Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија


Македонската универзитетска репрезентација во карате постигна историски резултат на Светското универзитетско првенство во боречки спортови во Бразилија.    Со освојувањето на златен, сребрен и два бронзени медали, Македонија се позиционира во генерален пласман на 4 -то место, како една од најуспешните нации на овој престижен настан одржан од 8 до 13 јуни 2026 година. македонските […]

Бронза за Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“ на Универзијадата во Бразилија


Македонската универзитетска карате репрезентација го освои првиот медал на првиот натпреварувачки ден од Светското универзитетско првенство во Бразилија. Најзаслужен за тоа е Стефан Стојановиќ во категоријата +84 кг, кој прикажа одлични борби и уште еднаш потврди дека припаѓа на самиот светски врв. Стојановиќ беше на чекор до финалето, но во полуфиналната пресметка претрпе пораз во […]

Завршни подготовки за светското универзитетско карате првенство во Бразилија


Македонската универзитетска репрезентација ги привршува последните подготовки пред настапот на Светското универзитетско првенство во карате, кое од 8 до 13 јуни ќе се одржи во Бразилија, во организација на FISU. На шампионатот се очекува учество на околу 1.500 студенти-спортисти од повеќе од 40 земји, што го прави еден од најсилните универзитетски спортски настани во светот.  […]

Ангела Мојсовска се повлекува од настап на Европското карате-првенство


Една од најуспешните македонски каратистки, Ангела Мојсовска, која беше прогласена за најдобра каратистка за 2025 година, како и една од најдобрите спортисти на град Скопје, објави дека нема да настапи на претстојното Европско првенство иако за тоа обезбеди норма. Мојсовска, долгогодишна репрезентативка на Македонија и носителка на бројни признанија и член на карате клубот „Макпетрол“ […]

Макпетрол најуспешен клуб на Државното карате првенство за сениори


Најуспешен клуб на Државно карате првенство за сениори што се одржа изминатиот викенд во Скопје е Макпетрол.  Каратистите на Макпетрол првенството го завршија со 9 медали – 4 златни, 3 сребрени и 2 бронзени. Втор е Олимпик спорт со 7 (4-3-0). Третото место им припадна на Сансаи Метал Апостолов 3 (2-1-0). Тренерот на Макпетрол Бошко […]

Четири медали за македонските каратисти на „Златен појас“ во Чачак


На Меѓународниот карате турнир „Златен појас“ одржан викендот во Чачак, Србија, настапија и 15 македонски каратисти. Тие освоија четири медали.  Андреј Стојчевски во категоријата -60 кг освои сребрен медал, додека членовите на Макпетрол, Петар заборски (-75 кг), Викторија Јовановска (-68 кг) и Јована Мицовска (-61 кг) с езакитија со бронзени медали. На турнирот во Чачак, […]

„Макпетрол“ е клуб со најмногу освоени медали на Балканските карате-првенства


    Карате клубот „Макпетрол“ го заокружи билансот од настапите на Балканските првенства во периодот 1999 – 2026 година со вкупно 213 освоени медали: 41 златен, 64 сребрени и 108 бронзени. Овој резултат дополнително ја потврдува позицијата на клубот како најуспешен македонски спортски карате-колектив по број на одличја од Балканските првенства.    Последен придонес во […]

Каратистите на Макпетрол освоија четири медали на балканијадата во Бања Лука


Македонските карате репрезентативци, членови на клубот Макпетрол освоија четири медали на Балканскиот шампионат за сениори/ки кој се одржа во Бања Лука, Босна и Херцеговина. Четирите одличја се бронзени, две се од поединечните настапи, и два медала освоија девојките во екипниот дел за тимот во борби екипна конкуренција. Носители на медали се: Јована Мицовска-61 кг; Викторија […]

Карате клубот Макпетрол секако е најтроофеен и најуспешен македонски тим, додека пак универзитетската карате репрезентација е најуспешна во Македонија


Идејата да го претставиме најуспешниот спортски и студентски колектив, да поразговараме за континуитетот на освоени медали со Универзитетската карате репрезентацијата и остварување на голем број на спортски резултати, но сега само од агол на каратистите на нашиот најуспешен Карате клуб “Макпетрол”. Познато е дека Македонската карате репрезентација е најуспешна репрезентација во Македонија. Каратето во Македонија, […]

Одржан 57. Државен шампионат во традиционално карате – кати


Во Будо центарот „Недеви“ викендот успешно беше одржан 57-от. МТКФ Државен шампионат во кати во традиционално карате.  На шампионатот учествуваа околу 90 каратисти од 15 клуба од Македонија.  Победници во кати во своите категории станаа:  сениорки: 1. Берта Милевска, 2. Јана Милевска, 3. Ива Ромевска – јуниори: 1. Матеј Мангаровски, 2. 2. Андреј Мишиќ, 3. […]

Шест медали за македонските каратисти на стартот на Балканското првенство


Македонските каратисти успешно стартуваа на Балканското сениорско првенство кое се одржува во црногорскиот град Будва, освојувајќи шест медали првиот натпреварувачки ден. Со златен медал се закити Јована Мицовска, додека Викторија Јовановска освои сребро. Бронзен медал освоија Михаела Мишовска, Сара Дука, Магдалена Божиновска и Ангела Мојсовска. Денеска на програмата се борби во машка и кати во […]

Одржан Балканскиот летен карате семинар и куп Неа Флогита 2024


Изминатите пет дена во Неа Флогита, Грција се одржа Балканскиот летен карате семинар и куп„ Неа Флогита 2024“ на кои учествуваа македонски натпреварувачи во традиционално карате. Победници по категории: Кадети-јуниори 14-16 години (кати) – Матеј Мангаровски Кадети-јуниори 14-16 г. (џ.и. кумите) – Ива Ромевска Деца 12-13 г. (кати) – Камелија Недев Деца 12-13 г. (џ.и.кумите) […]

Јованоска: Преку еднаков број на жени во тимот до поуспешно учество на Олимписките игри


Олимписките игри не се само спортско натпреварување, туку и платформа за промена и влијание. Во текот на годините, се работи на постигнување на родова еднаквост на овие престижни настани. Годинашните Олимписки игри во Париз ќе бидат историски, бидејќи за прв пат ќе има еднаков број на жени и мажи натпреварувачи. Пулексенија Јованоска, дванаесеткратен државен шампион […]

Каратистите на „Макпетрол“ се подготвуваат за претстојното Европско првенство


Македонските карате-репрезентативци, членови на „Макпетрол“, моментно се на еднонеделни подготовки во Струга. Претставниците на скопскиот клуб ја темпираат формата за претстојното Европското сениорско првенство, закажано за периодот од осми до 12 мај во Задар, Хрватска.    – „Макпетрол“ е носечкиот клуб во сениорска конкуренција на македонската репрезентација. Во составот имаме искусни, прекалени и квалитетни спортисти, […]

Каратистот Трајковски со сребро на ЕП, на прием во Агенцијата за млади и спорт


Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски, денес организираше прием за македонскиот каратист Витомир Трајковски кој пред три дена освои сребрен на Европското првенство У-21 во Тбилиси, Грузија.   Мојсовски му го честиташе големиот успех на младиот Трајковски и му порача да не застанува тука, туку да продолжи со напорна работа до […]

Заборски и Стојановиќ од „Макпетрол“ ќе се борат за бронза на светската карате лига


  Петар Заборски и Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“ ќе се борат за бронзени медали на Светската карате премиер-лига, А Серија во Ларнака, Кипар. Двоецот на скопскиот клуб прикажа добри борби на досегашните натпреварувања. Заборски пред една недела освои бронзен медал на Балканското првенство во Тирана.    Во елиминацискиот дел од борбите Заборски извојува три последователни […]

Македонската федерација во традиционално карате ги прогласи најдобрите за 2022


  Аљоша Недев во машка и Јадранка Недева во женска конкуренција се прогласени за најдобри каратисти за 2022 година во избор на членовите на Управниот одбор на Македонската федерација во традиционално карате (МТКФ). Најдобриот македонски каратист за 2022 во изборот на МТКФ минатата година стана првак во кати и фукуго и вицешампион во кого кумите на ИТКФ Светскиот шампионат во Скопје, како и европски шампион […]

Две финалиња за македонските каратисти на СП во Коња


На третиот ден од Светското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржува во Коња, Турција, македонските репрезентативци во категориите У21 кумите -84 кг на Витомир Трајковски и +84 кг на Стефан Стојановиќ успеаа да се изборат за финале на најелитното младинско карате првенство во светот. Витомир Трајковски во првиот круг го […]

Осум медали за каратистите на „Макпетрол“ на „Гран при Сараево“


Главниот град на Босна и Херцеговина викендов беше домаќин на „Топ-тен турнир“ со најдобрите светски каратисти, како и на „Гран при Сараево“, собир на којшто учествуваа стотина клубови и над 1.000 спортисти, меѓу кои и членови на „Макпетрол“ од Скопје. На топ-тен турнирот имаше 12 учесници од девет држави, а претставници на Македонија беа Петар […]

„Макпетрол“ со 14 медали најуспешен на Државното сениорско првенство во карате


Со 14 медали, од кои по пет златни и сребрени, како и четири бронзи, каратистите на „Макпетрол“ освоија најмногу одличја на Државното сениорско првенство во машка и женска конкуренција во борби и кати. „Макпетрол“, којшто по подолг временски период повторно е најуспешна карате екипа, ја освои титулата во екипна конкуренција кај мажите со два максимални […]