Кина: Хонгвеи е под истрага заради сомневање за прекршување закони


Дисциплинскиот орган на КП на Кина соопшти денеска дека претседателот на Интерпол Менг Хонгвеи е под истрага заради сомневања дека прекршил закони. Станува збор за висок кинески претставник чие исчезнување го пријави неговата сопруга пред 10-на дена. Менг Хонгвеи кој е замнеик кинески министер за јавна безбедност е „осомничен за кршење на закони и моментно […]

Интерпол побара информации од Кина за Менг Хонгвеј


Интерпол и официјално побара од Кина информации за претседателот на организацијата Менг Хонгвеј, кој исчезна откако дошол во посета на неговта татковина Кина. Во соопштението на Интерпол се наведува дека се искористени канали со цел барањето за стаусот на Хонгвеј да се испрати до Кина. Организацијата се надева дека ќе добие официјален одговор од Пекинг. […]

Трамп воведе царини од 10 отсто за кинескиот увоз на стока од 200 милијарди долари


Претседателот на САД Доналд Трамп воведе царини од 10 проценти на дополнителен увоз на кинески стоки од 200 милијарди долари од 24-ти септември. Царините првично ќе бидат 10 проценти, но ќе се зголемат до 25 проценти до крајот на годината, со што американските компании ќе добијат одредено време за да почнат да се снабдуваат со стока […]

Тајфунот Мангкут уби 64 лица на Филипини


Моќниот тајфун Мангкут денеска ја погоди јужната кинеска покраина Гуангдунг, откако беснееше на Филипини, носејќи со себе силни ветрови и дожд, поради што најмалку 64 лица го загубија животот, но се стравува и дека уште десетици лица се затрупани под земјата од многуте свлечишта кои ги предизвика тајфунот. Над 2,4 милиони лица денеска се евакуирани […]

Вучиќ во посета на Кина


Српскиот претседател Александар Вучиќ од денеска, па до 19 септември претсојува во посета на Кина, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопштија од неговиот кабинет, Вучиќ ќе има одделни средби со претседателот на Кина, Си Џинпинг и со кинескиот премиер Ли Кечијанг. За време на посетата се планира да бидат потпишани серија билатерални […]

Фалсификатите во Македонија доаѓаат од Кина и од Турција


Фалсификуваната стока што стигнува во Македонија е од Кина и Турција, а најмногу подложни на фалсификување се бонбоните, пенкалата, текстилот, обувките, козметиката и модните додатоци. Податоците на Царинската управа на Република Македонија покажуваат дека 48 проценти од привремено задржаната стока по основ на повреда на правото од интелектуална сопственост е од Кина, додека 46 проценти […]

Заев – Кечијанг: Отвораме перспективи за економска соработка


Ги отвораме перспективите за продлабочување на економската соработка со Народна Република Кина и сакаме да соработуваме на проекти кои ќе придонесат за инфраструктурен и економски развој на земјата. Ова го истакнал премиерот Зоран Заев на средбата со претседателот на Владата на НР Кина, Ли Кечијанг, на маргините на 7. Самит на шефови на влади од процесот […]

Харадинај: Косово има подобри односи со Кина отколку со Босна и Херцеговина


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека односите на Косово со Кина се подобри одошто со Босна и Херцеговина. Во интервју за босанскиот весник „Аваз“, што го пренесоа косовските медиуми, Харадинај изјави дека „грешат многу оние кои мислат дека од непризнавањето на косовската независност губи само Косово“. – Видете, нашите луѓе патуваат во Кина, Кинезите го […]

Кина: Ако САД воведат трговски санкции, договорите веќе нема да важат


Доколку САД воведат трговски санкции за Кина, вклучително и зголемени царини за челик и за алуминиум, ниту еден трговски договор постигнат меѓу двете држави нема веќе да важи, соопшти официјален Пекинг. Соопштението е објавено по разговори на кинескиот вицепремиер Ли Хе и американскиот министер за трговија Вилбур Рос. Кина соопшти дека двете страни постигнале „позитивен […]

САД и Кина постигнаа договор за укинување на санкциите за ЗТЕ


САД и Кина се блиску до договор со кој ќе се укинат санкциите против кинескиот производител на мобилни телефони ЗТЕ, кои беа воведени поради тоа што компанијата ги кршела санкциите кон Иран. Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна најави дека се водат разговори за да и се помогне на кинеската компанија, која беше тешко погодена од […]

Иниеста следната недела ќе открие дали ќе оди во Кина или Јапонија


Фудбалерот на Барселона Андрес Иниеста ќе ја продолжи својата кариера во Кина или Јапонија, а неговиот избор ќе стане познат следната недела. Фудбалерот кој минатата недела наполни 34 години, во април објави официјално дека ќе го напушти каталонскиот клуб, во кој ја помина целата кариера. – Ми претстои веројатно да ја земам најважната одлука во […]

Иниеста заминува во Кина поради бизнисот со вино


Фудбалерот на Барселона, Андрес Иниеста, веројатно на крајот од сезоната ќе замине во кинескиот клуб Тјанџин, а шпанскиот весник „Марка“ објави дека главна причина за ваквата одлука е неговиот бизнис со вино. Иниеста во 2010 година ја основаше винаријата „Бодега Иниеста“ и сега има намера да се прошири на азискиот пазар. – Веќе знам што […]

Ако не остане во Баерн, Рибери заминува во Кина


Договорот на Франк Рибери со Баерн Минхен истекува на крајот од сезоната, а францускиот фудбалер нагласува дека е нестрплив да се реши неговиот статус. Меѓутоа, раководството на баварскиот клуб наведе дека прво планира до крајот на април да го реши прашањето околу идниот тренер, а дури потоа ќе се занимава со договорите на Рибери и […]

Севернокорејскиот министер за надворешни работи во посета на Кина


Севернокорејскиот министер за надворешни работи е во посета на Пекинг на разговори со кинескиот колега,јавија кинеските медиуми. Посетата на Ри Јонг Хо ја потврди портпаролот на кинеското МНР, Генг Шуанг, кој рече дека Ри ќе има средба со министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји. Тој не даде детали за фокусот на разговорите, но […]

Кина воведе царини за 128 американски производи


Кина објави противмерки на увоз на американски производи наметнувајќи царини во висина до 25 отсто за 128 приоизводи како одговор на американските царини за челик и за алуминиум, објави кинеското Министерство за финансии. Официјален Пекинг предупреди минатиот месец дека размислува за воведување царини што предизвика голема загриженост поради можно избивање трговска војна меѓу двете држави. […]

Кинези со дронови прошверцувале телефони вредни 80 милиони долари


Кинеските власти разбиле група шверцери кои со дронови нелегално пренесувале паметни телефони од Хонг Конг. Шверцерите пренесувале и по 15.000 телефони за една ноќ. – Секој ден од 10.000 до 15.000 телефони се пренесувале преку граница. Со оглед на тоа дека работеле 15 денови месечно, нивниот месечен приход бил над 1,3 милиони евра – наведе […]

Пекинг: Американските царини може да ја нарушат глобалната економија


Кинеското Министерство за трговија денеска побара од Вашингтон да се откаже од планот за царините, предупредувајќи на опасноста од верижна реакција, која би можела да ја наруши светската трговија. Потпаролот на кинеското Министерство за трговија, Гао Фенг предупреди дека Пекинг „ќе ги преземе сите соодветни мерки“ за да ги одбрани економските интереси на Кина. Тој […]

Кина против американскиот закон за контакти со Тајван


Кинеското Министерство за надворешни работи настапи со категоричен став против законот што го потпиша американскиот претседател Доналд Трамп, а со кој се дозволуваат американско-тајвански контакти на официјално ниво. Кина ги повикува САД да се однесуваат внимателно кон прашањата за Тајван и да не дозволат огромни нарушувања на кинеско-американските односи, како и за мирот и стабилноста […]

Шји Џјинпинг едногласно реизбран за претседател на Кина


Секинескиот народен конгрес денеска едногласно го поддржа реизборот на Шји Џјинпинг за претседател на Кина, а тој, исто така, повторно е избран и на должноста претседател на Централниот воен совет. Гласањето, во присуство на новинарите, се одржа во Големиот народен дворец во центарот на Пекинг, а кинескиот Парламент беше преполн со делегати лојални на владејачката […]

Ќе се укинуваат визите за НР Кина


Република Македонија и Народна Република Кина ќе потпишат Спогодба за заемно укинување на визите за државјаните на двете земји. Предлогот на Министерството за надворешни работи за потпишување на Спогодбата меѓу двете владите на двете земји, е усвоен на вчерашната на седница Владата. Како што соопшти владината прес-служба, на седницата е прифатен и предлогот за поведување […]