Кисела Вода обезбеди униформи за сите 5.460 ученици


Општина Кисела Вода започна со достава на униформите за учениците од основните училишта на своја територија. Сите 5460 основци од прво до деветто одделение, бесплатно добиваат униформа која има унифицирана боја за секое од осумте училишта. „Денес, на првиот ден од второто полугодие, започнавме да ги доставуваме бесплатните униформи до сите наши ученици, во сите […]

Новогодишен караван во Кисела Вода, поделени 3000 пакетчиња


Новогодишниот караван кој во изминатите денови патуваше низ сите населби и населени места во Општина Кисела Вода, денеска пристигна на својата финална дестинација што донесе бескрајна среќа на лицата на илјадници дечиња во паркот во Расадник.   Како што наведуваат од Општината, Дедо Мраз во кочија придружуван од распеан детски оркестар се придружи на големиот […]

Буџетот во Кисела Вода донесен без ниту еден глас против


Со ниту еден глас против, само 4 воздржани и 17 гласови  ЗА од советниците од најразлични политички партии и коалиции, Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2024 година, предложен од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Со консолидирана вредност од 1.253.541.754,00  денари, или основен Буџет во износ од 659.225.754,00 денари, тој претставува досега највисокиот буџет во историјата […]

Затруената вода во Хрватска имала рН 13,6, нормално водата има pH вредност 7


Раководителката на Центарот за форензички испитувања, истражувања и вештачења „Иван Вучетиќ“, Андреа Ледиќ, за централниот Дневник на ХРТ изјави дека во шишето со минерална вода, кое им било доставено по труењето во Риека, пронашле хемиски состав што укажува дека е средство за чистење и одмастување. Таа откри дека останатите шишиња со пијалоци кои дошле на […]

Скандал по труење со кисела вода во Хрватска: Пијте само обична вода


  Три лица завршија во болница во Загреб, а едно во Риека, поради сомневање за труење со газиран пијалок. Полицијата извршила истрага на Природно-математичкиот факултет во Загреб, каде наводно млад човек се затрул од газиран пијалок. „Јутарњи лист„ пишува дека маж испил минерална вода „Ромеркел“ во кафуле. Хрватскиот институт за јавно здравје добил примероци од […]

Поради дефект, Кисела Вода нема вода


Поради уличен дефект ф-80 денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од од улицата  „Борис Трајковски“ и дел од улицата  „Христо Татарчев“ во Кисела Вода. Прекинот со водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, ќе биде од 12:10 часот до завршување со санација на дефектот. 

Жителите на Кисела Вода од денеска можат да аплицираат за субвенции за огревно дрво


Општина Кисела Вода го објави повикот до граѓаните за субвенционирање на дел од трошоците за купување на дрва за огрев. Од денеска, во наредните пет дена жителите на Општината кои набавиле огревно дрво во периодот од 1 април годинава,  можат да аплицираат за финансиски надомест во износ од 500 денари за секој купен метар кубен  […]

Кисела Вода утрово без парно поради дефект


Дефект поради кој дошло до губење вода на дистрибутивната мрежа предизвика прекин на испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода, извести ЕСМ. „Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина веќе се на терен и интензиво работат на лоцирање на дефектот, со цел истиот да биде изолиран и саниран. Поради големината на […]

Кисела Вода на 12 локации доби контејнери за електричен и електронски отпад


Жителите на општина Кисела Вода од денес, на 12 различни локации, имаат на располагање специјализирани контејнери наменети за електричен, електронски отпад и отпадни батерии. Општината во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула Отпад“ од Скопје започнува со собирање и селектирање на електричен и електронски отпад, како и на отпадни батерии. На самиот контејнер […]

Кисела Вода и годинава ќе обезбеди бесплатни ранци и училиштен прибор за сите првачиња


Општина Кисела Вода информира дека и оваа година сите првачиња од осумте основни општински училишта ќе добијат анатомско ранче и прибор. Станува збор за околу 650 деца кои првпат ќе седнат во училишните клупи. – Со овој проект кој лани првпат го започна Кисела Вода, и искрено се радувам што се прошири речиси низ целата […]

Се „грижел“ за сосетката и ѝ го зел целиот имот


Во вторникот, во 21 часот на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници го лишиле од слобода С.М.(55) од Скопје, постапувајќи по пријава според која тој, прикажувајќи ѝ лажни факти на неговата 77-годишна сосетка, која имала здравствени проблеми и за која требало да се грижи, ја довел во заблуда и ја измамил да потпише лист со […]

Целосна реконструкција на „Вера Јоциќ“ со краците и паркинзите и изградба на нов паркинг


Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска изврши увид во финализацијата на овој проект кој опфаќа асфалтирање на површина од околу 5800 квадратни метри и кој исто така опфати реконструкција на постоечките паркинзи и изградба на нов паркинг простор за 70 возила, информираа од општината. – На реконструкција на улицата Вера Јоциќ, интензивно се работеше […]

Нови простории во градинката „Весели цветови“ за уште 90 деца


ДГ ,,Весели Цветови” е проширена за околу 90 дечиња, а градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиев, најавува и  изградба на нов објект во склоп на ,,Кокиче” за 120 деца.   Завршија градежните работи за проширување, односно преадаптација на 4-5 простории од објектот, со што капацитетот на градинката е зголемен за уште 90-тина дечиња.    Она […]

Почнува културното лето во Кисела Вода


Под слоганот „68 години – бескрајна приказна која станува се подобра“, од денеска Општина Кисела Вода го почнува Културното лето и одбележувањето на својот роденден. Како што информираше претходно градоначалникот на Општината, Орце Ѓорѓиевски, во деновите што се пред нас ќе настапат македонски изведувачи, уметници, како и хрватскиот пејач Петар Грашо. -Се потрудивме во четири […]

Општина Кисела Вода стана дел од Б40 мрежата на градови – лидери на Балканот


Општина Кисела Вода стана дел од Б40 мрежата на градови – лидери на Балканот, која функционира во насока на унапредување на соработката и зајакнување на демократијата. – Успесите и активностите на Кисела Вода покрај тоа што се познати и признати во државата, веќе се признати и на меѓународно ниво. Задоволство и предизвик е да се работи и […]

Без струја делови од Аеродром и Кисела Вода


Без струја денеска ќе бидат делови од Аеродром и Кисела Вода, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Во периодот од 9 до 13 часот, без струја ќе биде дел од улицата „Тодор Чангов“ – улица 22 во општина Аеродром, додека, од 9 до 12 часот, струја ќе нема на улицата „Караџица“, дел од […]

Ѓорѓиевски ги презентираше проектите за фекална и водоводна мрежа во Стаклара


Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски на денешната средба со бизнис заедницата од општината ги претстави двата капитални проекти за изградба на фекална канализација и водоводна мрежа во населбата Стаклара. – Овие проекти, изработени за многу кус период од Општина Кисела Вода, претставуваат сумиран одговор на барањата на над 500 семејства и на, безмалку, сите […]

Кисела Вода бесплатно ќе го собира кабастиот отпад


Општина Кисела Вода ќе спроведе нова акција за бесплатно подигнување на кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради. Во периодот од 3 мај до 11 мај, во рамки на сите месни и урбани заедници на општина Кисела Вода ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои секојдневно ќе го подигаат кабастиот отпад. За […]

Општина Кисела Вода и „Меѓаши” со проект за унапредување на детските права


Преку 30-месечен проект, финансиран од Делегацијата на ЕУ, ќе се унапредува заштитата на правата на децата преку изготвување локален акциски план во општините низ Македонија. Проектот опфаќа пет општини, а Кисела Вода е единствената скопска општина каде веќе се спроведуваат активности во насока на зајакнување на капацитетите за унапредување на локалното стратешко планирање и воведување […]

Учениците жртви на булинг ќе имаат психолошка помош во Кисела Вода


На денес одржаната седница на Локалниот совет за превенција на Општина Кисела Вода, промовираана е првата од сетот мерки која од денес им стои на расплагање на жртвите од врсничко насилство или на нивните блиски. Имено, од денес функционира телефонската линија 078/358 – 639   На оваа линија, жртвите може да добијат поддршка од тим […]