Кина планира градови поприспособени за младите поради падот на наталитетот


 Кина претстави нов план со кој ги повикува градовите да бидат поприспособени на младите и на семејствата, преку промени во урбаното планирање, домувањето, образованието и јавните услуги, како дел од пошироката стратегија за ублажување на демографскиот пад. Планот, објавен од страна на 15 кинески министерства, предвидува развој на таканаречени „градови ориентирани кон младите“, со фокус […]

Ако САД ги зголемат царините, Кина ќе одговори со контрамерки, предупредува Пекинг


Кина се закани со противмерки ако САД „продолжат со зголемување на царините“ за што Пекинг тврди дека се засновани на лажни медиумски написи за наводна кинеска воена помош за Иран. – Извештаите во медиумите, во кои се обвинува Кина дека му обезбедува воена помош на Иран, се целосно измислени. Доколку САД продолжат да ги зголемуваат […]

Кина подготвена да ја зајакне економската и трговската соработка со САД


Кина е подготвена да ја зајакне економската и трговската соработка со САД, изјавил кинескиот министер за трговија Ванг Вентао по средбата со американскиот трговски претставник Џејмисон Грир, одржана на маргините на состанокот на Светска трговска организација во Камерун. Вентао истакнал дека економијата и трговијата треба да бидат двигател на односите меѓу Кина и САД и […]

Сонот на Кина станува кошмар на Америка: Пекинг постави рекорд, на САД им остануваат само пет години?


Кина изврши повеќе од 90 орбитални лансирања во 2025 година, поставувајќи нов национален рекорд и потврдувајќи ја својата амбиција да стане вселенска суперсила. Во изминатите пет години, земјата постигна серија спектакуларни успеси: враќање примероци од другата страна на Месечината, завршување на својата вселенска станица во ниската орбита на Земјата и успешно слетување на ровер на […]

Кина побара од рафинериите за нафта да го прекинат извозот


Кинеските власти побараа од своите главни рафинерии да го прекинат извозот на дизел и бензин, бидејќи војната на Блискиот Исток претставува ризик од недостиг на снабдување, пренесе Бета повикувајќи се на Блумберг. Тековната блокада на поморскиот сообраќај во стратешки важниот Ормутски теснец, помеѓу Индискиот Океан и Персискиот Залив, го загрозува снабдувањето со енергија на азискиот […]

Како е изграден најдолгиот мост во светот, долг 165 километри


Големиот железнички мост Данјанг-Куншан, долг 164,8 километри, е најдолгиот мост во светот. Овој импресивен инфраструктурен потфат е дел од брзата железница Пекинг-Шангај и го поврзува Шангај со градот Нанџинг. Иако често се нарекува мост, тој всушност е огромен вијадукт што преминува реки, канали, земјоделски површини и делови од езерото Јангченг. Неговата намена не е само […]

„Како да ги нема“: Кинеските фабрики работат со полна пареа и покрај царините на Трамп


Една година откако царините на американскиот претседател Доналд Трамп ги вознемирија извозниците и купувачите, кинеските фабрики и пристаништа повторно се преполни со активност пред Лунарната Нова Година, што ги зголеми цените на превозот. Фабриките и пристаништата се попрометни од кога било пред празничната треска, а големите кинески пристаништа забележаа пораст на контејнерскиот сообраќај. За пратки […]

Кина им советува на своите банки да ги намалат инвестициите во американски обврзници


Кинеските регулатори им советуваа на банките во земјата да ги намалат инвестициите во американски државни обврзници поради ризикот од прекумерна концентрација и можни пазарни флуктуации. На банките им е препорачано да ги ограничат новите купувања и да ги намалат постојните позиции, објавува „Блумберг“, повикувајќи се на анонимни информирани извори. Се очекува кинеските банки да ги […]

Кина погуби 11 членови на семејна криминална банда со седиште во Мјанмар


Во Кина егзекутирани се 11 членови на семејната криминална банда, која раководеше со центри за интернет измами во Мјанмар. Судот во Венџу соопшти дека утрово се погубени 11 лица, кои во септември минатата година беа осудени на смрт за тешки кривични дела, вклучително убиство на 14 кинески државјани, раководење со коцкарници и интернет измами. Измамите […]

Кинеската Комунистичка партија започна истрага против најблискиот сојузник на Си Џипинг во воениот врв


Комунистичката партија на Кина започна истрага против високите воени функционери Џанг Јуксија и Лиу Женли под сомнение за сериозни прекршувања на дисциплината и законот, соопшти денеска кинеското Министерство за одбрана.  Џанг (75) е член на Политбирото на партијата и потпретседател на Централната воена комисија, додека Лиу е началник на Генералштабот на Заедничкиот штаб на истата […]

Британската влада одобри Кина да започне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот


 Британската влада денеска ѝ одобри на Кина да започне со изградба на својата нова амбасада во Лондон, која е дизајнирана да биде најголемата кинеска Амбасада во Европа, објавија британските медиуми. Амбасадата ќе биде изградена во близина на Лондонската кула по три години одложувања поради противењето на локалните жители, некои британски пратеници и активисти од Хонг […]

Оковани во снег и ниски температури  – погледнете како се чисти снег во Кина (фото/видео)


Силен студен фронт ја зафати Кина, училиштата се затворени, а екипите за чистење снег се ставени во состојба на готовност. Исто така, издадени се предупредувања до граѓаните. Во покраината Џангсу, образовните власти во градот Суџоу денес и утре ја прекинаа наставата во основните и средните училишта, како и работата на градинките, наведувајќи ги безбедносните проблеми […]

Растот на Кина забави на 4,5 отсто, најслаб во речиси три години


Економскиот раст на Кина во четвртиот квартал лани забави на најслабо темпо во речиси три години, бидејќи домашната побарувачка ослабе, иако растот во текот на целата година се совпадна со целта на Пекинг и покрај зголемените трговски тензии со САД и продолжениот пад на пазарот на домување. Бруто домашниот производ порасна за 4,5% во периодот […]

Ни Трамп, ни царини: Кина објави рекорден трговски суфицит од еден билион долари


  Кина објави рекордни бројки за извоз за 2025 година, година кога царините и трговската политика на американскиот претседател Доналд Трамп предизвикаа превирања во глобалната економија. Пекинг во средата објави најголем трговски суфицит во светот – вредноста на стоките и услугите продадени во странство во споредба со нејзиниот увоз – од 1,19 билион долари. Ова […]

Кина смета дека САД треба веднаш да го ослободат Мадуро


Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека САД треба веднаш да го ослободат претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга Силија Флорес, и да ја решат ситуацијата во Венецуела преку дијалог и преговори. Во соопштението објавено на својата веб-страница, министерството наведе дека САД треба да ја осигурат и личната безбедност на Мадуро и […]

Кина ја продолжува воената вежба „Мисија правда 2025“ со блокада на Тајван


Кинеската Народноослободителна војска денеска ги продолжи масовните воени маневри околу Тајван во рамки на операцијата „Мисија правда 2025“, демонстрирајќи способност за целосна блокада на островот, соопштија кинеските и тајванските власти. Во вежбите се вклучени разорувачи, фрегати, ловци и бомбардери, додека копнените сили изведоа гаѓања со боева муниција во водите северно од островот. Портпаролот на Источната […]

Кина почна нови воени вежби околу Тајван


Пекинг почна воена вежба од големи размери околу островот Тајван, јави денеска државната новинска агенција Синхуа, повикувајќи се на кинеската војска. Под кодното име „Мисија Правда 2025“ (Justice Mission 2025), вежбите се спроведуваат во морските зони и воздушниот простор околу Тајван. Ова се првите големи кинески воени вежби во близина на Тајван од април минатата […]

(Видео) Кина наскоро ќе отвори уште едно архитектонско чудо: Најдолгиот тунел за експресен пат во светот


  Кинеските власти објавија дека ќе го отворат за сообраќај тунелот Тјаншан Шенгли, најдолгиот тунел за експресен пат во светот, до крајот на 2025 година. Отворањето на овој тунел ќе обезбеди нова кратенка што ги поврзува јужните и северните делови на автономниот регион Синџијанг во северозападна Кина. Зборувајќи на прес-конференцијата одржана од Канцеларијата за информации […]

Пентагон: Кина распоредила повеќе од 100 интерконтинентални балистички ракети


 Кина веројатно распоредила повеќе од 100 интерконтинентални балистички ракети во своите три силоси, додека покажува недостаток на интерес за разговори за контрола на оружјето. Податоците доаѓаат од нацрт-извештајот на Пентагон, кој ги истакнува растечките воени амбиции на Пекинг. Кина брзо го проширува и модернизира својот арсенал на оружје побрзо од која било друга нуклеарна сила. […]

Кинеските царини за млечните производи од ЕУ се неправедни и неоправдани, оцени ЕК


 Европската комисија смета дека одлуката на Кина за воведување привремени „контра-давачки“ за увозот на млечни производи од Европската Унија е неправедна и неоправдана, изјави денеска заменикот главен портпарол на ЕК, Олоф Гил. Кина денеска соопшти дека воведува времени царини за увозот на некои млечни производи од ЕУ, вклучувајќи разни видови сирење, млеко и павлака, кои […]