулоска е осомничена за набавка на луксузниот […]

Директорката на ГАК по прозивките од Јанкуловска: На работа сум докторка, а не нечија пријателка


До Клиниката за гинекологија(ГАК) досега не е стигнато барање од судот по кое гинеколозите би утврдувале во кој месец од бременоста е Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи и колку е ризична бременоста, потврди Викторија Јовановска, директорка на ГАК. Добрила Кацарска, судијка во предметот „Тенк“, минатата недела најави дека ќе бара судски вештак да […]

Јовановска: На Гинекологија не умираат доносени, туку предвремено родени бебиња


Клиниката за гинекологија тврди дека нема смртност на доносени деца, туку само на предвремено родени, од 22 до 36 гестациска недела. Како што беше речено на денешниот брифинг со новинарите, граѓаните тоа треба да го знаат и еднаш засекогаш да се разбие стравот, посебно кај младите мајки, дека во оваа болница се умира. Според директорката […]

Министерство за здравство потврди – на скопска гинекологија починаа 35 бебиња за три месеци


Вo првите три месеци од годинава на Клиниката за гинекологија биле родени вкупно 1.155 бебиња. Од нив 144 биле предвреме родени и биле третирани на одделот за интензивна нега, а 35 починале. Починатите бебиња во периодот од јануари до крајот на март 2018 година спаѓаат во категоријата предвремено родени бебиња, соопштија од Министерството за здравство. -Истакнуваме дека само едно од починатите […]

ФЗОМ даде аванс за да се одблокира сметката на Клиниката за гинекологија


Сметката на Клиниката за гинекологија и акушерство ќе биде одблокирана со средства што Фондот за здравствено осигурување ги обезбедил за клиниката како аванс, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче. Изутрината имале состанок со директорот на ФЗОМ и проблемот веќе е решен. Авансот е во висина колкава што е сумата за блокираната сметка. Филипче посочи […]

ГАК: Блокираната сметка не е поврзана со донаторската кампања


Блокадата на сметката на Клиниката за гинекологијата и акушерство(ГАК) е поради долгови од пред десет години и не е поврзана со донаторската кампања што почна лани, соопштија од Клиниката, по информациите дека ГАК собира донации за да се опреми. „Блокадата е поради исплати по извршни решенија од суд. Станува збор за судиски процеси водени за ретинопатии кај […]

Не собираат само болните пари за лекување: Гинекологија бара донации од граѓани


Клиниката за гинекологија и акушерство отвори донациски броеви на двата мобилни оператора, на кои граѓаните можат да донираат по сто денари за клиниката. На својата фејсбук-страница Клиниката објави фотографија на која објаснува дека броевите 143-476 на „Оне.вип“ и 143-333 на „Телеком“ се во рамки на донаторската кампања „Сите ние, пријатели на бебињата“. Многу клиники и […]

И доктори ќе се справуваат со сексуалното насилство


Вкупно 60 здравствени работници досега се обучени да се справат со сексуалното насилство врз жени. Обуките ќе продолжат и годинава, а ќе се отворат и три центри за жените жртви: еден на Клиниката за гинекологија и по еден во болниците во Куманово и во Тетово. Со тоа и здравствениот систем се вклучува во борбата против […]

За две години, 23 девојчиња абортирале: Две малолетни мајки ги родиле и ги оставиле своите бебиња


Две малолетни мајки во периодот од 2016 година до сега ги оставиле своите новороденчиња на Клиниката за гинекологија затоа што не можеле или не сакале да се грижат за бебињата. Ниту една од нив не е штитеничка на установите „25 Мај“ или „Ранка Милановиќ“, покажуваат податоците од Клиниката. Исто така, двете девојчиња од „25 мај“, […]

Бремени уште две девојчиња од „25 Мај“


Уште две малолетни девојчиња од ЈУ „25 Мај“ се трудни. Едното ја прекинало бременоста, но второто не сака да абортира и инсистира да го роди бебето, дознава „Независен весник“. Засега уште не е официјално потврдено дали и овие две малолетнички биле злоупотребувани, како што беше случајот со 13-годишното девојче кое ја дигна јавноста на нозе. […]

Скопска гинекологија ќе добие „конкуренција“ во внатрешноста


Клиничките болници во Тетово, Штип или Битола ќе нудат подеднакво квалитетни услуги како клиниката за Гинекологија во Скопје. Овие три болници ќе бидат акредитирани според стандарди за родилишта и родилките нема да се препраќаат само на Клиниката за гинекологија (ГАК) или во болницата во Чаир. Ова е една од мерките за намалување на смртноста кај […]

Филипче: Невистини ја нарушуваат вербата во здравствениот систем


Не постои никаква ситуација во која бебе недостига или било заменето. Бебињата на таа возраст ги идентификуваме со бројчиња, а не со имиња, и сето тоа било како што треба. Утврдивме дека станува збор за недоразбирање меѓу семејството на бебето и медицинскиот персонал кое потоа прераснало во кавга, рече министерот за здравство Венко Филипче на […]

Реакција од ГАК за случајот во кој таткото тврди дека е исчезнато бебето


Клиниката за гинекологија и акуштерство (ГАК) реагира на изнесените изјави од страна на Јован Волчев, татко на новороденче, кој рече дека неговото бебе исчезнало. Од клиниката тврдат дека таткото не бил одбиен да го види своето дете туку му било кажано да дојде во време одредено за посета односно во 16 часот. Тие соопштуваат дека […]

Шилегов ѝ подари штедна книшка на малата Теодора


Првороденото бебе во 2018 година во Скопје денеска доби штедна книшка со 20 илјади денари. Бебето и мајката на Клиниката за гинекологија и акушерство ги посетија министерот за здравство Венко Филипче, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Градоначалникот Шилегов изјави дека традиционално на најмладата скопјанка, малата […]

Женско е првото бебе во Скопје


Првото бебе родено во 2018 година во Скопје е женско, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи. Бебето е родено една минута по полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство  во Скопје. Станува збор за второ дете на Борјана Радевска од Скопје. Бебето е тешко  три килограми и  70 грама  и долго 49 сантиметри.

Денеска е светски ден на предвреме родените деца


Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство денеска ќе го одбележи 17 ноември, светски ден на предвреме родените деца. По тој повод, вечерва ќе се одржи Свечена академија. Клиниката информира дека целта е да се подигне јавната свест на сите чинители во општеството за децата кои се раѓаат пред утврдениот термин.

Заев: 16 инкубатори за Клиниката за гинекологија и уште 10 за болници низ државата


Вкупно 16 инкубатори за бебиња доби Одделението за интензивна нега на Клиниката за гинекологија (ГАК). Уште десет инкубатори ќе бидат доставени до болници и клиники низ државата. Ова го најави премиерот Зоран Заев, за време на денешната посета на ГАК. Инкубаторите ќе добијат општите болници во Штип, Тетово, Струга, Прилеп, Охрид Куманово, Битола, Гостивар и Струмица како […]