Во Шпанија запленети рекордни 32 тони канабис, вредни околу 64 милиони евра
Шпанската полиција денеска соопшти дека запленила 32 тони канабис, посочувајќи дека станува збор за светски рекорд. Вредноста на дрогата на црниот пазар изнесува околу 64 милиони евра. Канабисот е запленет како дел од истрагата во која беа уапсени 20 лица. Полициската операција беше спроведена во изминатите неколку недели во неколку шпански градови, вклучително и Толедо […]