Македонски телеком со раст од 5,1 отсто на нето добивката во првиот квартал годинава


Нето добивката на телекомуникациската компанија Македонски телеком во првиот квартал годинава бележи раст од 5,1 отсто. Приходите од продажба  се зголемени за 0,7 отсто и изнесуваат 2.519 милиони денари, а оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) на крајот од првите три месеци од годинава е намалена за 0,8 отсто во споредба со претходната […]

Анѓушев: Во првиот квартал 235 милиони евра странски директни инвестиции


Во првиот квартал годинава во Македонија се влезени 235 милиони евра странски директни инвестиции. Тоа е најуспешен квартал од кое било тримесечие од 2007 година досега и во споредба со цела 2017, но и со годишните износи во 2015, 2014, 2012, 2010 и 2009 година. Тоа го објави денеска на прес-конференција вицепремиерот за економски прашања […]

ОКТА со повисоки приходи од продажба во првиот квартал


ОКТА АД – Скопје го заврши првиот квартал од 2018 година, со приходи од продажба во износ од 5.208 милиони денари, споредбено со 5.103 милиони денари од истиот период минатата година, како резултат на повисоките интернационални цени на горивото. Продажните количини на домашниот и на странскиот пазар се одвиваа со стабилен тек, што придонесе кон […]

Стапката на невработеност во последниот квартал лани 21,9 проценти


Во последното тримесечје лани од вкупно 953.692 активно население вработени биле 745.206, а невработени 208.486 лица. Стапката на невработеност во истиот период е 21,9 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Стапката на активност во истиот период е 56,8 проценти, а стапката на вработеност 44,3 проценти. Споредено со последниот квартал во 2016 година се […]

Во последниот квартал од 2017 година 178,1 милион евра странски директни инвестиции


Во последните три месеци од 2017 година во Македонија влегле 178,1 милиони евра странски директни инвестиции за разлика од вториот и третиот квартал кога се бележеше пад од 60,5 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија (НБРМ). Аналитичарите и странските финансиски институции претходното намалување на странските директни инвестиции го оценија како последица […]

Стапката на невработеност во третиот квартал 22,1 процент


Стапката на невработеност во третиот квартал годинава изнесува 22,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика. Тоа е намалување од 0,5 отсто во споредба со вториот квартал, кога стапката на невработеност била 22,6 отсто. Според објавените податоци, на крајот на минатата година стапката на невработеност изнесувала 23,7 проценти. Активното население во Македонија во третиот квартал […]