Значително подобрена реализацијата на капиталните инвестиции во однос на лани


Висок раст на реализација на капитални инвестиции од 179,7 отсто е остварен во првите два месеца од оваа година. Во согласност со податоците за реализација на буџетот заклучно со 27 февруари, во првите два месеца од 2026 година реализирани се вкупно 8,1 милијарди денари, што претставува раст од 179,7 отсто, или во апсолутен износ во […]

Мицкоски: Капиталните инвестиции главен фокус за 2026., тие да бидат двигател на економијата, а целта е раст на БДП од над 4 отсто


Главен фокус на Владата за следната година ќе бидат капиталните инвестиции и се очекува тие да бидат главен двигател во економијата, исто како што се и оваа година, како што од 3 отсто дојдовме на 3,4 отсто од БДП, а за третиот квартал се очекува и повеќе имајќи предвид дека само во градежништвото има раст […]

Капиталните инвестиции бележат раст од 47,4 отсто, вели министерката за финансии


Со новата методологија за евидентирање на капиталните инвестиции, заклучно со 13 ноември, тие бележат раст од 47,4 отсто, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска. Таа во гостување на ТВ Сител рече дека за 2025 година има висок износ на проектирани капитални расходи, но во исто време има и огромна реализација. – Но, она […]

Битиќи: Владата нема капацитет за реализација на капитални инвестиции


  Ова е потрошувачки Буџет затоа што 90% од буџетот е наменен за тековните расходи а само 10% се за капитални инвестиции кои треба да се двигатели на развојот, направен е преседан со намалување на капиталните инвестиции, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во емсијата „Вин Вин“ на телевизија Телма.   „Ако оваа година, 2025-та, […]

СДСМ: Реализацијата на капиталните инвестиции е само 26 проценти


Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ во првите 6 месеци има катастрофални 26 проценти реализација на капиталните инвестиции, посочува СДСМ во соопштение од прес-конференцијата на Јовица Јанковиќ. „Ова не е само катастрофална бројка. Ова е показател, доказ за целосна институционална неспособност на Владата и промашени економски политики“, изјави Јанковиќ, додавајќи дека во споредба со истиот […]

Годинава капиталните инвестиции ќе завршат на ниво поголемо од 70 отсто, вели Мицкоски


„Капиталните инвестиции оваа година ќе завршат на ниво поголемо од седумдесетина проценти, од тоа што беше предвидено и планирано. И мислам дека секогаш може да биде подобро, но оваа беше изборна година, првата половина беше таква каква што беше. Ценам дека оваа реализација е сосема коректна“, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека следната […]

Влада: До сега подготвени 56 проектни документации за капитални инвестиции и проекти


Владата ја усвои информацијата на Министерството за локална самоуправа за конкретни активности за финансирање на капитални проекти во општините, за кои владата согласно својата програма има план да инвестира 250 милиони евра. За 2024 година на располагање на општините се 6 милијарди денари кои се обезбедени со новиот ребаланс. Досега Министерството за локална самоуправа преку […]

Како се реализираа капиталните инвестиции: ДЗР откри многу слабости


Нереализирањето на договорите за изградба на Клиничкиот центар во Скопје и Регионалната болница во Штип, може да ја чини државата вкупно 45,5 милиони евра, бидејќи во тек се арбитражни постапки. Ова е само една од многуте констатирани слабости и ризици во реализацијата на капиталните инвестиции финансирани од државниот Буџет, што ги презентираат од Државниот завод […]

Лани биле реализирани капитални инвестиции во износ од 707 милиони евра, 97 отсто во однос на планираното


Највисока реализација на капитални инвестиции во однос на планираното во Буџетот е остварена минатата година. Реализацијата е на ниво од 97 проценти во однос на планираното, односно 707 милиони евра, соопшти денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. На заедничката прес-конференција со директорите на Управата за јавни приходи и Царинската управа, министерот Бесими посочи дека се […]

Владата подготвува нов начин на книжење на капиталните инвестиции врз основа на реализираното, а не платеното


Нов концепт на книжење на капиталните инвестиции, годинава планирани 800 милиони евра Скопје, 16 јануари 2023 (МИА) – Со КАПЕФ механизмот и зголемената посветеност лани имавме највисоко ниво на реализирани капитални инвестиции во износ од 465 милиони евра или речиси 90 проценти од проектираното, а годинава по тој основ се предвидени околу 800 милиони евра, […]

Дефицитот понизок за 117,6 милиони евра во однос на планот, реализација на капиталните инвестиции од 88 отсто во 2022


  Во 2022 година вкупните приходи се реализираа со високи 99 отсто од проекцијата, додека расходите се нешто пониски од очекуваното. Буџетскиот дефицит е понизок за 117,6 милиони евра во однос на проектираното, или во споредба со претходната, 2021 година, за 8,7 отсто, со што е на зацртаната патека на фискална консолидација, соопштија од Министерството […]

Поради недоволна реализација „блокирани“ 9 милиони евра наменети за капитални инвестиции


Министерството за финансии (МФ) втора година го следи процесот на реализација на капиталните инвестиции од страна на буџетските корисници преку воспоставениот КАПЕФ механизам, уреден во Законот за извршување на Буџетот на РСМ за 2021 и Законот за извршување на Буџетот на РСМ за 2022, кој предвидува награда за оние што ги реализираат своите планови согласно […]

Локвенец: Ќе се реализираат средствата кои беа наменети за капитални инвестиции во делот на железничката инфраструктура


Македонски железници – Инфраструктура одговорно стои на ставот дека ќе бидат реализирани средствата кои беа предвидени за капитални инвестиции, водејќи сметка за динамиката на процесите кои се водат во овој момент за реализација на тие проекти, порача денеска генералниот директор на компанијата Хари Локвенец. -Годишната програма за работа на Македонски железници – инфраструктура е подготвена […]

Во 2021 реализирани 79 отсто од капиталните инвестиции


Минатата година реализиравме 79 отсто од капиталните инвестиции и со истото темпо продолжуваме и оваа година. Патиштата имаат значаен удел во овие инвестиции. До крајот на мандатот во 2024 година моја цел како премиер и на оваа Влада е да имаме модерни и безбедни патишта што ќе значат побрзо движење, но и силна и развиена […]

Бектеши: Ќе имаме година на економски бум доколку во првиот квартал се надмине енергетската криза


Тековнава 2022 година ќе биде рекордна година во делот на капитални инвестиции и ќе имаме економски бум доколку во првиот квартал се надмине енергетската и економската криза, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Предлогот на министерот за финансии Фатмир Бесими е 14,5 отсто од Буџетот да се искористат за капитални инвестиции и затоа најверојатно […]

Бочварски: Реализацијата на капиталните инвестиции во делот на транспорт и врски ќе биде околу 91 процент


Реализацијата на капиталните инвестиции во ресорот транспорт и врски очекувам да биде над 90 проценти, односно околу 91 процент, порача денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. -Согласно анализите кои ги правиме и она што треба да го исплатиме до крајот на тековнава година очекувам капиталните инвестиции да бидат околу 91 процент. Наредната 2022 […]

Засега само апели за подобра реализација на капиталните инвестиции


Капиталните инвестиции слабо се реализираат но Владата смирува дека во месеците кои следат ќе има повисока реализација. Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека првите пет месеци во капитални проекти се вградени 54,2 милиони евра, или 13,8 отсто од 392,5 милиони евра планирани за годинава. Алармот беше вклучен уште со објавувањето на кварталниот раст на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Тевдовски не одговорија зошто крупните капитални инвестиции беа запрени


Зоран Заев и Драган Тевдовски повторно преку паушални прес конференции сакаат да ја изманипулираат јавноста. Наместо со празни зборови, треба да ги исполнат своите ветувања за подобрување на животниот стандард на граѓаните и исполнување на своите ветувања дадени пред граѓаните, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција во Министерството за финансии. Од партијата велат дека […]

Заев: Минатата година рекордна во реализација на капиталните инвестиции


Оваа година ќе биде добра година за македонската економија, бидејќи стабилизацијата на политичката состојба ја враќа довербата на инвеститорите и се очекува силно придвижување на приватните инвестиции, кои што изостануваа во претходниот период, рече министерот за финансии Драган Тевдовски кој денеска оствари средба со премиерот Зоран заев во Министерството за финансии. Тој посочи дека реализацијата […]