Повторно пропадна камион во фонтаната на плоштадот „Македонија“


Камион повторно пропадна во партерната фонтана на плоштадот „Макадонија“ во Скопје. Од утрово, на Плоштадот се поставува бина и шатори за фестивалот на пивото „Пиволенд“ кој го организира Град Скопје, а еден од камионите кој носеше опрема пропадна низ плочките. Ни пајакот кој дојде не успеа да го извлече пропаднатиот камион. „Приватен субјект со возило […]

Седуммина загинаа кога камион удри во воз во Унгарија


Најмалку седуммина загинаа утрово на југот на Унгарија, кога камион удри во воз исфрлајќи го од пругата, соопшти полицијата. Повеќе лица загинаа местото на несреќата, а уште неколку се повредени. „Спаувачките напори уште траат, затоа не можеме да зборуваме за точната бројка загинати“ рече портпаролот на полицијата за агенцијата Ројтерс. Several killed after truck crashes […]

Пијан возач на камион удри во 34 возила, предизвика пожар кој зафати зграда


  Во германскиот град Фурт, пијан возач на камион направи огромен хаос кога удри во 34 паркирани автомобили и предизвика пожар. Местото на настанот, градот Фурт, недалеку од НИрнберг изгледа како воена зона откако пијаниот возач на камион го игнорирал црвеното светло на семафорото, па прво удрил во едно возило на крстосницата, а потоа уште […]

Загинатиот возач во денешната сообраќајка во Бугарија не е македонски државјанин


Бугарија– Возачот на камион кој утрово загина во сообраќајна несреќа на автопатот Тракија во Бугарија, не е македонски државјанин, јави дописникот на МИА од Софија. Портпаролот на Окружното обвинителство во Стара Загора, Георги Видев за МИА изјави дека загинатиот возач е државјанин на Црна Гора, а камионот што го управувал било со црногорски регистарски таблички. Сообраќајната […]

Возач на камион со македонски таблици загина во Бугарија по тешка несреќа на автопатот „Тракија“


Возач на камион со македонски таблици загина во Бугарија по тешка несреќа на автопатот „Тракија“, пренесува ТВ21.     Според првичните информации од МВР на Бугарија за ТВ21, околу 6.40 часот утрово се случила сообраќајна несреќа меѓу два камиони, по што едно лице загинало. Еден од камионите бил со македонски регистарски ознаки и превезувал санитарна […]

Камион пропадна во дупка на улица во Белград


Речиси цела кабина на камион утрово пропадна во дупка на асфалтот во Вождовац во Белград, а асфалтот пропаднал поради пукање на улична водоводна цевка, јавија белградските медиуми. Дефектот бил пријавен утрово околу 4.30 часот, а на терен се екипи на „Водовод“, пишува РТС. Возачот на камионот кој превезувал намирници за Геронтолошкиот центар останал неповреден, а […]

Поднесено обвинение против возачот на „камионот на смртта“


Британската полиција соопшти денеска дека поднела обвинение против Морис Робинсон, 25-годишен возач на камион, кој беше уапсен откако претходно оваа недела во приколката од неговото возило беа пронајдени 39 безживотни тела. Предвидено е Робинсон да се појави пред Судот во Челмсфорд во понеделник под обвинение за 39 убиства, заговор за извршување трговија со луѓе и […]

Во камион сокрил 59 мигранти, му платиле по 1.500 евра


Грчката полиција во камион со бугарски регистарски таблички откри 59 илегални мигранти. Полицијата го запрела камионот за рутинска проверка на околу 30 километри источно од Солун, при што во неговиот заден дел ги открила мигрантите, сокриени зад материјали за изолација. Половина од мигрантите биле од Сомалија, а останатите од Авганистан, Бангладеш, Египет, Еритреја, Ирак, Судан […]

Најмалку 32 загинати кога камион влетал во толпа луѓе во Гватемала


Најмалку 32 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Гватемала  кога камион влетал во толпа луѓе на автопат, соопштија локалните власти. Министерот за здравство Карлос Сото изјави дека уште девет лица, кои се префрлени во болница, се наоѓаат во критична состојба. До несреќата дошло кога камион удрил во група луѓе кои излегле на пат да проверат […]

Македонски камион се преврте во Грција


Поради силени ветер, камион со македонски регистарски таблички се превртел на автопатот Комотини – Ксанти во југоисточниот дел на Грција, а возачот поминал без никакви повреди, објавија локалните медиуми. Сообраќајната несреќа се случила ноќта меѓу средата и четвртокот, а за да се врати камионот на автопатот, најпрво било повикано кран – возило од Комотини, но […]

МНР потврди: Осум македонски државјани повредени во Австрија


Македонското Министерство за надворешни работи потврди дека во сообраќајната несреќа што утрово се случи во Австрија има повредено и македонски државјани. Две лица со потешки и осум со полесни повреди се здобиле по судир на македонски автобус, во кој се превезувале 18 патници и камион. Тешко повредените не се во животна опасност, велат од МНР. […]

Македонски автобус се судри со камион во Австрија


Деветмина патници се повредени, oд кои три потешко во судирот меѓу автобус и товарен камион утринава околу 6 часот на автопатот близу Линц, Австрија. Дел од медиумите пренесуваат дека станува збор за македонски автобус. Во Министерството за надворешни работи засега немаат потврда. Според австриските медиуми, во судирот се превртела и кабината на камионот товарен со […]

Во Бугарија запленет хероин вреден 6,3 милиони евра


Бугарски цариници соопштија дека заплениле 191 килограм хероин во камион, кој од Турција влегол во Бугарија. Уличната вредност на хероинот изнесува 6,3 милиони евра. Царината информира дека хероин бил пронајден во камион со турски регистарски таблички и превезувал материјал за Белгија. Возачот, турски државјанин, е уапсен и му се заканува казна затвор до 15 години, […]

Германија: Автобус се судри со камион, едно лице загина, а 18 се повредени


Во сообраќајна несреќа што се случи на автопат во Баварија, меѓу камион и автобус, загина возачот на автобусот, а повредени се 18 лица, соопшти денеска германската полиција. Германските медиуми јавија дека во белгискиот автобус се наоѓале 50 лица во моментот на несреќата. Германската полиција наведе дека, веројатно возачот доцна забележал дека камионот што превезувал стакло […]

Маж починал откако со камион излетал од патот Плачковица – Штип


Шеесет и петгодишен жител од село Таринци вчера загинал откако со товарно возило излетал од патот Плачковица – Штип и удрил во дрво. Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера околу 14:10 часот на регионалниот пат Плачковица – Штип пред крстосницата за село Козјак, Д.В.(65) од село Таринци – општина Карабинци, управувајќи товарно моторно […]

Причина за превртување на камионот е пукната гума


Се расчистува автопатот Скопје-Гевгелија кај Стоби, откако денеска попладне камион се преврте поради пукната гума и зафати по две ленти во двата правца, па сообраќајот се одвива по една лента и кон Скопје и кон Гевгелија. Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, за МИА информира дека интензивно се работи на терен и во најскоро време […]

Се преврти камион кај Стоби, блокиран автопатот Скопје-Гевгелија


Камион се преврти на автопатот Скопје -Гевгелија кај Стоби, при што зафати по две ленти во двата правца, па сообраќајот се одвива по една лента и кон Скопје, и кон Гевгелија. Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес,  информира дека неготинска полициска екипа е на терен и во тек е увидот на местото на настанот. Од […]