Општина Кисела Вода обезбеди донација за струја за социјално-загрозените семејства


Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски обезбеди донација од приватна компанија за субвенционирање на сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства. Во време на енормно зголемени цени на сите продукти и општа финансиска криза, обезбедената донација, е наменета токму на оние на кои во моментов имаат најголема потреба од помош, соопштија од општина […]

Кисела Вода објави меѓународен конкурс за идејно решение за Расадник


Општина Кисела Вода го објави меѓународниот конурс за идејно решение за Расадник кој ќе биде отворен во наредните четири месеци. Ова е прв Меѓународен конкурс во Македонија после 1965 година, тврдат од Општината. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска на прес-конференција ги соопшти сите детали околу конкурсот. На настанот говореа и претставниците од трите стручни столба кои […]

Со Коријада почнува Културно лето 2022 во Општина Кисела Вода


Денеска, 29 јуни, па сè до 02 јули, започнува богатата и забавна програма на Културно лето 2022, кое ќе се оддржи во склоп на неколкудневното одбележување на роденденот на општината, – „67 години Моја Кисела Вода“. На самата четиридневна манифестација ќе настапат голем број на македонски музички ѕвезди, кои ќе бидат задолжени сите посетители да […]

Општина Кисела Вода времено ќе ангажира 15 негуватели во детски градинки и 5 негуватели за стари лица


  Општина Кисела Вода упатува јавен повик до сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во проектот “Се грижиме за најмладите и највозрасните”. Истиот е дел од Програмата Општинско – корисна работа, кој се спроведува преку Врз основа на Договорот за соработка со Агенцијата за вработување и Договорот помеѓу Програмата за развој […]

Поделени 1.500 витамински сирупи на „Алкалоид“ на децата од градинките во Кисела Вода


Донација од 1.500 сирупи за подигнување на имунитетот кај децата во градинките обезбеди општина Кисела Вода од ,,Алкалоид” АД Скопје. Денеска, преку Секторот за образование и предучилишно воспитување, им беа доставени на сите градинки кои се во надлежност на оваа локална самоуправа. Сирупите, потоа ќе ги подигнат родителите кои се пријавиле дека сакаат ваков суплемент […]

Денеска без струја дел од Кисела Вода


Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 03.05.2022 година (вторник) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. „Христо Татарчев“ 15, „Христо Татарчев“ 1 (објектите меѓу „Унилукс“ и „Метекс“), и „Христо Татарчев“ 13 објектите на „Енерго системи“ и “Скендеровски“ кај новиот кружен тек во […]

„Лидл“ сака да гради дистрибутивен центар во Кисела Вода, но и неколку маркети


Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на социјалните мрежи се пофали дека имал состанок со претставници од претставништвата на „Лидл“ од Бугарија и Македонија, при што тие изразиле намера да инвестираат во оваа општина. – Денес имавме прилично конструктивна средба со претставниците на ,,Лидл” од претставништвата во Бугарија и Македонија, кои пројавија интерес за инвестирање […]

Утре без струја делови од општините Петровец, Сопиште, Кисела Вода, Центар и Сарај


Неколку улици во скопските општини Петровец, Сопиште, Кисела Вода, Центар и Сарај, утре ќе останат без електрична енергија. Како што информираат од Центарот за управување со кризи во периодот од 08:05 до 12:35 часот, без електирчна енергија ќе бидат корисниците од улица „1“ лоцирани на потегот од основното училиште во Петровец кон село Ржаничино, како […]

Без вода реонот околу поранешна „Газела“ и делови од населбите Кисела Вода и Ченто


Поради промена на затворачи денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците околу поранешната фабрика „Газела“, како и дел од населбите Кисела Вода и Ченто. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, поради замена на затворачи Ф200 милиметри и Ф150 милиметри на улица „15-ти Корпус“ бб на Авто-полигонот на АСУЦ, прекин во водоснабдувањето ќе […]

Се кастрат дрвја низ Кисела Вода


„Паркови и зеленило“ информираа дека во рамки на големата акција за чистење на Скопје, почнувајќи од Општина Кисела Вода изминативе три дена,  екипи од ова претпријатие работат на собирање на лисја, косење на тревниците, собирање на искосот, кроење на грмушки, чистење на зелените површини од отпадоци и смет, а се изврши и кастрење и сечење […]

Арсовска не знае кога ќе биде пуштена улицата „Есенинова“, готова од октомври лани


  Улицата „Есенинова“ која ги поврзува Чешма во Кисела Вода, до булеварот „Трета македонска бригада“ на влезот во Аеродром во Скопје со години се најавува како добро решение за растоварување на сообраќајот, но и како трето поврзување на овие две општини, сепак, градоначалничката Данела Арсовска не знае кога ќе биде пуштена во употреба, иако е […]

Сред најголем сообраќаен метеж, почна големото чистење на Скопје


Од Чешма во Кисела Вода, но сред сообраќаен метеж беа донесени педесетина улични чистачи и триесетина специјализирани возила, со што се најави генералното чистење на скопските улици и булевари. Од пред споменикот на Тодор Александров се дигнаа облаци прашина, се отворија одводните шахти, а по должина на булеварот „Борис Трајковски“ се отворија шахтите кои ја […]

Цела недела ќе се собира кабаст отпад во Кисела Вода


Следната недела, од  21.03.2022 (понеделник) до 27 март (недела), ќе се одвива акција за подигнување на кабаст отпад во Општина Кисела Вода. Преку сорaботка со ЈП ,,Комунална хигиена” која ќе постави специјални садови за кабаст отпад на неколку локации, граѓаните ќе можат да го остават, по што тој бесплатно ќе биде подигнат и транспортиран на […]

СДСМ обвини дека градоначалникот Орце Ѓорѓиевски склучувал договори со роднини и пријатели


Владејачката СДСМ обвини дека градоначалникот на кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, покрај тоа што се жали дка нема пари за подмирување на обврските на општината, сепак, склучувал договори со роднини, пријатели и медиумски куќи блиски до опозицијата, за извршување услуги во неговата општина. – Преку договори со суми од 40 па и од 50.000 […]

До крајот на март да се отстранат сите хаварисани возила во Кисела Вода


Општина Кисела Вода известува дека во вторник, 15.03.2022 година, во заедничка соработка со ПСОН –Кисела Вода и РСБСП- Скопје, започнува со акција за изрекување на опомени до имателите на хаварисани возила за отстранување на моторното возило поради попречување на одвивање на сообраќајот и загрозување на човековата околина. Доколку возилото и покрај опомената, не биде отстрането […]

Пожар во една од бараките на Општина Кисела Вода


Општина Кисела Вода информира дека денеска околу 11 часот, во бараката 3 во објектот на Општина Кисела Вода изби мал пожар поради дефект во застарената електрична инсталација. Од Општината велат дека пожарот веднаш беше локализиран од страна на самите вработени и освен причинетата незначителна материјална, нема никаква друга штета, ниту пак повредени лица. На лице […]

Од снегот, се чистат улиците во Кисела Вода


Улиците во Општина Кисела Вода во Скопје се чистат од наврнатиот снег деноноќно, иако како што велат од таму, март секогаш знае да биде временски променлив, тие се спремни да одговорат на секој предизвик. – Со екипите на зимската служба дежурни сме цела вечер, снежните наноси се чистат низ територијата на Кисела Вода за утрово […]

Утре без вода неколку улици во Кисела Вода


Прекин на водоснабдувањето утре ќе имаат дел од корисниците од општина Кисела Вода. -Без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улиците: „Киро Крстевски“, „Вера Јоциќ“, дел од улиците „Иван Козаров“, „Божидар Аџија“ и улица „Георги Димитров“, информира јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Корисниците ќе бидат без вода поради дефект на улицата „Киро Крстевски“ […]

Се гради парк кај кружниот тек во Припор


  Самоодржлив парк се гради кај кружниот тек меѓу Припор и Кисела Вода, а паркот ќе го носи името „Иднина”. – На ова место, од неуреден и неосветлен простор, од депонија поради која сите ја вртеа главата настрана, оваа пролет граѓаните ќе добијат прекрасно урбано катче за одмор, рекреација и дружење – велат од Општина […]

Јавен повик за времено ангажирање на негуватели во детските градинки во Кисела Вода


  Општина Кисела Вода упати јавен повик за времено ангажирање на негуватели за јавните детски градинки на оваа територија. Евидентираните невработени лица кои сакаат да се вклучат во Програмата Општинско – корисна работа треба да поседуваат лиценца. Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку Програмата изнесува пет месеци. Ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време […]