Русија тврди дека погодила фабрика за оклопни возила во Киев


Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили „со високопрецизно оружје со долг дострел лансирано од воздух“ уништиле фабрика за оклопни возила во Киев и фабрика за поправка на воена опрема во Николаев. Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека Русите со ракетни напади и артилерија нападнале 811 украински воени цели. Претходно […]

Експлозии во предградие на Киев


Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко на социјалните мрежи информира дека главниот украински град рано утрово бил цел на напад. Тој напиша дека имало експлозии во областа Дарњицкиј, и оти на самото место во моментов има спасувачки и медицински екипи. – Уште еднаш апелирам до сите: Ве молам да не ги игнорирате сирените за воздушна опасност. […]

Претседателите на Летонија, Литванија, Естонија и Полска во посета на Киев


Претседателите на балтичките држави и на Полска денеска ќе го посетат Киев и предвидено е да се сретнат со шефот на украинската држава Володимир Зеленски. – Патуваме кон Киев со силна порака за политичка поддршка и воена помош. Литванија ќе продолжи да ја поддржува борбата на Украина за нејзиниот суверенитет и слобода. Заедно до победа, […]

Фон дер Лајен и Борел ќе се сретнат со Зеленски во Киев


Белгија – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок ќе престојува во   посета на украинскиот главен град Киев, каде меѓу другите ќе се сретне со претседателот Володимир Зеленски. Таа ќе биде придружувана од шефот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел. Европската комисија претходно објави дека посетата ќе биде оваа недела, но […]

Пентагон: Руските трупи конечно се повлекоа од Киев и Чернихив


Руските трупи конечно се повлекоа од регионот на Киев и Чернигов, соопшти висок функционер на Пентагон, пренесе Би-Би-Си. – Руските сили, во близина на Киев и Чернихив се повлекоа за да се консолидираат во Белорусија и Русија, изјави претставникот на Пентагон. Подоцна и портпаролот на Пентагон Џон Кирби истакна дека „рускиот претседател Владимир Путин“ не […]

Новата британска карта на руските напади покажува огромни промени


На најновата британска карта објавена во понеделникот вечерта видливи се огромни промени во однос на претходната. Британското министерство за одбрана, кое од почетокот на војната во Украина секој ден објавува карта од состојбата на боиштата, означи дека големи подрачја околу Киев се ослободени. Украина уште за време на викендот објави дека се ослободени огромни подрачја […]

ОН: Во Украина убиени 1.276 цивили


Од почетокот на рускиот напад врз Украина до 31 март загинаа 1.276 цивили, соопшти канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права во Женева (ОХЦР). „ОХЦР верува дека бројот на убиени е многу поголем, а информациите од некои области каде што се водат интензивни борби доцнат и многу податоци чекаат потврда“, се вели во документот на […]

Папата Франциск размислува за патување во Киев


Папата Франциск, кој денеска пристигна во дводневна посета на Малта, рече дека размислува за патување во главниот град на Украина, Киев. За време на летот од Рим за Малта, новинарите го прашале дали ќе ја разгледа поканата на украинските политички и верски власти, тој одговорил потврдно, без да даде други детали за можната посета. Посетата […]

Руската армија се повлече од аеродромот во близина на Киев


По неколку недели поминати на аеродромот Антонов, 28 километри северозападно од Киев, руските сили одеднаш се повлекоа, покажуваат нови сателитски снимки. Заземањето на аеродромот Антонов беше првата голема победа што Русите ја забележаа на првиот ден од војната – 24 февруари. Бројни транспортни и јуришни хеликоптери ја нападнале базата, во која имало и украински војници, потсетуваат светските […]

Украина: Руските војници ограбуваа пред да се повлечат од предградијата на Киев


Продолжува делумното повлекување на руските сили од северниот дел на Киев и тие се движат кон границата со Белорусија, соопштија украинските власти. Во соопштението се истакнува дека руските војници пред да се повлечат ограбиле цивилни имоти. Според украинската армија во некои окупирани подрачја руските сили побарале од украинските фирми плаќањето да биде во рубљи. Во […]

Би Би Си: Експлозии во близина на Киев


Експлозии повторно одекнаа утринава во близина на Киев, објави британскиот јавен сервис Би Би Си. Според медиумот, денешниот ден во главниот град на Украина започнал со сирени за тревога, по што од правец на предградијата се слушнале силни експлозии. Вибрации, како што се додава, биле почувствувани и во центарот на Киев. Дописникот на Би Би […]

Руските трупи заглавија пред Киев, расте бројот на загинати во бомбардирањето врз трговски центар


Најмалку шест лица загинаа во синоќешниот бомбашки напад врз трговски центар во главниот град на Украина, Киев. Шест тела беа положени пред трговскиот центар Ретровил во северозападната област Подилски, јавија агенциите. Нешто пред 23 часот, 10-катницата ја погоди силна експлозија, која уништи возила на паркингот и остави кратер широк неколку метри. Изгорениот трговски центар се […]

Словенечките дипломати се враќаат во Киев


Словенечкиот премиер Јанез Јанша на Твитер објави дека Словенија наскоро ќе ги врати дипломатите во Киев. Јанша синоќа напиша дека дипломатите кои се враќаат се доброволци. „Работиме да ја натераме ЕУ да го стори истото. На Украина и е потребна дипломатска поддршка“, напиша Јанша во објавата. 

Кличко: Руските планови за заземање на Киев никогаш нема да се реализираат


Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко денеска изјави дека плановите на руските окупатори да го заземат Киев никогаш нема да се остварат. Кличко изјавата ја даде за Current Time, платформа создадена од Радио Слободна Европа, заедно со Гласот на Америка. -Денеска можам јасно да кажам: плановите на Русите да го заземат Киев не се реализираат. Тие […]

Утрово експлозии во Киев, Одеса и Запорожје


Неколку експлозии утрово одекнаа во украинскиот главен град Киев, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на податоци од социјалните мрежи. Службите за вонредни ситуации на градот соопштија дека во гранатирањето биле оштетени две станбени згради. Станбена зграда од 12 ката во близина на центарот на Киев беше погодена од руско гранатирање рано утринава, предизвикувајќи пожари на неколку […]

(Видео) Момент кога паѓа граната во Киев


Русија утрово ги засили нападите врз Киев со воздушни напади кои беа насочени кон градот, додека борбите и артилерискиот оган беснеат околу предградијата. Во нападот на Киев утринава едно лице загина, три се хоспитализирани, а на девет им беше укажана помош на местото на настанот, откако ударот на гранатата за влакно го избегна пешак. Друг […]

Серија експлозии во Киев и околината


Рано утринава повторно се слушнале експлозии во Киев и околината, јави Би-Би-Си. Британскиот јавен сервис, повикувајќи се на извештаи од новинари од теренот, наведува дека одекнале серија експлозии. Сирените за воздушен напад се огласиле по шест часот по локално време.

Генералот Дејвид Петреус не верува дека Киев ќе падне во рацете на Русија


  Пензионираниот армиски генерал Дејвид Петреус, поранешен шеф на американската централна команда за време на конфликтите во Ирак и Авганистан, рече дека не ги прифаќа воените претпоставки дека Киев неизбежно ќе падне во рацете на Русија. Руските сили имаат колона од воени возила долга 60 километри запрена на пристапот кон украинската престолнина и Петреус рече […]

Од Грозни преку Алеп до Украина – како Русите ги срамнуваат со земја градовите кога има поголем отпор


  Еден од најпознатите ветерани меѓу светските воени известувачи – Џереми Боуен, новинар на Би-Би-Си, е повторно на воено боиште. Сега во Киев, Украина. Во текст за својата редакција, Би-Би-Си тој го опишува начинот на кој руската армија води војна особено кога ќе се соочи со неочекувано силен отпор. Боуен во последните три децении беше […]

15.000 луѓе сега живеат во метрото во Киев


  КИЕВ – Додека ескалаторот се лизга во постојката на подземната железница во последните неколку метри, длабоко во вообичаено беспрекорниот масовен транспорт на Киев, видливи се преполни пластични кеси полни со душеци од пена, куфери и храна. Просторот е изненадувачки тивок, речиси без глас, со околу 200 луѓе кои кампуваа таму за да избегаат од […]