Проекции на КИНЕНОВА, собраниот приход за семејствата на настраданите во Кочани


Од денеска до 3 април (среда) во киното КИНОВЕРЗУМ, во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода ќе има проекции на филмови од минатите изданија на КИНЕНОВА, а приходот од влезниците ќе биде наменет за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани. -По најголемата трагедија во поновата македонска историја, ние како фестивалски тим одлучивме […]

Вечерва на КинеНова црногорскиот игран филм „Планета 7693“


Македонската премиера на црногорскиот игран филм „Планета 7693“ во режија на Гојко Беркуљан, ќе биде одржана вечер во киното Киноверзум во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода. Филмот ќе биде прикажан во рамките на официјалната програма на годинашното издание на Меѓународниот филмски фестивал КинеНова. Како што информира „Скопје филм студио“, „Планета 7693“ е […]

Премиера на документарниот филм „Последниот каубој“ на Киненова


Документарниот филм „Последниот каубој“, по сценарио и во режија на Тадеј Чатер од Словенија, ќе биде премиерно прикажан вече во Домот на културата „Билјана Беличанец“, како дел од 9-тото издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова.  Филмот „Последниот каубој” ја раскажува приказната за Хари Џексон, бунтовникот, вечниот трагач по правдината и вистината и обожавателот на вестерни […]

Со проекција на „Иста крв“ од програмата „Боите на Португалија“ се затвора 7. МФФ Киненова


Годинашното седмо издание на МФФ Киненова покрај ирската и полската кинематографија, во фокусот го става и португалскиот филм преку програмата „Боите на Португалија“, во рамките на која се поместени филмовите „Иста крв“ и „Табу“. На филмофилската јавност, португалската кинематографија и е позната главно по делата на легендарниот Маноел де Оливеира и достигнувањата на претставниците на […]

Агенција за филм: „Киненова“ не ги задоволуваше критериумите на Филмскиот совет


Агенцијата за филм на Република Македонија во писмена реакција на тврдењата на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ наведува дека Фестивалот и минатата година не бил поддржан, бидејќи не ги задоволувал критериумите кои Филмскиот совет при Агенцијата ги земал предвид при разгледувањето на сите пријавени проекти. – Крајно неточно и тенденциозно е мешањето на филмот „Ругање на Христос“, […]

Со „Пред дождот“ и „Граница“ завршува програмата за Европско културно наследство на „Киненова“


Фестивалот на дебитантски филм „Киненова“ во рамки на програмата „Балканската филмска уметност како европско културно наследство“ завршува вечер со проекции на „Пред дождот“ во 20 часот во Кинотека на Македонија и „Граница“ на Али Абаси во 22 часот во Кинотека на Македонија). Оваа програма се реализира надвор од официјалната програма и има за цел преку проекции […]

Ретроспективна програма од филмскиот фестивал „Киненова“


Со проекција на шпанскиот дебитантски филм „Лето 1993“ на Карла Симон, вчеравечер во Кинотеката на Македонија беше отворена ретроспективна програма на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. Во рамки на програмата се прикажуваат четири дебитантски долгометражни филмови од Шпанија, Америка, Костарика и Холандија. Филмовите беа дел од меѓународната селекција за награди на „Киненова“ во 2017 година. Вечер […]