Пехчево: Му ја зеле картичката на дедото и му потрошиле 156.000 денари


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.В. (21) од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за  сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавениот поттикнал малолетник да одземе банкарска картичка од неговиот дедо и без негова согласност и дозвола од банкомат во седум наврати подигале парични средства, при […]

Од 1 март 2026 година – со ПИН, отпечаток или лице ќе се потврдуваат онлајн плаќањата


Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење засилена автентикација на клиентите при извршувањето онлајн плаќања со платежни картички. Засилената автентикација има за цел да обезбеди заштита на паричните средства на граѓаните и на компаниите кај банките преку дополнителни сигурносни проверки на идентитетот […]

Си ја зел нејзината картичка и си потрошил 31.300 денари неовластено


СВР Штип поднесе кривична пријава против Џ.К.(24) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 20.10.2025, пријавениот без согласност и дозвола од женско лице од Штип, неовластено ја прибавил и употребил нејзината банкарска картичка, по што извршил четири успешни трансакции на два банкомати во […]

Деца од Велес пазарувале со туѓа картичка


СВР Велес поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. – На 16.07.2024, пријавените неовластено присвоиле платежна картичка сопственост на О.Б.(62) и со неа во повеќе наврати вршеле плаќања и на тој начин предизвикале материјална штета во износ од […]

Граѓаните сѐ повеќе се одлучуваат да плаќаат електронски


Податоците на Народната банка за платежната статистика за вториот квартал од 2024 година, покажуваат тренд на натамошна засилена употреба на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата, особено од страна на граѓаните, како при употребата на платежните картички, така и при употребата на решенијата за мобилно плаќање при електронско иницирање на кредитните трансфери, односно […]

Со картичка може да се купи и шише вода, ограничувањата ги прават трговците, не банките, велат банкарите


Да ги игнорираме продавниците и трафиките кои немаат терминали за плаќање со картички и оние што не дозволуваат плаќање со картичка кога сакаме да купиме весник или шише вода, со образложение дека мора да направиме сметка од најмалку 200 – 300 денари, велат банкарите. Според нив, сите банки кои имаат лиценца за прифаќање картички, уредите […]

Пресврт во германската мигрантска политика. За мигрантите посебни дебитни картички


Германија денеска го отвори патот за воведување на специјална дебитна картичка која ограничува како и каде барателите на азил можат да ги трошат парите што ги добиваат, во пресврт кон построга мигрантска политика. Трите парламентарни групи на коалициската влада на канцеларот Олаф Шолц се договорија за нацрт-законот што ќе оди на гласање во Долниот дом […]

Три лица од Радовиш олеснети за над 460 илјади денари од тројца измамници


Три лица од Радовиш се олеснети за 460 илјади денари од тројца измамници од Струга, село Дедино, Конче и Долно Оризари, битолско, информираа денеска од СВР Струмица. Нив полицијата ги сомничи дека сториле кривични дела „злоупотреба на лични податоци“, „измама при добивање кредит и друга погодност“, „компјутерска измама“ и „изработка и употреба на лажна платежна […]

Со туѓа картичка си плаќал во хотели и ресторани за Нова година, потрошил 2.556 евра


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Е.С.(34) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „издавање чек без покритие и злоупотреба на платежна картичка“. Во периодот од 30.12.2022 до 04.01.2023, пријавениот злоупотребил платежна картичка на едно лице и во неколку наврати од различни локации извршил плаќања во угостителски […]

Кривична пријава за вработена во ГОБ „8-ми Септември“, одзела картичка од пациент и си пазарела со неа


  Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош во полициска станица денеска извршиле службен разговор со С.С.(53), вработена во Градската општа болница „8-ми Септември“.   Таа се сомничи дека од С.М., додека бил на лекување во болницата, одзела платежна картичка и пазарела во повеќе продажни објекти, по што ја вратила картичката. Во службениот разговор […]

Приведен кумановец за злоупотреба на туѓа платежна картичка


Кумановската полиција вчера во 09.30 часот го лишила од слобода кумановецот Р.Х. (48), кој се сомничи дека откако пронашол платежна картича на 40-годишна жена од Куманово од неа извршил повеќе нелегални трансакции во вредност од 229.531 денари. Како што информираат од МВР, платежната картичка била пронајдена и вратена на сопственичката. Лицето било задржано во полициска станица […]

Карпошaни ќе купуваат со попуст со „Мој Карпош-Моја картичка“


Општина Карпош, обезбеди посебна картичка за своите жители, преку проектот „Мој Карпош – Моја Картичка“, со која тие добиваат многу попусти во повеќе од 250 фирми и компании кои работат на територијата на локалната самоуправа: ресторани, кафулиња, спортски објекти, ординации, книжарници, но, и кај производители на ИТ опрема, дизајн студија, сервиси и многу други. За […]