Кличко: Инфраструктурата на Киев може да се урне во секоја секунда


Инфраструктурата на Киев може да се урне во секоја секунда, бидејќи спорадичните руски ракетни напади и ниските зимски температури вршат се поголем притисок врз локалните власти, изјави градоначалникот на украинскиот главен град Виталиј Кличко. Тој и неговиот брат Владимир изјавија дека западните сојузници мора да го забрзаат распоредувањето на противвоздушни одбранбени системи способни да соборуваат […]

Османи од Киев ги осуди руските напади врз цивилни цели


  Македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ денеска во Киев се сретна со украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба и најсилно ја осуди континуираната руска агресија против Украина. Тој потенцираше дека нападите врз цивилни цели немаат никакво оправдување. Изрази осуда за последниот што се случи во Днипро, во […]

Украинските власти соопштија за ново големо руско гранатирање


Украинските власти известија за ново масовно руско гранатирање, а утринава одекнаа експлозии во неколку градови. Според властите, тие биле од системите за ПВО што собориле руски ракети. Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски Олексиј Арестович на „Фејсбук“ напиша дека над 100 ракети биле испукани кон Украина во неколку бранови, а сирените за тревога биле активирани […]

Киев без трамваи и тролејбуси, јавниот превоз ќе се компензира со автобуски линии


Поради акутниот недостиг на електрична енергија предизвикан од руските напади врз украинската енергетска мрежа, во главниот град Киев во прекин е јавниот превоз со трамвај и тролејбус. Градоначалникот Виталиј Кличко најави дека во замена на возилата на струја во промет ќе бидат пуштени дополнителни 222 автобуси на редовни линии. Метрото во Киев не е засегнато […]

Околу 80 отсто од регионот на Киев е без струја


Околу 80 отсто од регионот на Киев е без струја, изјави денеска Олексиј Кулеба, шеф на Киевската регионална воена управа. Тој посочи дека ситуацијата со снабдувањето со електрична енергија во оваа украинска област е критична и оти продолжува реконструкцијата на инфраструктурата по неодамнешните руски ракетни напади. Во сила се и вонредни исклучувања на електричната енергија.

Киев го прослави Свети Никола за децата евакуирани од Бахмут


Српскиот политичар Ненад Чанак, кој во моментот е во посета на Киев, Украина сподели ексклузивни фотографии од предградие на главниот град на Украина, каде се гледа дека за децата евакуирани од Бахмут, во етно-куќа во предградите организираное дружење по повод празникот Св. Никола. Како што пренесува klix.ba, на многу ниски температури, а во Киев било […]

Киев под жесток напад со дронови – експлозии во центарот на градот


  Најмалку две силни експлозии одекнаа во главниот град на Украина во раните утрински часови. Надлежните тврдат дека Киев е погоден од низа руски дронови од иранска изработка. Повеќе локални извори известија за експлозии во центарот на Киев. Неколку гласни експлозии се слушнаа и во околината на градот, јавија сведоци за „Ројтерс“. Забележан е пожар […]

Киев до Кисинџер: Секој договор со ѓаволот или мир на сметка на украинската територија е победа на Путин


Владата во Киев ги отфрли коментарите на поранешниот шеф на американската дипломатија Хенри Кисинџер и нагласи дека не може да има договор со Русија што вклучува отстапување на украинска територија. Кисинџер вчера изјави дека е дојдено време за завршување на конфликтот во Украина и седнување на масата за преговори со цел да се намали ризикот […]

Најмалку две лица се повредени во нападот со дронови врз Киев


  Во синоќешните руски напад со дронови врз Киев повредени се најмалку две лица и оштетени се инфраструктурни објекти и приватни домови. Началникот на градската воена управа на Киев, Сергиј Попко изјави дека во воздушниот простор на Киев забележани се повеќе од 20 дронови, а околу 15 уништила противвоздушната одбрана. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко […]

Кличко: Обновено греењето во Киев


  Греењето во потполност е воспоставено во Киев по најновото бомбардирање на водоводната и енергетската инфраструктура, вели градоначалникот на главниот град н Украина, Виталиј Кличко. „Градот ги обновува сите услуги по последното гранатирање“, рече Кличко во апликацијата за размена на пораки Телеграм. „Конкретно, системот за снабдување со топлина на главниот град во потполност е обновен. […]

Русија пак ќе го нападне Киев во февруари или март, вели шефот на украинската армија


  Шефот на вооружените сили на Украина верува дека Русија ќе има нов обид да го заземе главниот град Киев, откако нејзиниот претходен напад беше одбиен на почетокот од инвазијата. Во интервју за „Економист“, генералот Валериј Залужни, рече дека се обидува да се подготви за руските сили ако повторно се обидат да го заземат градот, […]

Обновено снабдувањето на Киев со струја и вода


  Во Киев речиси целосно е обновено снабдувањето со вода, по руските ракетни напади врз инфраструктурата на главниот украински град. Јавните комунални претпријатија се обидуват да го обноват снабдувањето на градот со електрична енергија, поради чии прекини речиси целиот тримилионски град остана без вода. Во многу делови од главниот град откажа затоплувањето, немаше струја, интернет […]

Украинец опиша како изгледа животот во Киев без струја и вода


  По вчерашниот руски ракетен напад на Киев голем дел од главниот град на Украина во моментот нема електрична и топлинска енергија. Пораншениот украински министер за стопанство Тимофиј Миланов на Твитер опиша како во моментот се живее во Киев без струја и вода додека температурите се на нула. „Не сум загрижен околу греењето додека температурите […]

Околу 80 проценти од домаќинствата во Киев се без вода и струја


  Околу 80 проценти од домаќинствата во Киев се без вода и струја по вчерашниот руски ракетен напад, јави ДПА, повикувајќи се на властите. -Сите општински служби работат на обновување на снабдувањето со електрична енергија и вода во Киев што е можно поскоро, изјави Виталиј Кличко, градоначалникот на овој тримилионски град. Во вчерашниот руски ракетен […]

Тревога во Киев по голем број експлозии, најмалку еден загинат


Повеќе експлозии се слушнаа денеска во Киев, каде се огласија сирените за воздушен напад. „Погоден е еден од инфраструктурните објекти во главниот град. „Останете во засолништа! Воздушната тревога продолжува“, напиша на Телеграм градоначалникот Виталиј Кличко. Кличко не даде повеќе детали. Едно лице загинало кога била погодена двокатна зграда во главниот град на Украина. Има и […]

Студено и мрачно: Киев се подготвува за „најлошата зима во нашите животи“


  КИЕВ – Кога струјата е исклучена, како што често се случува, високиот стан со поглед на главниот град на Украина, разурнат од војна, изгледа како смртна стапица. Нема светла, нема вода, нема начин да се готви храна. И има ризик да не може навреме да избега од 21-от кат доколку удри руска ракета. Дури […]

Исклучена половина од украинската енергетска мрежа, во Киев е можно целосно замрачување


Градските власти во Киев денеска  предупредија дека е можно „целосно замрачување“ на електричната мрежа во главниот град на Украина, а премиерот Денис Шмихал изјави дека речиси половината од енергетскиот систем на земјата е оневозможен во руските напади. Во изминатите неколку недели Русија ги засили нападите врз украинските енергетски капацитети, а во силните воздушни напади во […]

(ФОТО) Во Киев падна првиот снег, 10 милиони Украинци без струја


Повеќе од 10 милиони Украинци во моментов се без струја, објави вчера вечерта претседателот на Украина, Володимир Зеленски, додека украинската армија објави дека енергетската инфраструктура на земјата е под постојани руски напади. Bombed and without power, Kiev has first snow of the season https://t.co/fNsssgDLNo — XETO OFFICIAL (@official_xeto) November 17, 2022 – Во моментов, повеќе од […]

Холандскиот шеф на дипломатијата од засолништето во Киев: „Гледајте што прави Русија, а не што зборува“


  Холандскиот министер за надворешни работи, засолнет од руски ракетен напад врз украинскиот главен град Киев, изјави за Си-Ен-Ен дека е важно да се обрне внимание на „што прави Русија, а не на она што го кажува“. Вопке Хоекстра пристигна во вторникот наутро на состанок со украинските власти. Ракетниот напад во вторникот, рече тој, повторно […]

Во моментов нема потреба од евакуација на Киев


Украинскиот премиер Денис Шмихал денеска изјави дека во моментов не гледа потреба од евакуација на граѓаните од Киев и другите градови кои не се во близина на руско-украинската линија на фронтот. Тој рече дека ситуацијата во моментов е далеку од потреба за евакуација. Шмихал ова го изјави на состанокот на украинската Влада по руските напади врз енергетската инфраструктура на […]