Додека светот се бори со инфлацијата, Кина има огромни проблеми со дефлацијата


И додека многу централни банки ширум светот се обидуваат да ја смират инфлацијата, Кина се бори со падот на цените оваа година, пишува Си-ен-ен. Индексот на потрошувачките цени (CPI) падна за 0,5% во ноември во однос на претходната година, што е најголем пад од ноември 2020 година, според податоците објавени од Националното биро за статистика […]

Кина е подготвена да го прекине снабдувањето на Америка со клучен редок минерал


Кина е подготвена да наметне контрола на извозот на одредени производи од графит, што би можело да има значително влијание во САД врз производството на електрични возила и некои воени апликации. Ограничувањата, кои треба да стапат на сила на 1 декември, беа објавени на 20 октомври од страна на Генералната управа за царина и Министерството […]

СЗО: Кина даде податоци за респираторните заболувања и жариштата на пневмонија кај децата, не се откриени невообичаени патогени


Кинеските здравствени власти не откриле никакви невообичаени или нови патогени и ги дадоа бараните податоци во врска со зголемувањето на респираторните заболувања и пријавените жаришта на пневмонија кај децата, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). СЗО претходно побара од Кина повеќе информации за недијагностицираната пневмонија која наводно се шири меѓу децата во северниот дел на земјата […]

Голем пожар во деловна зграда во Кина: 26 мртви, многу повредени (видео)


Најмалку 26 лица загинаа во пожар што денеска зафати деловна зграда во северна Кина, јавуваат државните медиуми. Пожарот избувна во четирикатница во градот Лулијанг во провинцијата Шанкси околу 7 часот по локално време. Fire in Luliang, Shanxi Province has killed 25 people and the casualties were mainly workers https://t.co/vw1dvzuAh0 — Pranjal Mishra 🇮🇳 (@Pranjal_Writes) November […]

Македонските дипломати во Кина ќе помагаат на компаниите во нивните извозни активности


Бизнис делегацијата од нашата држава, при посетата на Кина одржа средба во македонската амбасада во Пекинг со амбасадорот Василе Андоноски за запознавање на актуелните состојби и потенцијали за соработка меѓу двете земји, соопшти Сојузот на стопански комори. Амбасадорот Андоноски, како што се наведува, истакнал дека Северна Македонија и Кина имаат пријателски односи и соработката помеќу […]

Како иницијативата „Појас и пат“ на Кина го промени светот


  Светски лидери и претставници на 130 земји се собраа во Пекинг за да ја прослават 10-годишнината од Кинеската иницијатива „Појас и пат“, амбициозен проект за воспоставување две нови трговски траси што ќе ја поврзат земјата со остатокот од светот. Премиери и претседатели, вклучително и Владимир Путин, се состануваат на 17 и 18 октомври за […]

Србија потпиша три договори со Кина за изградба на нови патишта и купување брзи возови


Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија денеска во Пекинг потпиша три комерцијални договори со кинески компании за изградба на речиси 300 километри нови патишта во Србија и купување пет кинески брзи возови, чија вкупна вредност е близу четири милијарди евра. Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ изјави дека првиот договор се […]

Кина се налути на оцената дека манипулира со светските медиуми: САД се вистинска „империја на лагите“


 САД се „империја на лагите“, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи, изразувајќи огорченост од извештајот на американскиот Стејт департмент во кој се обвинува Пекинг дека дава милијарди долари годишно во напорите за манипулација со информациите. Кина манипулира со светските медиуми преку цензура, собирање податоци и тајно стекнување на странски вести, се вели во извештајот […]

Исчезна кинески министер за одбрана. Го нема веќе еден месец, а Пекинг молчи


Кина одби да коментира каде се наоѓа нејзиниот министер за одбрана, иако се поставуваа прашања за неговата судбина еден месец откако тој последен пат беше виден во јавноста. Портпаролот на Министерството за одбрана, Ву Чиан, рече дека „не е запоснат со ситуацијата“ на прашањето дали министерот Ли Шангфу е под истрага. Исчезнувањето на Ли следи […]

Џинпинг: Кина е подготвена да развие стратешко партнерство со Јужна Кореја


 Кина е подготвена да соработува со Јужна Кореја за развивање стратешко партнерство во согласност со актуелниот момент, изјави денеска кинескиот претседател Ши Џинпинг. Претседателот Ши се сретна со јужнокорејскиот премиер Хан Дук-су во источниот кинески град Хангжу пред отворањето на Азиските игри. Ши, исто така, рече дека сериозно ќе го разгледа прашањето за посета на […]

Цената на челикот највисока во последните пет месеци


Цената на челикот денеска на берзата во Шангај изнесуваше повеќе од 3.825 кинески јуани за тон, што е највисока во последните пет месеци, јавија агенциите. Новите податоци од август поврзани со кинеското индустриско производство, трговијата на мало или новото кредитирање во јуани беа подобри од очекувањата на пазарите, а според Ројтерс, кинеската економија „покажува знаци […]

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ќе ја посети Русија од 18 до 21 септември


Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ќе ја посети Русија од 18 до 21 септември за да учествува на 18-та рунда кинеско-руски стратешки безбедносни консултации, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг. „На покана на секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Николај Патрушев, членот на Политбирото на Централниот комитет […]

Беше во Русија, па го снема: И кинескиот министер за одбрана исчезна од јавноста


  Кинескиот министер за одбрана не е виден речиси три недели со шпекулации дека е под истрага, што е последниот случај на висок функционер на Комунистичката партија кој исчезна од очите на јавноста. Генералот Ли Шангфу последен пат беше виден на 29 август кога одржа говор на кинеско-африканскиот форум за мир и безбедност. Неговото последно […]

Кина е прва земја што именуваше амбасадор во Авганистан под власта на талибанците


 Кина стана првата земја што официјално именуваше амбасадор во Авганистан по враќањето на талибанците на власт, откако кинескиот претставник денеска ги предаде акредитивните писма на церемонија во Кабул.  Талибанските власти не се официјално признати од ниту една странска влада, а Пекинг не стави до знаење дали денешното назначување е знак за позначајни чекори кон официјалното […]

Јужниот дел на Кина поплавен седми ден по обилните врнежи


Поради обилните дождови што ги донесе тајфунот Хаикуи, кој сега е тропска бура, јужна Кина е поплавена веќе седми ден, а голем број жители и патишта се блокирани. Во руралниот округ Бобаи во регионот Гуангкси, спасувачите на чамци се обидуваат да ги евакуираат луѓето на безбедно од вода длабока повеќе од два метри, јавија државните […]

Кинезите развија човечки бубрег од свински ембриони


Научници од институт во кинескиот град Гуангжу успеаја да развијат бубрежно ткиво со претежно човечки клетки од ембрион на свиња, што го отвори патот за „производство“ на органи за донација. Тимот предводен од Лиангчу Лаи од Институтот за биомедицина и здравје ја објави студијата во научното списание Stem Cell. Како изгледа постапката? Нивната работа зависела […]

„Епл“ загуби 200 милијарди долари за два дена по извештаите за забрана на ајфон во Кина


  Акциите на „Епл“(Apple) паднаа за 2,9 отсто во четвртокот по извештаите дека Кина планира да ја прошири забраната за употреба на ајфони на агенции и компании поддржани од владата. Инвеститорите се загрижени поради способноста на највредната јавна компанија во светот да прави бизнис во втората по големина економија во светот. „Епл“ во средата го […]

Супер тајфун се приближува кон Кина, училиштата и компаниите се затворени 


Стотици летови беа откажани во кинеската провинција Гуангдонг и Хонг Конг бидејќи супертајфунот Саола падна на копно, принудувајќи ги властите да издадат предупредувања за сериозно невреме и да ги затворат бизнисите, училиштата и финансиските пазари. Три тропски бури се формираа во северозападниот дел на Тихиот Океан и Јужното Кинеско Море. Саола и Хаикуи веќе се […]

Кина подготвува итна помош во храна за африканските земји


Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека Кина ќе обезбеди итна помош во храна за поедини африкански земји, пренесува Блумберг. Тој за време на состаноците со претставниците на африканските земји на самитот на БРИКС во Јужна Африка рече дека Кина исто така ќе им помогне на земјите на континентот да го прошират сопственото одгледување житарици. […]

Кина престана да објавува податоци за невработеноста кај младите, откако достигна рекорди


Кина го прекина објавувањето на месечните податоци за невработеноста кај младите луѓе, откако оваа бројка достигна последователни рекорди во последните месеци во услови на поширок економски пад. Веста, која наиде на непосредна реакција и потсмев на социјалните мрежи, беше објавена од Националното биро за статистика (НБС) во вторникот, кога ја објави својата редовна серија месечни […]