САД ја обвинија Кина на седницата на СБ на ОН за поттикнување на руската агресија во Украина


Вршителката на должноста амбасадор на САД во ОН, Дороти Ши, денеска на седницата на Советот за безбедност на ОН ја обвини Кина за поттикнување на руската агресија во Украина, додека заменик-кинескиот амбасадор во ОН, Генг Шуанг, го обвини Вашингтон дека се обидува да ја префрли вината и да предизвика конфронтација. Ши ги повика сите земји, […]

Вредноста на кинеската индустрија за вештачка интелигенција достигна речиси 100 милијарди долари


Вредноста на кинеската индустрија за вештачка интелигенција (ВИ) минатата година достигна 700 милијарди јуани (околу 97,5 милијарди долари), со стабилен годишен раст од 20 отсто, покажува денеска објавениот извештај на Кинескиот центар за информативни мрежи (ЦННИЦ). Кинеската ВИ алатка „Дип сик“ само 20 дена по објавувањето привлече повеќе од 30 милиони активни дневни корисници и […]

Кина гради ново светско чудо, Индија и Пакистан загрижени


Кинескиот премиер Ли Ќијанг го објави почетокот на изградбата на најголемата хидроелектрана во светот, која се наоѓа на источниот крај на Тибетската висорамнина, со проценета вредност од околу 170 милијарди долари. Проектот е дел од напорите на Кина за проширување на обновливите извори на енергија и намалување на емисиите на јаглерод, објави кинеската новинска агенција […]

Кина складира огромни залихи на никел


Кина складира огромни количини никел, користејќи ниски цени за да ги зголеми своите резерви на металот, кој е клучен за нерѓосувачки челик и батерии за електрични возила, во услови на ескалација на трговската војна со САД. Се проценува дека Пекинг купил до 100.000 тони никел за своите државни резерви од декември, според две лица запознаени […]

САД и Кина потврдија дека потпишале договор за крај на трговската војна


САД и Кина соопштија дека постигнале договор со кој се става крај на трговската војна меѓу двете земји, но спогодбата не ги решава сите отворени прашања во билатералната трговија. Договорот, потпишан пред два дена, се темели на рамковните спогодби постигнати во Женева во мај, соопштија официјални лица од двете страни. Американскиот министер за трговија Хауард […]

Кина го сруши рекордот во инсталирани соларни панели


Кина инсталираше најголем месечен соларен капацитет во својата историја во мај, покажуваат официјалните податоци, со зачудувачкиот факт дека само во тој месец додаде повеќе соларен капацитет од која било друга земја во целата 2024 година. Според податоците од Националната администрација за енергија, објавени од Блумберг, Кина инсталираше 93 гигавати (GW) соларен капацитет во мај, соборувајќи […]

Официјален Пекинг остро го осуди нападот на САД врз Иран


Кина остро го осуди нападот на САД врз Иран и нуклеарните објекти под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи. Министерството во соопштение на својата веб-страница наведува дека овој потег претставува сериозно кршење на Повелбата на ОН и дополнително ја влошува ситуацијата на Блискиот Исток. Кина ги […]

Повеќе од 30.000 луѓе се евакуирани поради поплави во јужна Кина


 Околу 30.000 луѓе се евакуирани во округот Хуаиџи во Кина откако неколкудневните обилни дождови предизвикаа поплави, соопшти државната телевизија ЦЦТВ. Спасувачите користат гумени чамци за евакуација на луѓето и доставување храна и вода до тие кои се заробени од поплавите во јужната кинеска покраина Гуангдонг. Повеќе од половина од патиштата во округот се поплавени, а […]

Пекинг стравува од цивилни жртви: Кина евакуираше 1.600 граѓани од Иран и стотици од Израел


  Кина евакуираше повеќе од 1.600 свои државјани од Иран и стотици од Израел, изјави портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи во четврток, додека евакуираните ги блокираат граничните премини поради интензивирањето на конфликтот меѓу двете земји. Реклама „Напорите за евакуација продолжуваат и Кина одржува комуникација со Иран, Израел, Египет и Оман. Кина ги повикува […]

Евакуирани речиси 70.000 луѓе – големи поплави во кинеската покраина Гунагдонг (видео)


Повеќе од 180.000 луѓе се погодени од силни поплави во округот Хуаиџи, градот Жаоќинг, во јужната кинеска покраина Гуангдонг, по обилните дождови од саботата, соопштија локалните власти. Flood in Guangdong province pic.twitter.com/cXq7qGagp9 — @ (@anthraxxxx) June 18, 2025 Врнежите од дожд беа предизвикани од комбинација од тајфунот Вутип – првиот тајфун во годината – монсунски […]

САД и Кина постигнаа начелна согласност за трговската рамка


Преговарачките тимови на САД и Кина постигнале начелна согласност за заедничка рамка за надминување на трговските разлики, која сега треба да биде одобрена од претседателите Доналд Трамп и Си Џинпинг. – Двете страни се согласија на заедничка рамка и ќе ја презентираат пред своите лидери, изјави кинескиот претставник за меѓународна трговија Ли Ченган по дводневната […]

Трамп: Кина се согласи да извезува ретки минерали и магнети во САД


Претседателот на САД, Доналд Трамп, во петокот изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг се согласил да дозволи извоз на ретки минерали и магнети во САД, што би можело да ги намали тензиите меѓу најголемите економии во светот. На прашањето на новинарите дали Си се согласил, Трамп рече: „Да, се согласи“. Кинеската амбасада во Вашингтон не […]

Кина почна мисија за извлекување примероци од астероид


Кина рано денеска ја почна својата прва мисија за собирање примероци од карпи од астероид близу Земјата. Целта е да се продлабочат научните сознанија за создавањето и обликувањето на астероидите и за раниот Сончев Систем. Вселенското летало без екипаж „Тијанвен-2“ успешно полета од центарот за лансирање на сателити „Шичанг“ во југозападна Кина, соопшти кинеската Национална […]

„Виталиа“ ја претстави својата визија за здрава иднина на China-CEEC Expo 2025 во Нингбо, Кина


Македонската компанија за здрава храна, „Виталиа“, го претстави својот бренд и иновативните производи на четвртото издание на China-CEEC Expo & International Consumer Goods Fair, што се одржа од 22 до 25 мај 2025 година во Нингбо, Кина. Овој престижен саем, организиран од кинеското Министерство за трговија и партнери од ЦИЕ регионот, претставува платформа за унапредување […]

Кондиторски производи, вино, достигнувања од ИТ технологијата ќе презентираат македонските компании на 4. Саем на Кина и земјите од ЦИЕ


Петнаесет македонски компании годинава ќе ги претстават своите производи на 4. Саем на Кина и земјите од Централна и Источна Европа, а официјалната делегација ќе ја предводи заменик министерот за економија Марјан Ристески. Според најавите, учесници од Северна Македонија ќе има речиси на сите форуми што се организираат на овој голем настан. На саемот, според […]

САД и Кина постигнаа договор за царините


САД и Кина се согласија значително да ги намалат царините за стоките меѓусебно за период од 90 дена, по преговорите одржани минатиот викенд. Зборувајќи во Женева, американскиот секретар за финансии Скот Бесент рече дека „двете страни ќе ги намалат своите тарифи за 115%“, откако се согласија на 90-дневна пауза. Деескалација на трговската војна Тоа е […]

Трамп: Царините од 80 отсто за Кина се чинат фер


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека царините од 80 проценти за кинеските стоки „изгледаат фер“, додека претставниците на двете земји се подготвуваат за разговори во текот на викендот за ограничување на трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот. Американскиот министер за финансии Скот Бесент и главниот трговски преговарач Џејмисон Греет ќе се сретнат со […]

Десет мртви и 70 повредени откако невреме преврте туристички чамци во Кина


Десет лица загинаа во несреќа со превртен чамец на река во југозападната кинеска провинција Гуиџоу, а 70 други се префрлени во болница, објавија утринава државните медиуми, пренесе ДПА. Ниту еден од повредените не е во критична состојба, објави агенцијата Ксинхуа. Ненадејна бура и обилните дождови вчера предизвикаа превртување на четири чамци во реката Ву, популарна […]

САД воведуваат казнени царини за мали пратки од Кина


САД од денеска воведуваат казнени царини за мали пратки од Кина и Хонгконг, особено оние што содржат евтина облека од гигантите за онлајн-продажба „Шеин“ и „Тему“. Новата мерка, дел од тековната трговска војна меѓу двете економски сили, стапи во сила од 4 часот по Гринич (7 часот по средноевропско време), со што се укинува досегашното […]

Пекинг: САД бараат разговори со Кина за царините на Трамп


САД ѝ се обратиле на Кина со барање за разговори околу царините од 145 отсто што ги воведе актуелниот претседател Доналд Трамп. Пекинг е отворен за дијалог, соопшти кинеското Министерство за трговија, сигнализирајќи можност за смирување на трговската војна. Американската страна, според Пекинг, треба да покаже „искреност“ и да се откаже од еднострани царини, истовремено […]