Македонски камионџија надминал три дена во Шенген зоната, казнет е со 150 евра и мора да ја напушти Германија
Македонски камионџија заработил казна од 150 евра и морал доброволно да ја напушти Германија со авион за да избегне дополнителни мерки, поради тоа што три дена го пречекорил престојот во Шенген зоната, известија преку Фејсбук од Асоцијацијата на транспортерите „Макам транс“. Од таму ги советуваат превозниците да внимаваат и да ги проверуваат деновите за престој […]